Годината кога македонскиот јазик умре

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Е па да, тоа е муабетот. Демек ако се изразиш на англиски или ако користиш само интернационализми, ти си начитан или којзнае колку паметен. Ако кажеш: “Де факто, бенчмарковите се релевантни за коегзистенцијата и есенцијалноста на Република Македонија и притоа ќе и помогнат да го трасира нејзиниот пат“ всушност ти си интелектуалец затоа што тоа се “паметни“ зборови. А не си кажал ништо посебно. Ајнштајн рекол: Ако не знаеш да го објасниш со едноставни зборови, не си ја разбрал поентата. Може ова е малку оф топик, но мислам дека сепак има влијание врз англицизацијата на македонскиот јазик.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Не е само до ФБ, но таму луѓето најмногу сакаат да покажуваат дека го владеат англискиот, демек така ќе изгледаат интелигентно. Јас имам една другарка која не знае А од англиски, ама на Гугл ме тераше да пишувам best quotes, да и' кажам на што мисли авторот, за таа да си стави статус.
Многу е поингелигентно да ги знаеш македонските аналози, преводи на зборовите од Англиски. Затоа треба да знаеш едно ниво англиски повеќе.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Многу е поингелигентно да ги знаеш македонските аналози, преводи на зборовите од Англиски. Затоа треба да знаеш едно ниво англиски повеќе.
Па јас ги знам, ама не сметам дека тоа ме прави поинтелигентен од другите. Има милион примери што можам да ги дадам кога глупи луѓе се прават паметни преку користење на англискиот. Не знам, ама како никој да не сфаќа дека ако ние не си го негуваме сопствениот јазик, никој нема да ни го негува.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Не знам што ми текна, после години пуштив антена 5. Се згрозив, секој втор збор англицизам или англиски збор со додадена наставка, на национална станица ејјјјј. После ова-она ни негирале, што се бунат кога ни дома не си го зборуваат јазикот... (n)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Исланѓаните велат: „Ние немаме полиција, ама имаме јазик“.
 
М

Мартин`

Гостин
Кај нас дури ни телевизиските куќи немаат лектори вработено, погледнете само 10 минути од филмовиве пример Турски што се со превод.. не се користат воопшто литературни зборови за преведување туку термини како хаљинче наместо фустан или пак наместо испаднеме -> искочиме. А знаеме од каде учат највеќе оние најмалите тоа е токму телевизијата па сега вие видете како ќе зборуваат децата во иднина ..
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
http://forum.kajgana.com/threads/what-would-the-child-you-once-were-think-of-the-adult-you-have-become.54497/ конкретен пример :) за момент помислив дека сум на англиски форум
You don`t say....
Форум е ова, место каде не се пишуваат научни трудови, каде што можеш да научиш нешто, но тоа е само информација +, или грубо речено - street life science. Поентата на Crazy in love е тоа што се користат секакви крпеници од изрази во литературниот македонски јазик, на места каде тој е неопходен.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
38
Поени од реакции
11
Најпрво нашиот јазик не го знаеме доволно. Згора на тоа крадеме граматички правила од англискиот со што докажуваме дека повеќе внимание и важност им даваме на туѓите јазици. А англицизмите се само шлаг на целиот неред во нашата писменост. Треба многу работа, многу. Арно ама, тука медиумите наместо да помогнат, бескрајно одмагаат. Да се згрозиш! Во секоја емисија и на секој сајт (веќе кога стануваме модерни) треба да има по еден лектор! Дури тогаш ќе си помогнеме сами, колку-толку.
П.С Емисиите и сајтовите ги спомнав како најголеми медиуми бидејќи освен ТВ и Интернет тешко дека некој ќе фати книга во рака за да се сретне со официјалниот јазик.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еве уште еден пример, што ме изнервира пред некој ден...
“Се спрема фајт, ќе има фајт“...
ФАЈТ?????
Што е со употребата на зборов?
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Патем на темава сите кои го браните Македонскиот јазик користите интернационализми. Муабет ми беше турцизмите неможат да се искоренат, пренесени не се само преку тапија, туку и преку нашите старци од нивните прастарци и така натаму. Значи запазени се турцизмите во долг временски интервал кој и натака ќе се пренесува, барем за Охрид, Ресен Битола сигурен сум.
Германизми ги користи цел свет не само ние. Патентираат производи кои ги извезуваат а ние како нивни увозници ги примаме заедно со германско име. Ауспух, Лер, Дихтон, ако би ги преведиле на Македонски не знам како би звучело, можеби- цевка за издувни гасови од моторното возило, извадено од брзина, и гуми за забрана на воздух.
Србизмите се како резултат на Југославија , нашата држава беше членка во оваа федерација, а официален јазик беше српскиот. Валда јасно е зошто се користат. Тие доаѓаат касно во 80-90тите години , како предпоследни во оваа групација од интернационализми. Кумановци од увек повеќе српски зборуваат одколку Македонски како тоа ќе се промени.
Бугаризмите цела источна Македонија ги користи, а јас ништо не ги разбирам и кога се трудат да зборуваат литературно а не пак со нивните диалекти. Кога одам во Струмица како со кинези да разговарам, зборуваат пребрзо, бугаризмите им се вродени не се трудат да ги искоренат. За Валандово,Берово и тајфа, неам коментар, далдисал сам не сам забарикадил... и што не ти знам таму, ова од виц го цитирам а не знам ни што значи напишано а не пак да ми го изговори некој. Штеточинки да ја еаам, дај нек се потрудат маленку и ни нешто да разбереме!
Англицизмите се како производ на нашата едукација, нивни хостинг претставуваат медиумите, филмовите, музиката а ние само абсорбираме и користиме.
Гејмерите не користат ништо, џабе се нападнати од ова единствено сленгови- кога малиот Трпе го прашал татко му кој сконцентирано играл на компјутер што е тоа пичка. Таткому одговорил: Lol сине .... мислам Wtf
 
B

Borg_Drone

Гостин
Е па да, тоа е муабетот. Демек ако се изразиш на англиски или ако користиш само интернационализми, ти си начитан или којзнае колку паметен. Ако кажеш: “Де факто, бенчмарковите се релевантни за коегзистенцијата и есенцијалноста на Република Македонија и притоа ќе и помогнат да го трасира нејзиниот пат“ всушност ти си интелектуалец затоа што тоа се “паметни“ зборови. А не си кажал ништо посебно. Ајнштајн рекол: Ако не знаеш да го објасниш со едноставни зборови, не си ја разбрал поентата. Може ова е малку оф топик, но мислам дека сепак има влијание врз англицизацијата на македонскиот јазик.
Во македонскиот јазик има доста зборови и од германскиот, францускиот, и од англискиот јазик.
Но, имаме и сопствени зборови кои можеме да ги употребуваме за да ја доловиме поентата на нешто.
Интернационализмите се дел од нашиот јазик и тој процес на внесување зборови во нашиот јазик од надворешно потекло ќе продолжи и понатаму, особено процесот на внесување на зборови од англиското говорно подрачје од проста причина што влијанието на овој јазик ширум светот е огромно.Во некои случаи ги оправдувам внесувањата на интернационализмите на пр. во некој пишан текст, од проста причина што фонтот на зборови на македонскиот јазик е прилично сиромашен.Но, не ја оправдувам употребата на интернационализми во ситуации каде може поентата да се долови со наши зборови; кога веќе имаме сопствени зборови со кои можеме да го опишеме значењето на нешто и др. зошто да не ги употребуваме?И јас го имам забележано тоа особено низ форумов од некои личности кои употребуваат интернационализми мислејќи дека со тоа ќе докажат дека се über интелектуалци, дека се претерано начитани луѓе и др.Во ред, навистина убаво и фино што се читаат книги, но употребата на интернационализми во секој дел при пишувањето на еден текст на пример не те прават поинтелегентен напротив, тие придонесуваат за тоа да ти изгледаш во очите на сите како човек кој (во буквална смисла) немал допир со македонскиот јазик и покрај тоа што тука е роден, живее, работи и друго.Лично и јас употребувам интернационализми (еве и сега употребив погоре неколку интернационализми), не можеме да бидеме имуни на тоа но истотака се трудам колку што е можно повеќе и да употребувам зборови од наше потекло зошто така на еден начин придонесуваме сите ние да се зачува македонскиот јазик, јазикот кој го говориме и со кој пишуваме денеска.А тука истотака не е вината само во граѓаните на Република Македонија, тука вината за оваа работа што се случува со јазикот наш е и во институциите.Ама тоа во друга тема.....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Омразен збор за век и векови. Интенција. Секогаш кога го ќе го слушнам, мојата реакција е следната:


Интенција.
Интенција.
Интенција.
Интенција.

Интенција.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom