Годината кога македонскиот јазик умре

Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Ама ние изгледа пак не се разбираме. Никој не го негира влијанието на англискиот јазик. Особено во полето на техонолгијата. И тоа е во ред. Не е решение да се изолираме од светот. Франција, Италија и Германија не се изолирани. Јас кога бев во сите три, одвај се разбрав со нив, не знаат луѓето таму англиски, ретко. Што не е во ред. Треба да се знае, ама не да се пика на секаде.

На пример:

- Кај си бе?
- Еве на ворк.

-За мојот лук се погрижи тој и тој... (А за кромидот кој се погрижи?)

- Ќе се гради ептен добар мол во Карпош Четири.

Значи едно е ти да имаш интернационализми кои имат смисла и за адаптирани (ете пример) на македонскиот јазик.

Ок си се интернационализмите, ама не да земаш англиски збор, и да му додадеш наставка и оп да го користиш.

Си има правила, не иде тоа како нас ќе ни текне.
па и ти викаш ок :icon_mrgr:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
па и ти викаш ок :icon_mrgr:
Јас во ниеден момент не реков дека зборувам постојано литературно македонски и дека не користам интернационализми. Или јас пишувам на кинески па не ме разбирате или не ми ги дочитувате постовите.:unsure:
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Јас во ниеден момент не реков дека зборувам постојано литературно македонски и дека не користам интернационализми. Или јас пишувам на кинески па не ме разбирате или не ми ги дочитувате постовите.:unsure:
не ти ги прочитав претходните постови туку само овој и затоа ми беше малку чудни, сори
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Ама ние изгледа пак не се разбираме. Никој не го негира влијанието на англискиот јазик. Особено во полето на техонолгијата. И тоа е во ред. Не е решение да се изолираме од светот. Франција, Италија и Германија не се изолирани. Јас кога бев во сите три, одвај се разбрав со нив, не знаат луѓето таму англиски, ретко. Што не е во ред. Треба да се знае, ама не да се пика на секаде.

На пример:

- Кај си бе?
- Еве на ворк.

-За мојот лук се погрижи тој и тој... (А за кромидот кој се погрижи?)

- Ќе се гради ептен добар мол во Карпош Четири.

Значи едно е ти да имаш интернационализми кои имат смисла и за адаптирани (ете пример) на македонскиот јазик.

Ок си се интернационализмите, ама не да земаш англиски збор, и да му додадеш наставка и оп да го користиш.

Си има правила, не иде тоа како нас ќе ни текне.
Тоа дека Германецот,Французинот и Италијанецот треба да знаат англиски го кажуваш ти како Македонка која,дека е припадник на мал народ ја учат дека англиски е прозорец за напредок во работата.Епа во тие три земји луѓето немаат толкава потреба на учење англиски затоа што им е се достапно на нивниот јазик.И затоа тие не се глупи ако не знаат англиски јазик(нешто што овде често се кажува за луѓето од тие земји).Ние па дека учиме англиски од 3 год.сме нешто многу напредни и паметни.
--- надополнето: 16 декември 2011 во 21:29 ---
А тие примерите што ги даде ги имам сретнато и во италијански и германски јазик.На сред реченица ти вметнуваат некој познат англиски збор.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Не ме нервира толку фактот што се користат тие "англодизми" колку што ме нервира тоа како се гледа на нив. Денес ако се изразиш со зборот волонтер наместо доброволец, ти си веднаш интелектуалец, експерт и не знам што се не.
Кога ќе видам политичарите, аналитичарите, колумнистите, водителите, новинарите и уште еден куп јавни личности како се однесуваат и како зборуваат, тогаш воопшто и не ме изненадува кога ќе видам младите како се однесуваат према јазикот. Во секој случај, многу голем замав земаат таквите изрази и зборови за жал.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Ми пречи (пре)големата употреба на англиски изрази и англиски зборови со македонско членување како на пример бекстејџОТ, френдОТ, но уште повеќе ме нервира пишување на негација заедно со глагол, потоа претставки (по-, нај-) за компаратив и суперлатив одвоено од придавка и најпознатото пишување на глаголот сфаќа како сваќа односно свака. (посебно на фб, по телевизија, на интернет страните). Една професорка по македонски јазик за да ги научи ученците дека не треба така да се пишува зборот викаше: „Сваќа е жената на сватот“.

Може ли некој да ми одговори на следното прашање. Се работи за широко употребување на „во колку“ (со акцент на о што се наоѓа после в) во реченица каде што треба да се употреби „доколку“ и во разговорна форма (од страна на асистенти на факултет) и во книжевна/пишана форма (во книги напишани од страна на наши македонски доктори по науки). Пример. 1.Во колку одите без чадор, ќе наврнете. 2. Водата ќе испари во колку се загрее на 100 степени.
Дали е ова граматички и литературно исправно или јас грешам дека „во колку“ не се употребува како сврзник во реченица туку само како прашален збор одвоено без акцентска целост?
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Порано користев англицизми, интересни ми беше, кул беше да знаеш англиски. Сега веќе 2 ипол години сум надвор од Македонија. Кога ќе видите како дијаспората зборува пола англиски пола македонски, ама баш онака како што се зафркававме во Македонија (каро по стрито) ќе видите колку е негативно влијанието на англицизмите кога се користат место зборови каде очигледно е дека има соодветен превод. Не зборувам за компјутер, интернет и слични зборови каде што немаме соодветен превод, ама ако користите бин место канта или уште полошо македонска наставка на англиски збор (гејмот место играта или the game) станува ептен одбивно.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Може ли некој да ми одговори на следното прашање. Се работи за широко употребување на „во колку“ (со акцент на о што се наоѓа после в) во реченица каде што треба да се употреби „доколку“ и во разговорна форма (од страна на асистенти на факултет) и во книжевна/пишана форма (во книги напишани од страна на наши македонски доктори по науки). Пример. 1.Во колку одите без чадор, ќе наврнете. 2. Водата ќе испари во колку се загрее на 100 степени.
Дали е ова граматички и литературно исправно или јас грешам дека „во колку“ не се употребува како сврзник во реченица туку само како прашален збор одвоено без акцентска целост?
Во право си. „Во колку“ е прашање, а не сврзник. Ова не знам од каде започна да се појавуваа. Ако некој до толку не сака да користи „доколку“ може да користи и „се' додека“, „ако“ итн.
 
V

Vollstandig

Гостин
Темава не е единствена само следењето на амерички филмови, како и 9gag, познавањето на англискиот јазик, и потребата човек да се докажи како посебен, односно подруг од останатата околина, или поначитан или што и да е, го доведува ова користење на англицизми за кои има соодветен збор. Спореди со членовиве на форум како се изразуваат, еден пак отворил тема “Најдобро место да ДЕЈТАМ девојка“ јас знам дека дејт е состанот, но некој што не знае англиски врска ќе нема што зборите и ќе ве праша од која околија сте...

Зборови како, хејтам, дејтам, ступидно, фејк, итн се крајно непотребни кога има соодветен збор со значење што секој ќе го разбери во македонија. Македонскиот синдром за самоуништување дојде до толкав степен што го исфрламе сопствениот јазик, од кој потекнуваат и сите овие соседни јазици бугарски српски руски итн итн...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Ама ние изгледа пак не се разбираме. Никој не го негира влијанието на англискиот јазик. Особено во полето на техонолгијата. И тоа е во ред. Не е решение да се изолираме од светот. Франција, Италија и Германија не се изолирани. Јас кога бев во сите три, одвај се разбрав со нив, не знаат луѓето таму англиски, ретко. Што не е во ред. Треба да се знае, ама не да се пика на секаде.

На пример:

- Кај си бе?
- Еве на ворк.

-За мојот лук се погрижи тој и тој... (А за кромидот кој се погрижи?)

- Ќе се гради ептен добар мол во Карпош Четири.

Значи едно е ти да имаш интернационализми кои имат смисла и за адаптирани (ете пример) на македонскиот јазик.

Ок си се интернационализмите, ама не да земаш англиски збор, и да му додадеш наставка и оп да го користиш.

Си има правила, не иде тоа како нас ќе ни текне.
зарем збори некој вака?Па оваа не е ни кул ..
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
зарем збори некој вака?Па оваа не е ни кул ..
Баш е лејм :)
П.С. Постарите знаат еден период беше модерно да се зборува полусрпски во Бивша Југославија ама и таа мода помина. Сега е на ред англиски ама оваа мода нема да помине лесно и брзо.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Баш е лејм :)
П.С. Постарите знаат еден период беше модерно да се зборува полусрпски во Бивша Југославија ама и таа мода помина. Сега е на ред англиски ама оваа мода нема да помине лесно и брзо.
Се' додека постои Фејсбук нема да помине лесно и брзо.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Само да беше до ФБ. :)
Не е само до ФБ, но таму луѓето најмногу сакаат да покажуваат дека го владеат англискиот, демек така ќе изгледаат интелигентно. Јас имам една другарка која не знае А од англиски, ама на Гугл ме тераше да пишувам best quotes, да и' кажам на што мисли авторот, за таа да си стави статус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom