Група B (CZE, MKD, AUT, UKR) - Виена

Кои две репрезентации ќе продолжат во наредниот круг?


  • Вкупно гласачи
    99
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Група каква што и да сакавме подобро, тешко дека ќе наместевме. За разлика од Светското првенство, овде Македонија ја имаше таа среќа да добие доста поволна група и да вкрстува со поповолни противници или еве познати противници против кои се играше на последните превенства.

Чешка

GKs: Mrkva, Galia
LW: Hrstka, Kotrc
RW: Cip, Jurka
LB: Horak, Solak, Klima
CB: Zdrahala, Becvar, Babak
RB: Kasparek, Mubenzem
LP: Uzek, Slachta

Чесите на првенството доаѓаат како 6-ти од последното Европско првенство. Тогаш беа едно пријатно изненадување и добро се сеќаваме на тој меч со Македонија во кој ние водевме солидно, но почнавме да паѓаме (+ Кире не играше) па и да губиме гол два. На крај беше тој пеналот на Манасков што Галиа успеа да му го фати, па не успеавме ни бод да освоиме. Станува збор за една доста непредвидлива репрезентација. Денес можеш со 15 разлика да ги победиш, а утре со 8 да изгубиш. Играат доста брз ракомет.
Јаките страни - Тука им е Здрахала кој се наметна како лидер на нивната репрезентација и доста добро го замени Јиха. Брз е, подвижен и висок и има добар скок шут. Акциите одат воглавно преку него. Тука е и Хорак, доста искусен кој е и важен член во одбраната. Крилата им се исто така доста брзи и нивните контри се експлозивни. Ако некој западне во таа шема, тешко се враќа назад. Тоа се однесува на Хрстка кој е бајаги брз и може многу лесно секоја контра да ја претвори во гол. Голманите им се солидни, но не би рекол дека се една од појаките страни.
Слабите страни - Често брзаат во напад, некогаш и премногу дури. Особено кога губат и тоа секој противник може и те како да го искористи против нив. Кога брзаат нападите често им завршуваат во аут или со непромислени топки кои голманите можат да ги фатат без поголем проблем. Голем проблем ќе биде отсуството на Петровски на линијата на 6 метри. Тој е доста корпулентен и често дава голови или знае да изнуди седмерец па и да отвори простор. Без него ќе биде доста тешко и Чешка ќе се потпира на други можности.

Македонија

GK: Mitrevski, Ristovski, Tomovski
LW: Manaskov, Madzovski
RW: Georgievski, Popovski, Kosteski
LB: Taleski, Krstevski, V Markoski (defense player)
CB: Tankoski, Kuzmanovski, Mishevski (defense player)
RB: Lazarov, Serafimov, Velkovski
LP: Stoilov, Markoski, Peshevski

Еве сме и ние! И без нас не може и не е интересно! Македонија имаше доста среќа во групата и од првиот шешир ја доби Чешка, а после тоа и Австрија и Украина. Уште подобро е што Македонија ќе игра во Виена, па пак некако како на домашен терен ќе се игра (поготово против Украина и Чешка). Шансите се големи и јас само би се сложил со Кире Лазаров дека сме благи фаворити во групата и тоа треба до максимум да се искористи. Амбициите негови се сеуште Олимписки Игри и мислам дека тој пат некако ќе се брка. Не е нереално дека Македонија може да ја освои групата а после тоа да заврши во топ8. Противниците се доста познати за нас, што од групата, што од наредните кои доаѓаат. Мене најголем ќеф би ми било да ја звекнеме Шпанија барем со 1 разлика, а другото како сака нека биде.
Јаките страни - Искуството и тимската хемија пред се. Другите 3 можеби го немаат тоа и е предност во однос на другите. Тука е и Кире Лазаров и мислам дека имаме најдобар десен бек во групата без конкуренција. Со своите години сеуште е лидер, има свежина во него и носи голема сигурност во нападот. Столе Стоилов е голема алка во тимот и прав борец на терен. Способен е да навлече двајца, некогаш и тројца, и да изнуди пенал (ако не е гол). Голманите мислам дека ќе бидат јака страна на ова првенство. Митревски брани феноменално, а не би го изоставил и Ристовски. Сепак има искуство и знаел на големи натпревари да брани јако. На Ристовски поготово му лежат Австријците па ќе биде интересно. Убаво би било да се мотивира покрај Митревски па и тој да брани јако. Трета опција е Томовски и Томовски брани во форма во Лудвигсхафен. Има несомнено големи квалитети и иднината е секако пред него. Кизиќ е трета опција и дечкото исто така брани на ниво. Се покажа и во Вардар во ЛШ.
Слабите страни - Невоиграноста на некои играчи и слабата форма пред се на Кузмановски. Тоа и те како иритира. Убаво од Брестовац што од есеноска наваму инсистираше на доста пријателски и воигрување, па се надевам дека тие некои дупки ќе бидат покриени. Талески исто така мора и може многу подобро, па можеби ќе му тргне на ова првенство. Одбраната е меч со две острици. Може да биде некаков адут, а може и да биде како пријателската со Словенија. Мислам дека треба да се доработува таму. Против екипи со цврсти одбрани тешко се воигруваат крилата. Тоа е една од послабите страни и тука може да се работи на тоа да се отвора што повеќе простор за крилата.

Австрија

GK: Bauer, Aleksic
LW: Frimmel, Santos
RW: Weber, Woss
LB: Hermann, Krivelavicius, Dicker
CB: Bilyk, Zeiner
RB: Bozovic, Zivkovic
LP: Posch, Wagner

Австрија е еден од домаќините на ова првенство. Посакуваат да се покажат во што е можно подобро светло. Се очекува од нив да ја поминат групата. Веројатно зад нас, се фаворити од сенка. Нивниот прв меч можеби ќе биде и клучен за нив. Не се прославија на прошлото светско првенство. Австрија доживеа крах и во една од полесните групи завршија како 5-то пласирани сo една победа против Саудиска Арабија. Загубија од Чиле со 32-24, а и во останатите средби беа далеку од конкурентни и лесен плен, па и за Тунис. Да биде и полошо и Аргентина ги победи во еден од мечевите за класификација.
Јаките страни - Домаќини се на првенството, па веројатно е дека и судиите ќе им бидат малку наклонети. Билик е нивната звезда, кој игра во германски Кил. Од него ќе се очекува најмногу на првенството. Од поискусните, тука се Божовиќ кој едно време играше во одлична форма за Металург (сега не е на тоа ниво) и крилото Вебер. Од поодамна го нема Сзилаги кој се пензионира. Бауер им е генерално солиден (го немаат веќе Мариновиќ) на гол.
Слабите страни - Неискуството. Иако беа на последните две првенства, но Австрија како да беше отсутна. Веселин Вујовиќ во едно интервју изјави дека се најкатастрофален тим. Немаат некој квалитет и тоа може да се одрази на нив. Одбраната исто така им чкрипи доста, што е и резултат на примените голови на Еуро Купот кој го играа место квалификациите.

Украина

GK: Komok, Terehov, Dereviankin
LW: Denysov, Artemenko, Zhuk
RW: Akimenko, Kozakevyc
LB: Ostroushko, Zhukov
CB: Tilte, Kyrylenko, Zalevsky
RB: Chichikalo ?
LP: Shevelev, Doroshuk, Ilchenko

Украина е една од послабите репрезентации на овој мундијал. Доаѓаат на ЕП по подолго време. Завршија како трети во нивната квалификациска група со три победи и исто толку порази, зад Данска и Црна Гора, а пред Фарски Острови. Ќе настапат без Онуфриенко што ќе биде еден поголем пех за нив.
Јаките страни - Го имаат Остроушко кој е моментално најдобар стрелец во ЛШ (игра за Еурофарм Пелистер). Но и тоа не е којзнае што во моментов, со оглед на тоа што тој може да биде и слаба страна со оглед на тоа колку топки троши. Една од појаките страни им е учеството на Мотор Запорожје во ЛШ па дел од играчите нивни имаат какво-такво искуство. Тука е и нивниот селектор Бебешко.
Слабите страни - Играат многу бавен ракомет. Многу троми и високи бекови имаат и тоа може да биде голем проблем за нив. Имаат проблем на десната бековска позиција и доаѓаат со само еден и тоа крајно неискусен десен бек и ќе крпат многу на таа позиција. Голманите нивни исто така не се на соодветно ниво, иако Украинците пробуваат да покријат со одбраната што е можно повеќе. Лошо е за нив е што не се во форма и тука ние тоа треба до максимум да го искористиме на првиот натпревар.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Имаме група каква што само можевме да посакаме. Реално, можеме да ги победиме сите три противници во групата, иако највеќе ме плашат Чесите. Жално е што и по толку време, многу работи ќе зависат од Кирца. Бековската линија е најголем проблем, пак се потпираме на Лазаров, пак ќе очекуваме да се разиграат Кузмановски и Талески, а единствен нпв играч кој би можел да блесне е Танкоски. Замените за Кире се слаби, но ќе мора да го менуваат во одреден дел од мечевите. Не верував дека ова ќе го кажам еден ден, ама да бев на местото на луѓето од федерацијата, ќе го молев Миркуловски да се врати. Сум го гледал неколку пати сезонава и се уште може да придонесе за националниот тим, како во напад, такани во одбрана.
Внатрешната линија ни е најдобра во однос на другите во групата, но затоа одбраната ќе биде проблем. Кај најде да се повреди Велко...
Можеби Мишевски би бил добра замена, но искуството не е на негова страна. Се надевам дека прв избор за голманска позиција ќе биде Митревски, го заслужува тоа после одличната полусезона.
Мој тип е дека ќе се надминеме себеси во групна фаза и ќе одиме со 2 бода во следна фаза.
Конечниот пласман би ни зависел од директниот дуел со втората екипа од група А (претпоставувам Белорусија). Со малку среќа, може да дојдеме до четврта позиција и висок пласман на крајот.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
Ќе биде интересно и во нашата група, ние може да поминиме но може и трети да бидеме на крај, ногу зависи од првиот меч со украина, секако прво ме плаше одбраната, која е далеку ослабната, искрено ме плаше кога е кузмановски на позиција 4, пренаивен ми е да не употребам друг збор, ќе биде тешко посебно во транзиција, мишевски иако помлад делува помудро па се надевам ќе покрива многу во одбрана. Сигурно многу пати ќе мора и лазаров да игра во одбрана тој секогаш се мести на позиција 2 па се надевам и на неговото искуство.
нападот мислам дека ќе функционира подобро со кире додека танкоски ке мора да преземе одговорност минимум 35минути, да разиграва да се пробива низ одбраната, желба има младичот, знаење има, мора да се работи со него. ЈАс на крај прогнозирам, тесна победа со украина па потоа шо сака нека биде и искрено автријците ми се покомпактни од чесите, а чешка ке ја опишам како исланд 2, по стилот на игра, шо нас не ни одговара иако знаат многу топки да продадат
Автоматски споено мислење:

сакам да додадам дека Горан Крстевски многу се трудеше во одбрана на подготовките, во напад е предвидлив, праволиниско движење има, ама ме убеди декја може да биде добар одбранбен, само такви играчи во еден правец не се во мода, а ние ги имаме премногу
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Незнам оти, ама не ме чуди и сите 3 да ги изгубиме и покрај тоа што имаме на хартија "посакувана" група.
Пак се останва на Лазаров и се ќе се врти околу него, Фитиљо и Талевски знајме во каква форма се, едино Манасков е на ниво.
Одбрана сме швајцарско сирење, уште се чудам како Фитиљо и Орката мажита по 2 метри не научија ништо назад до сега, и тоа првиот играше, односно го форсираше Червар само за одбрана, другиот исто во Германија.
Мишевски ќе биди жежок костен сега да се уфрли за одбрана и да се очекува нешто кога нема никакво искуство.
Боки Маџо, треба да го користиме за назад, доста корисен е дечкото и за крај не дај Боже да го гледам Борко пак да брани, после ваква сезона на Митревски, ќе ти е**м и Брестовац и се.
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.618
Поени од реакции
2.717
Незнам оти, ама не ме чуди и сите 3 да ги изгубиме и покрај тоа што имаме на хартија "посакувана" група.
Пак се останва на Лазаров и се ќе се врти околу него, Фитиљо и Талевски знајме во каква форма се, едино Манасков е на ниво.
Одбрана сме швајцарско сирење, уште се чудам како Фитиљо и Орката мажита по 2 метри не научија ништо назад до сега, и тоа првиот играше, односно го форсираше Червар само за одбрана, другиот исто во Германија.
Мишевски ќе биди жежок костен сега да се уфрли за одбрана и да се очекува нешто кога нема никакво искуство.
Боки Маџо, треба да го користиме за назад, доста корисен е дечкото и за крај не дај Боже да го гледам Борко пак да брани, после ваква сезона на Митревски, ќе ти е**м и Брестовац и се.
Najlos slucaj edna pobeda dva poraza. Ukraincite fiksni se, no me plasi so Ceska i Avstrija. Odbranata i napadot nekako ne se na nivo.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Да се напомене дека ќе имаме голема поддршка. Би требало да играме како на домашен терен (освен против Австрија), што секако е мотив плус за нашата репрезентација.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Да се напомене дека ќе имаме голема поддршка. Би требало да играме како на домашен терен (освен против Австрија), што секако е мотив плус за нашата репрезентација.
Па и против нив ќе играме како дома. Памтам со Швајцарија последен пат кога игравме на гости во квалификации. Тоа беше како дома да играме.. :icon_lol:
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
GK: Mitrevski, Ristovski, Tomovski
LW: Manaskov, Madzovski
RW: Georgievski, Popovski,
LB: Taleski, Krstevski,
CB: Tankoski, Kuzmanovski, Mishevski
RB: Lazarov, Serafimov, Velkovski
LP: Stoilov, Markoski, Peshevski

конечниот ростер, на трибини на секој меч ќе одат двајца, мислам дека на првиот меч тоа ќе се томовски и велковски иако и серафимов не е нешо во форма

сакам да им посакам среќа на дечките и селекторот, ќе ни треба посебно во одбраната, знаејки дека напаѓачкиот ростер е тој со манасков, поповски, талески,кузмановски, лазаров и пешевски, од овие голем дел ќе немаме време да ги смениме во одбрана или само еден до двајца макс, можам да ја замислам одбраната со
1.манасков
2.лазаров
3.талески
4.кузмановски
5.пешевски
6.поповски, ах тешка ке биде транзицијата во одбрана, многу тешка, најмногу ке треба да помагаат марковски и мишевски, па и крстевски. Марковски од овие најискусен ама моментално е надвор од форма, мишевски е може најдобар ама е неискусен.....уф ке ни ја прават интересна дечкиве, е сега ќе се надеваме на чуда од голманите
Можам уште сега да претпосттавам дека Данило зарада одбранта ќе го игра голем дел од натпреварите во двата правци со Никола Марковски, особено кога кире е во игра, истото ке го прави и со мишевски на среден и тоа пак со лазаров у тим.....добро е и вака очекувам возбудувања уште у петок со украинаи победа секако
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Како може Томовски и вМОРОНското старче пред Кизиќ?!?!? :tapp: o_O :facepalm:
Каков дебил е тој кој што го правел списоков за првенствово.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Како може Томовски и вМОРОНското старче пред Кизиќ?!?!? :tapp: o_O :facepalm:
Каков дебил е тој кој што го правел списоков за првенствово.
Томовски брани во Бундеслига, а Борко има 200 пати поголемо искуство. Што покажал Кизиќ досега? Рано е за него.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Изедначена ќе биде групата. Шансите за поминување понатаму на Македонија, Австрија и Чешка мислам се изедначени.

Украина е можеби најслабата репрезентација на првенството, така што не очекувам нешто посебно од нив. Им фалат 2та нормални десни бека (што е работата со повредите на десен бек на првенството!?). Најдобар играч им е Остроушко, кој не е лош играч ама е далеку од некои од играчите кои ги имаат другите екипи. Во секој случај не смеат да се потценат, ќе бркаат некој бод украинците и можеби и ќе освојат, големи порази секако нема да доживеат во оваа група.

