Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Сите зборувате ако ако.... вака така.... Јас најверојатно би му простила. Затоа што луѓе сме ние, и никој не е совршен. Поголема казна од грижата на совест нема. И неверството не значи дека нема љубов, туку дека нема почит. Можеш некого најмногу да љубиш, и зошто тој на било каков начин те повредува, да сакаш да се осветиш. Поентата ми е, претерувате. Ставете се вие во таа ситуација - вие да изневерите. Сите викате нема нема, ама да ве прашам, посебно мажите, колку и да ја сакате девојката, да ви се случи ситуација таа да нема начин да дознае, колку сте сигурни дека нема ништо да направите?? Јас не би рекла сто посто. Не знам. Мислам дека нема да можам да изневерам, но не знам. Јас го сакам дечко ми повеќе од се на овој свет, па тоа не значи и дека секогаш ама баш секогаш сум сигурна дека нема да го изневерам. Не знам дали ќе го изневерам, ама знам дека ако се случи тоа ќе му кажам, зошто немам намера да се кријам и да лажам. На крајот, се што правам, правам зошто така сакам, и не гледам зошто да се кријам. Фер е да знае што се случува, и ако мисли дека нема да може да ми прости, не мора.
Повеќе сум за сурова искреност, отколку за пријатна лага. И престанете - јас не би јас не би. Жими мајка не би, хипотетички само не би. Реалноста не е баш таква, барем не каде што ние живееме.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522

темава ја кликнав може 10тина пати и од 1200 различни причини не успеав да опнам пост.. па ај сеа ете конечно!

Дали би простил неверство.. хмм незнам за другите како размислуваат али јас на приемр би простил е сеа нормално си има се свои граници нели? Ако врската на пример ми значи односно ако особата со која што сум у врска ја сакам би и простил али памет у глава за друг пат.. следен пат нема простување.. ова му доаѓа сеа како жут картон ... следниот се знае БАН.. црвен картон!

Мислам дека не вреди да уништам врска која ја сметам за стабилна и мислам дека не вреди да се отргнам или па уште полошо да ја изгубам саканата личност поради едно неверство.. океј луѓе сме правиме грешки мали или големи сепак се грешки. Во таков момент обично некои реагираат одма негативно односно носат одлуки на несудено да речеме... ( раскинуваат се дерат дури знае да летне некој шамар бокс клоца.. ) али ја не сум таков. Би поразговарал зашо дошло до тоа која е причината во што е проблемот и слично. би се ставил малце во кожата на спротивната страна односно во кожата на девојката у мој случај (пошо нели машко сум) и би видел каква изгледа ситуацијата од нејзина страна...
Со муабет се се решава!!!

П.С ако некој ви прости неверство ЦЕНЕТЕ ГО ТОА!! сигурно има
добра причина!!! - мене ми простиле неверство и тоа го ценам и поштувам максимално!!!
П.С на квадрат. Ако веќе решите некого или некоја да изварате.. подобро е да му кажете вие него ли сам/а да дознае и кога веќе кажувате направето го тоа во 4 очи.. преку мобилен ( најчесто порака ) е ептен курвински..... тогаш е многу полошо! искреноста се цени МНОГУ!!!
бидејки е темава голема претпоставувам дека не ја прочита баш цела ама еве ти едно постче од мене.. мислам дека се согласуваме 100% или?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Многу реална но проблематична тема :).

Сепак има неколку околности кои можат многу да влијаат за нашите како и туѓите одлуки и постапки.

Ако е изневерувањето од досада, недостаток на љубов или едноставно другиот нема веќе чувства туку свесно мамел и те довел во заблуда дека те сака а позади грб се плеска се друг (други :)) нема дилема, нема простување бидејќи и нема што да се прости повеќе. Сме откриле измама и се спасуваме од понатамошна манипулација.

Кога пак се работи за изневерување од љубов работите се коплицираат за разрешување :).

Да речеме типот или типката од некоја причина се заљубуваат во втора личност а сеуште го сакаат првиот партнер и само од страв од раскин не му кажуваат. Првиот партнер открива и што да прави, да раскине или не? Да прифати триаголник или не? Тешка дилема и најдобро да не те најде ни од едната ни од другата страна :).

Во третиот случај има изневерување од афект односно бес и разочарување. Да речеме по една тешка кавга едниот партнер излегува да го истури бесот и разочарувањето надвор (да за не стане полошо) и налетува во таков момент на личност од спротивен пол која му се пика и нуди брза и лесна „утеха“. Машките се верувам поподложни да „паднат“ во таков момент но може и девојка да ја фати „слабост“ така да треба голема сомодоверба и разбирање да не се падне во искушение во такви моменти. Сепак ако некој киксира и после искрено се покае да се прости или не?

Има многу зашто и затоа и можеби најдобро да не те најде таква ситуација :).
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ :nerv:
 
Член од
1 мај 2007
Мислења
35
Поени од реакции
0
Сум простила и не сум се покаала. Зависи и од неверството...
Има ситуации кога би простила и ситуации кога не би простила, така да немам конкретен одговор.
Ако е за една вечер, боље и да не дознаам. Ама после некој период ќе простам (ако настојува дечкото)
Ако е нешто поозбилно и ако има чувства веќе е друго прашање... Нема да простам, а сигурно и услуга ќе му направам со тоа!
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Изговори, изговори и само изговори... Се' се решавало со муабет. Точно, ама зар треба да се издупиме со 3-та особа за да дојде до муабет? Или демек тоа сме го направиле да го привлечеме вниманието на партнерот? Глупост. Има многу начини да се привлече вниманието на другиот, еден од нив е пакување на куферите.
Од друга страна, нели сме луѓе? Нели имаме разум? Толку е тешко да се контролираат нагоните? Епа ако некои од нас можат, значи можат сите (освен психички болни, претпоставувам). Не е битно дали го сакаш партнерот или не. Едноставно, кога некој ја вложил својата доверба во мене, правам се' да ја зачувам и оправдам. Тоа е исто како некој да ми даде пари на чување. Смеам да ги потрошам за себе? Нормално, не.
Неверството не е ништо друго освен себичен чин. Лакомост, алчност, кукавичлук. Да се добие повеќе, а да не се изгуби ништо. Да се остане на безбеден терен додека испитуваме нов, потенцијално подобар за нас, притоа плаќајќи ја цената на нашата љубопитност со изложување на ризик на чувствата на другиот. Плаќајќи со туѓи пари. Ниту е решение, ниту постои вистинска причина за да го направиш. Постојат многу други опции, а ваквата остава само последици и ништо друго.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
Јас ќе признаам, иако си ја сакам и чувам девојката, ова е единствената лоша работа која би можел да и ја направам.
Ја немам изневерено, али чувствувам дека би можел. Сум бил во дилема неколку пати, но мислам дека макар еднаш ќе попуштам. Не знам, можеби сум гад, но така е. Ми се свиѓаат и ме палат и други девојки.

Што е најлошо, јас би се чувствувал мизерно доколку таа ми го направи тоа и најверојатно не би и простил или би и вратил х3.
 
Член од
20 мај 2011
Мислења
47
Поени од реакции
13
ДА! Дефинитивно! Секој човек греши, меѓутуа под „варање“ подразбирам излет на еден ден или вечер, каде што емоции не постојат. Од друга страна доколку постојат било какви емоции кон друга жена не мора ни да ме извара, слободен е од мене за секогаш.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780

но сепак би и простил
--- надополнето: Jun 2, 2011 12:25 AM ---
ДА! Дефинитивно! Секој човек греши, меѓутуа под „варање“ подразбирам излет на еден ден или вечер, каде што емоции не постојат. Од друга страна доколку постојат било какви емоции кон друга жена не мора ни да ме извара, слободен е од мене за секогаш.
а дали би ти изневерила?
 
Член од
20 мај 2011
Мислења
47
Поени од реакции
13
но сепак би и простил
--- надополнето: Jun 2, 2011 12:25 AM ---

а дали би ти изневерила?
Ех, еднаш изневерив (пред 5 години) и воопшто не ми текало на тоа, додека една дуграка не ме потсети, значи до толку не ми значело ништо што мојата меморија не се ни потрудила да регистрира. Не би изневерила, не сум неверна, моите дела се многу далеку пред моите нагони, моралот е цената во која се колнам, но не можам да гарантирам дека во овој мој единствен живот што го имам нема да погрешам.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
1.394
Поени од реакции
259
Кој будала би дозволил? Можи 2 пати да те матни, ама третиот си го добива :)
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.626
Поени од реакции
31.487
abe kakvo prostuvanje aj ne lazhete i ne se folirajte ., pffffff., ke ste prostele., a jas ., akaj imashe najbliska klanica:eek:
 
Член од
3 јуни 2011
Мислења
3
Поени од реакции
1
Нека само се најдат сродни души, после лесно е.
Јас со задоволство ќе и помогнам да се ебе, со мене, со неа, со него - во сите комбинации и очекувам и она да го сподели истото.
Сте пробале? Баш би сакал некој што има искуство од полиаморна љубов да се произнесе
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Би простил само ако и подметнале roofies. Иначе НЕ!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom