Група B (CZE, MKD, AUT, UKR) - Виена

Кои две репрезентации ќе продолжат во наредниот круг?


  • Вкупно гласачи
    99
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 септември 2015
Мислења
598
Поени од реакции
614

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
Се извинувам
грешка во чекори
Словенците ни судат шо ја судеа пријателската со Словенија.....значи тепаме утре.
Ама во таа пријателска 5 разлика изгубивме :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
Ама во таа пријателска 5 разлика изгубивме :D
па баш поради тоа, ако им се паднеме понатака на словенците ќе им биде репризно, а австријанците мо=е да им праат пробљеми...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
за инает утре Кузмановски ќе даде 6 гола и ќе ме демантира. Ама пак е со ај-кју 75
Ова го зборев со татко ми кога ја гледавме утакмицата со Чешка, всушност ликот е глуп.
Да не бидне дека јадам гомна џабе еве неколку факти
1. Прави трансфер у друга држава, го блокнаа, му купија време да научи јазик од друга страна, ликов не учи јазик
2. Неспособен да научи јазик година дена дури живее таму.
3. Не знае да чита поставеност на терен два три пати го приметив Столе му прави блок помеѓу 4 и 5, зимајќи ја на грб 4ката а со тоа ја блокира и 3ката се што треба Кузмановски да направи е ала Миркучовски продор покрај Столе, ако реагира 5ката ке задоцни тоа се 2 минути исклучување ако покрие дупка за Лазаров или чиста топка за крило.
4. Колку и да не знаеш јазик у клуб си со играчишта и ништо не учиш од рскометен аспект
5. Не игра утакмици а гледам не се ни труди да тренира х5 од нормалното за да оддржи форма и да се избори некако

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Последно уредено:

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Ова го зборев со татко ми кога ја гледавме утакмицата со Чешка, всушност ликот е глуп.
Да не бидне дека јадам гомна џабе еве два факти
1. Прави трансфер у друга држава, го блокнаа, му купија време да научи јазик од друга страна, ликов не учи јазик
2. Неспособен да научи јазик година дена дури живее таму.
3. Не знае да чита поставеност на терен два три пати го приметив Столе му прави блок помеѓу 4 и 5, зимајќи ја на грб 4ката а со тоа ја блокира и 3ката се што треба Кузмановски да направи е ала Миркучовски продор покрај Столе, ако реагира 5ката ке задоцни тоа се 2 минути исклучување ако покрие дупка за Лазаров или чиста топка за крило.
4. Колку и да не знаеш јазик у клуб си со играчишта и ништо не учиш од рскометен аспект
5. Не игра утакмици а гледам не се ни труди да тренира х5 од нормалното за да оддржи форма и да се избори некако

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Ова не е проблем само на Кузмановски туку на многу спортисти сегашни и идни на овие простори...ама тоа е, што сакаш од народ што највисок дострел во живтот му е да се вработи во администрација...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Малку закаснето, ама еве некое мое видување за мечот со Чешка. Не сум прочитал уште што се сте изнапишале (многу има :))

- Претпоставувам дека ќе биде шокантно за многу од вас, но јас до некаде и сум охрабрен од мечот со Чешка. Ако објективно се гледа натпреварот од тактичко аналитички план, ние далеку ги надигравме чесите. Пример, имавме 12 повеќе шута на голот од Чешка. 12!!! Тоа е едно од 2-3 најголеми разлики на цело првенство. Чесите голот не можеа да го видат, само 33 шута вкупно имаа (што е ако не грешам, најмалку на цело првенство досега). Просто неверојатно е како воопшто го изгубивме овој натпревар. А како изгубивме? Има 2 причини и само две причини. Првата и најважна се голманите. Втората е катастрофалната реализација на пикерите.

- Кога голманите ќе ти фатат 4 топки во цел натпревар, а противникот 10 повеќе, не е возможно да победиш. Борко имал и порано мизерни настапи за репрезентацијата, но овојпат ми се чини се надмина себеси, а демек се спремаше специјално за Чешка. И Митревски комплетно се вклопи во сивилото, иако тој генерално бранеше во периодите кога и одбраната ни падна.

- За да биде полошо не можевме ни гол од пикер да дадеме, нешто што е веројатно најјаката страна на репрезентацијата, можеби поопасна и од Кире на некој начин. Пешевски, Маркоски, па можеби и Столе - нема некој кој не е виновен тука. Сите се изнапромашија. Некој да ми кажеше дека на 5тиот ден од првенството Македонија ќе има најслаба реализација на шутеви од 6 метри (тоа се главно шутеви од пикери + по некое ретко уфрлање на крила или бекови на 6 метри), немаше шанси да му верувам. Македонија реално гледано има еден од најдобрите парови на офанзивни пикери на ЕП. Просекот на шутеви од 6 метри на сите натпревари е 66%. Реално според мене за очекување е Македонија да е дури и над просекот околу 70%. Ние после два натпревари сме на 40%. Пешевски и Н.Маркоски се вкупно 1 од 6. Во 2 натпревари едно 4-5 голови имаме "продадено" само на вакви шутеви.

- Во второто полувреме падна до некаде одбраната да, и бевме да речеме просечни, но во прво одигравме најдобра одбрана што сме ја одиграле уште од времето кога Јоновски и Велко беа во топ форма во златните времиња на Металург и Миркуловски изнудуваше пробивања како од шала. Мишевски позитивно изненади, мора да добива повеќе шанси дечкото (само се надевам дека во клубот ќе игра во два правци, не ни треба нов Велко), но и некои од останатите добро си ја одработија задачата. Кузмановски, Н.Маркоски, Талески, Танкоски, па дури и Манасков имаа свои моменти во дефанзива.

- Би додал уште нешто, мислам дека имавме одлично ниво на борбеност на натпреварот. Реално залагањето беше за пример, и тука не можам да се поажалам. Само така да продолжат.

- Од друга страна за Чесите, Кашпарек уште десет пати да играме нема ни пола од тие шутеви да ги даде. Среќата едноставно не беше на наша страна од тој аспект. Со Австрија на пример, беше патетика, отворени шутеви праќаше на трибини, далеку над голот. Со нас немаше агол кој не го искина.

- Во однос на играчите би споменал неколкумина:
* Мишевски одигра одлично како преден на 5-1 одбрана. Подвижен, се враќа назад да покрие. Добро одиграно. Само да продолжи така. И да работи на офанзивниот дел од играта, за барем да можеме да го користиме во продолжена транзиција.
* Кузмановски според мене беше далеку подобар отколку со Украина, но под она што мислам дека може да го одигра. Очајно му треба минутажа како главен офанзивен играч во екипата, за да добие самодоверба во шутот. Премин во јака екипа како Магдебург повторно се покажува како фатална (само на Кире му успеал ваков трансфер). Но се чини и не оди трансформацијата во среден бек, ќе мора повеќе да го користиме како лев бек. Играта со него на среден, многу ме потсеќа на Србија од пред 6-7 години кога имаа милион јаки леви бекови, а ниеден среден, па константно разочаруваа на првенствата играјќи со тешки бекови шутери, без класичен брз плејмејкер.
* Танкоски беше одличен. Ја раздвижи и тоа како играта. Многу поопасни сме на влезови со него, што не е ни чудно, подобрен е како среден бек по веќе 2 години постепена трансформација од лев во среден. Реално во напад многу подобро функционираме со него, без разлика дали на лев би бил Талески или Кузмановски. Во една варијанта имаме поголема шутерска закана, во другата играме побрзо и повеќе на влезови. Танкоски мора да игра 40тина минути, може да игра и во два правци.
* Талески беше се на се потпросечен, крилата просек, дадоа нешто, промашија нешто...
* Кире беше Кире. Штета, што нашиот ракомет се крена во време кога Кире веќе беше во своите 30ти. Ќе беше уживање да го гледаме 2 декади по првенства.

Во однос на очекувањата со Австрија? Потајно сум оптимист. Најмногу ме плашат судиите. Некако не ми се верува дека може да се дозволи Австрија да отпадне. Но добро е што има многу реална варијанта во која и двете екипи одат натаму. Битката може да биде за "бодовите", како што ќе беше и ако ја добиевме Чешка. Реалност е дека мечот со Чешка, сам по себе и не мора е особено значаен. Ако не го сфатиле премногу при играчите срце, имаме шанси со Австријците. Австрија од аспект на игра е послаба од Чешка, но има 2 јаки поединци и квалитетни крила. Тоа потпомогнато од домашниот терен е некогаш доволно да се стигне и далеку на првенството. Билик може да биде проблематичен за чување и нема да се изненадам ако ни удри 10ка. Но Божовиќ мораме да го затвориме. Колку и да е добар шутер, сепак е екстремно еднодимензионален играч. Со нашата 5-1 и добра игра на предниот и халфот кај Божовиќ мислам дека таа страна имаме потенцијал за да ја неутрализираме. Ама ќе мора да бранат и голманите шутеви од 9-10 метри. И тука сме на болната точка. Ако брани Борко во негов стил со одбранети 2-3 зицери и го избушат со солидно покриени шутеви од надвор ништо не правиме. Мислам дека треба да брани Митревски кој е подобар голман на надворешни шутеви. Австрискиот пар голмани не е подобар од нашиот и срамота е да не надиграат во тој аспект. Ако ја добиеме битката на голманите, голем оптимист сум дека ќе ја добиеме и вкупната битка. Мислам дека имаме поквалитетна и игра и ротација од Австријците, па ако сакате и во најмала мера подеднакво квалитетен индивидуалец како Билик во Кире (реално и подобар, ама годините си се години да не претеруваме со очекувањата).

Победа од
1 разлика со над 32 постигнати гола на Македонија
2 или 3 разлика
и 4 разлика со над Австрија над 25 дадени гола

значат поминување на група со 2 бода.

Се над тоа значи минување на група без бодови. Пораз значи пакување на куферите. Реми, значи да се молиме во Украина.

Со среќа нека ни е!!!
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Не сакаме да ја газиме Австрија, дајте ни победа од два-три разлика!

Австријците треба да се плашат од нас – ги имаме победено трипати во четири меча

Зошто бе вакви наслови, зошто не може без помпа која после ќе им се удри од глава, еднаш да преќутеа. Ова е одлика на српско-хрватските мегаломански сонови, кај нив може да се прочитаат вакви нереални наслови, барање медали, злато и после кога ќе изгубат не знаат што ги снашло, чист дебилизам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ова го зборев со татко ми кога ја гледавме утакмицата со Чешка, всушност ликот е глуп.
Да не бидне дека јадам гомна џабе еве неколку факти
1. Прави трансфер у друга држава, го блокнаа, му купија време да научи јазик од друга страна, ликов не учи јазик
2. Неспособен да научи јазик година дена дури живее таму.
3. Не знае да чита поставеност на терен два три пати го приметив Столе му прави блок помеѓу 4 и 5, зимајќи ја на грб 4ката а со тоа ја блокира и 3ката се што треба Кузмановски да направи е ала Миркучовски продор покрај Столе, ако реагира 5ката ке задоцни тоа се 2 минути исклучување ако покрие дупка за Лазаров или чиста топка за крило.
4. Колку и да не знаеш јазик у клуб си со играчишта и ништо не учиш од рскометен аспект
5. Не игра утакмици а гледам не се ни труди да тренира х5 од нормалното за да оддржи форма и да се избори некако

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Значи на Кузмановски животно достигнување му беше да стане славен и да фати женска. Сега е женет така што амбициите се веќе достигнати, ова со ракометов му е како заебанцијата, да се работи нешто, дома да не се седи.

Мажи од по 2 метра да немаат желба да се „измаваат“, страшно.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Значи на Кузмановски животно достигнување му беше да стане славен и да фати женска. Сега е женет така што амбициите се веќе достигнати, ова со ракометов му е како заебанцијата, да се работи нешто, дома да не се седи.

Мажи од по 2 метра да немаат желба да се „измаваат“, страшно.
Тажно е што некои деца со исто ниво на талент на нивни години никад немаат добиено ни пола од шансите што он и уште неколку пропали таленти наши ги добија.

Ликот сега има едвај 20цм одскок, Кире на 40 скока 71цм...

Ај тоа може и генетика е ама пак чисто да скокаш секој ден по 200 скока у место со стомачни и грбни правење барем дупло од него ке направиш скок, па јас у мои аматерски денови ко средношколец имав толку скок (30-40цм) и тоа позиција голман

А нашава федерација нега се угледа малце на Португалците за тоа како системски се работи и вадат кадри за да не доаѓаме до вакви муабето ние да збориме што треба дс прават

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom