Годината кога македонскиот јазик умре

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Патетика сте. Знаете што губите со исчезнувањето на македонскиот јазик? Едно големо дебело Ништо.
Погледнете го интернетот. 90% од содржините на интернет се на англиски јазик. Се поврзано со компјутери е на англиски. Виндоусот (прозорците :pos:) ти е на англиски. Да не набројувам. Англискиот ти е глобален јазик. Буквално, ама буквално никој ништо не губи ако сите луѓе на оваа планета зборуваме на ист јазик, во овој случај англиски.
:facepalm:

Порано и латинскиот бил најраспространет, пред него старогрчкиот. Ама и тогаш имало различни јазици. Ти збори си на инглиш, оди во молот да купуваш клоутс, за да одиш на ивенти кои ги организира фирмата во која ти одиш на ворк. Не е проблем.
Сега англискиот е глобален, за 50 години не се знае што ќе биде.
Французите секогаш ги сметав за арогантни и дека претеруваат. Море колку биле они во право.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Патетика сте. Знаете што губите со исчезнувањето на македонскиот јазик? Едно големо дебело Ништо.
Зошто не го земеш Македонскиот пасош и не го изгориш? Потоа обрати се кај Англичаните да ти дадат едно големо дебело Нешто.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Леле, пасош од Обединетото Кралство. И јас сакам...

:(

Инаку, мене лично секад и никад ми се поступидни од ступиден...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.551
Поени од реакции
34.872
Изворното во јазикот треба да се чува и негува, меѓу другото и поради фактот што јазикот и до ден денес ни е оспоруван.
Секој од нас треба да се труди да зборува и пишува литературно, особено на јавни настапи, јавните медиуми, електронски, пишани и тв тоа треба да е задолжително!
Јазикот е жива материја и тој постојано се развива и еволуира. Во себе го содржи нивото на општествениот развој.
Турцизмите за период од 500 години оставиле огромен белег на нашиот и другите балкански јазици до степен што зборовите ги третираме несвесно како свои и ги вбројуваме во свои, а всушност се архаизми (кондура, чевла, тула, клеш, гајтан...)
Во англискиот јазик и литература е непозната појавата на етикетирање на -изми. токму затоа тој јазик е денес богат. Не патат од францизми, германизми, хиндуизми. Позајмувале, но правилно - транскрипција и акцент. Замислете, зборот шампо е од индиско потекло, а преку англискиот навлегол насекаде.
Во технологијата нашиот јазик побавно се развива и не ја следи брзината па затоа повеќе позајмува, друга работа е што нашите јазични дејци се бираат по клуч а не по квалитет па некако не им оди да смислат или прилагодат поими,
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Мол...:pos:
Делува смешно, но има предност пред изразот “трговски центар“ (центар веројатно е старомакедонски збор :icon_lol: ).
Секако никој не вели “одам во трговскиот центар“ туку “идам у ГТЦ/Буњаковец/Беверли“ или “оам ја до трговскион“...
Имено, со помал број на симболи/гласови се пренесува иста количина на информации и природно би се наметнал како попрактична опција.

И јазиците умираат...

Не е случајна доминацијата на англискиот.
Дури и во Франција се јавува лагана* параноја

*некаков... изам:)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Не ти е драматичен насловот, таман ти е. Види само колку луѓе пишуваат „сеуште“ наместо „се' уште“, колку луѓе кога степенуваат ги пишуваат наставките одвоено, колку луѓе пишуваат зборови од типот на „прецедател“ „подршка“ „сваќа“ (а тоа не се однесува на роднинската врска). За ова голема улога имаат и медимуите. Покрај неписмените преведувачи што Џеки Кенеди ја преведуваат Жаклина Кенеди, виновни се и новинарите. Тие иако на факултет имаат два предмети македонски јазик, упорно си го кршат јазикот со „бенчмаркови“ наместо просто и едноставно да си кажат “критериуми“. Не дека се правам паметен, ама ме нервира кога луѓето се прават патриоти демек да го зачувале идентитетот, а дозволуваат самиот да им исчезне преку сопствената неписменост.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Патетика сте. Знаете што губите со исчезнувањето на македонскиот јазик? Едно големо дебело Ништо.
Погледнете го интернетот. 90% од содржините на интернет се на англиски јазик. Се поврзано со компјутери е на англиски. Виндоусот (прозорците :pos:) ти е на англиски. Да не набројувам. Англискиот ти е глобален јазик. Буквално, ама буквално никој ништо не губи ако сите луѓе на оваа планета зборуваме на ист јазик, во овој случај англиски.
Оф леле дури бев на апсолвентска екскурзија не можевме да се разбереме со луѓето од цела Европа + оломлани во Турција на одмор + Будеимпешта, од што врска немаа англиски. Зборувам значи за Турција, Унгарија, Франција, Чешка, Шпанија. Тие не знаат англиски, па што има ние да го воведуваме и тоа наместо македонскиот?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.141
Поени од реакции
18.154
Оф леле дури бев на апсолвентска екскурзија не можевме да се разбереме со луѓето од цела Европа + оломлани во Турција на одмор + Будеимпешта, од што врска немаа англиски. Зборувам значи за Турција, Унгарија, Франција, Чешка, Шпанија. Тие не знаат англиски, па што има ние да го воведуваме и тоа наместо македонскиот?
Да се надоврзам на ова, мислам дека е поврзано.Пред некој ден налетав на брачен пар Русинка и Македонец.Студирала Македонистика во Москва и по многу посети на Македонија се доселила во Охрид.Почисто од мене македонски цепеше.И од многу други луѓе со македонски мајчин јазик.
Ние сме сам себе го убијал.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Изгледа не се разбираме. Поентата ми беше дека е подобро да има глобален јазик отколку оваа ситуација сега каде влегуваат англицизми и сето тоа прави локалните јазици да изгледаат ступидно :pos: . Не дека имам некои симпатии кон англискиот, но во оваа ситуација тој е најраспространет и би било логично тој да биде глобален, иако со текот на времето ке се менува. И македонскиот да беше толку распространет, то ј ке беше глобален. Сепак се извинувам ако повредив некое патриотско чувство. Сакам сите јазици наеднаш да исчезнат, не да се мачат вака.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
13.133
Како што рече Тончи - Русија е апла навлезена во систематско рушење на својот јазик - го имам почувствувано пред година и кусур кога бев таму на лице место .
Но не мора да воведуваме мода секаде, нели?
Како и Crazy in love, и мене ме иритира што се поголем замав зема facebook-овскиот начин на уривање на сопствениот јазик. Ивент, Аднува, Мол, Вин, Стајлинг, хејта,.
Зборам за ваквите зборови кога се употребени вон жаргон.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Глобализација бе луѓе.А највлијателна земја моментално е Америка.Не мислам само политички,туку и културно и образовно.Филмови,јазик,облекување,навики,јадење и сл во се ја емитираме Америка.Дури и на англиски пишуваме по форуми(кога зборуваме со некој наш другар/пријател).Дури и јас понекогаш пишувам некој одговор на англиски,за да изгледам пошизик :).Ама има некои на кои тоа им е преминато во навика.

Во врска со англицизмите и другите македонизирани странски зборови.Пак еден збор:глобализација.Еве јас разбирам и германски и италијански па гледам и телевизија на тие јазици.Знаете колку американизми има во тие јазици(и тоа во официјалниот говор, на тв и сл)??Многу.А колку само се трудат тие земји да си го зачуваат јазикот.Од синхронизација на филмови па се до слабо изучување на странски јазици во државни школи.Кога тие не успеале да се одбранат од англициамите ,како да се одбраниме ние.
Да ги затвориме границите,да забраниме секаква странска литература,да ги забраниме странските канали и изучување јазици.Единствено со такви екстремни мерки можеби ќе успееме.
Влијание од еден на друг јазик секогаш имало,само со глобализацијата денес тоа влијание е многу побрзо.Па и во германскиот јазик има италијански зборови и обратно.Во српско-хрватскиот има многу германизми кои се пренеле и во нашиот.Македонскиот пак има многу турцизми,турскиот има арапски зборови и т.н.

Глобализација!! ;)
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Јазикот е жива материја, јазикот го прави народот кој го зборува. Тој е подложен на промени но не и на воведување на странски зборови кога за тој збор има соодветен збор на македонски
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Глобализација бе луѓе.А највлијателна земја моментално е Америка.Не мислам само политички,туку и културно и образовно.Филмови,јазик,облекување,навики,јадење и сл во се ја емитираме Америка.Дури и на англиски пишуваме по форуми(кога зборуваме со некој наш другар/пријател).Дури и јас понекогаш пишувам некој одговор на англиски,за да изгледам пошизик :).Ама има некои на кои тоа им е преминато во навика.

Во врска со англицизмите и другите македонизирани странски зборови.Пак еден збор:глобализација.Еве јас разбирам и германски и италијански па гледам и телевизија на тие јазици.Знаете колку американизми има во тие јазици(и тоа во официјалниот говор, на тв и сл)??Многу.А колку само се трудат тие земји да си го зачуваат јазикот.Од синхронизација на филмови па се до слабо изучување на странски јазици во државни школи.Кога тие не успеале да се одбранат од англициамите ,како да се одбраниме ние.
Да ги затвориме границите,да забраниме секаква странска литература,да ги забраниме странските канали и изучување јазици.Единствено со такви екстремни мерки можеби ќе успееме.
Влијание од еден на друг јазик секогаш имало,само со глобализацијата денес тоа влијание е многу побрзо.Па и во германскиот јазик има италијански зборови и обратно.Во српско-хрватскиот има многу германизми кои се пренеле и во нашиот.Македонскиот пак има многу турцизми,турскиот има арапски зборови и т.н.

Глобализација!! ;)

Ама ние изгледа пак не се разбираме. Никој не го негира влијанието на англискиот јазик. Особено во полето на техонолгијата. И тоа е во ред. Не е решение да се изолираме од светот. Франција, Италија и Германија не се изолирани. Јас кога бев во сите три, одвај се разбрав со нив, не знаат луѓето таму англиски, ретко. Што не е во ред. Треба да се знае, ама не да се пика на секаде.

На пример:

- Кај си бе?
- Еве на ворк.

-За мојот лук се погрижи тој и тој... (А за кромидот кој се погрижи?)

- Ќе се гради ептен добар мол во Карпош Четири.

Значи едно е ти да имаш интернационализми кои имат смисла и за адаптирани (ете пример) на македонскиот јазик.

Ок си се интернационализмите, ама не да земаш англиски збор, и да му додадеш наставка и оп да го користиш.

Си има правила, не иде тоа како нас ќе ни текне.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Јазикот е многу флексибилна работа, се менува, се додаваат зборчиња итн. итн. Ко прво, никој не збори како што збореле ете во средината на минатиот век. Се менува јазикот, како и секој јазик што постои.

А за англиски меѓу македонци, уште не сфатив. Ваљда им звучи кул или пак толку немаат поим како да напраат шали на македонски, па си користат фрази од серии, филмови и слично...
--- надополнето: 16 декември 2011 во 18:58 ---
Си има правила, не иде тоа како нас ќе ни текне.
Си видела од кога не е сменет македонскиот речник? Истиот е тој од Блаже Конески!!! Толку децении, исти зборови, исти правила! Срање!

Англискиот речник секоја година се обновува со нови зборчиња. Кај нас дали ги мрзи или пак си мислат ако не го менуваат дека се зачувавува јазик, не ги сфаќам. Ако мислат дека зачувуваат така, страшно се заебале. Со таков тврдокорен речник, само се поглупави зборчиња ќе се избацуваат. Вака филтрирани зборчиња на неколку години внесени во речникот - и ете супер подновен јазик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom