Не е во ред да се плука по одредени играчи, затоа што даваат максимум, и не е се така како што гледаме ние пред ТВ.
Факт е дека ова репрезентација има квалитет, но исто така факт е дека нашата ракометната федерација не знае како да работи за подобри работи во иднина, и тоа што го има на располагање во моментот не знае да се искористи.
Сега кога ракометот е спорт број еден, треба да се работи напорно, а да работат луѓе што си ја разбираат работата, но не е така.
Брестовац како тренер не би го коментирал, се кажува неговиот тајм аут 30секунди до крај, на -2 разлика, момци ајде дајте гол(ни треба гол)
Разбираам дека победничкиот тим не се менува, но не разбирам зошто тимот што не може 10мин да даде гол не се менува, а бек што има 1 од 6 игра цел натпревар.
Мишевски, Танкоски покажаа зрелост, квалитет, желба, а другите се изгледа отидени во Австрија на екскурзија.
Го гледам сега Исланд, како мала земја има играчи, но и победнички менталитет, како нивниот тренер го ротира целиот играчи кадар и пак имаат резултати.
Проблемот е во перспективата, слободно би можел да кажам и огледало на нашата земја.
Менталитет да си понизен секогаш, синдромот на самоуништување, мешање на политиката во се.. само кај нас активни играчи учествуваат во политички кампањи..
Јбг, тоа е, добро е што благодарение на Кире кој и на 40години е наш најдобар играч гледаме ЕП, и некој ќе се дрзне да каже дека многу шутирал или не знам што...
Ќе кружи топката едно минута ипол, а кога треба да се шутира, е тогаш додај ја на Кире, и така секој натпревар.