Австрија со самото тоа што е домаќин ќе биде во привилегирана положба на првенството. Не се наивни како што некои ги сметаат, но факт е дека многу работи ќе зависат од Билик. Ако Билик има првенство ала Кире цирка 2012та, може да направат добар резултат, ако не, минувањето во втората фаза веројатно би било максимумот. Имаат добри крила, ќе видиме колку ќе знаат да ги искористат.

Чешка е горе долу истата екипа од минатото ЕП кога завршија на 6тото место. Тешко е да се повтори таков турнир - само нека не прашаат нас. Треба многу коцки да се покопат за таков резултат. Плус некои од клучните играчи Хорак, Галиа и Здрахала се 2 години постари и прашање е уште колку долго ќе издржат. Многу работи зависат од нив. Здрахала каков главен организатор на нападот, Хорак на одбраната и Галиа на голот. Единствен млад играч кој вреди нешто е десниот бек Кашпарек, но и тој е со сличен статус на нашиот Кузмановски - во јака екипа е ама нема минутажа. Солидни крила кои може да имаат свој ден.
Автоматски споено мислење:

И конечно дојдовме до нашите. Јас лично сум без некои посебни очекувања. Ова е транзициско првенство реално за нас. Главна цел беше продолжување на континуитетот на настапи. Тоа го обезбедивме. Знам дека добрата ждрепка на некои им ги отвора апетитите, но некако не ни помислувам да гледам така далеку, реално не очекувам да бидеме на нивото на кое сме биле во годините кога се боревме за малку повисок пласман (2012-2016). Подготовките надвор од Македонија мислам дека се покажаа како полн погодок. Притисокот од јавноста е значително помал од минатото. Не се труби по порталите непотребно секој ден за медали и олимписки квалификации.

Клучот за нашиот резултат ќе биде во тоа што ќе добиеме на лев и среден бек. Некаков придонес од Талески, Кузмановски и Танкоски во два правци ќе мора да добиеме ако сакаме да ја минеме групата. Крстевски и Мишевски мислам дека и ако играат ќе бидат повеќе со дефанзивни задачи, не очекувам да ги видиме во нешто особено во напад. Колку време да играат Талески и Кузмановски заедно, а колку Танкоски да внесува малку брзина на среден бек е можеби клучната тактичка одлука на првенството. Точниот одговор мислам никој не го знае, но според мене би требало да имаат колку толку изедначена минутажа сите 3 комбинации (Талески-Кузмановски, Талески-Танкоски и Кузмановски-Танкоски)

Втората битна работа е како ќе изгледаме во одбрана. Очекувам да комбинираме 6-0 и 5-1 одбрани, нема да играме класична 6-0 цело време. Ќе видиме како ќе изгледа Талески на 3 или 4 во одбрана, каде реално не беше на посакуваното ниво на минатите првенства, како и дали Брестовац му нашол добар партнер за средината. Ќе видиме и дали Кузмановски ги намалил менталните грешки кои му се случуваат кога игра во одбрана на 5ка.

Третата работа, како и секогаш е што ќе добиеме на голот. Борко, претпоставувам пак ќе биде стартер. Само се надевам дека ако не му тргне, Брестовац брзо ќе реагира со Митревски кој е во моментот во подобра форма.

На пикер со Столе и Пешевски сме добри офанзивно. Столе брка работа и во одбрана, Н.Маркоски може да заврши работа на десетина минути кога ќе ни треба пикер во два правци кој игра на средина во дефанзива. Очекувам доста од Пешевски на првенството. Во добра форма е и, може да биде важен адут.

Од крилата се надевам на стабилност. Стартерите ни се повеќе офанзивно ориентирани, а резервите ни даваат дополнителни дефанзивни можности (на 2ка и 5ка, Маџовски може и напред при 5-1).

И на крај на десен бек, од Кире не знам што да очекувам. Колку може, се ни е гратис, човекот уште малку 40 ќе направи. Не го очекувајте Кире од пред 7-8 години, но и ваков ништо чудно да ни е најдобар стрелец. Резервите сеуште не се на ниво на ЕП. Се надевам дека барем еден од нив ќе се развие во коректен играч следните години. Можеби ќе имаат некоја минутажа кога Кире треба да се менува на дијагонала. Ќе видиме.

Со среќа нека ни е!
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom