Ах, машко сум и ќе кажам дека искрено не знам дали во животот би можело да се случи нешто кое ќе ме натера да се откажам од нешто кое сум го створил, нешто што “произлегло“ од мене.
Кога ќе видам како самохрани родители (татковци и мајки) во мизерен живот, со еден куп проблеми и болки успеваат да ги задржат децата, да им ги пружат сите услови, истовремено да бидам и татко и мајка, се надевам дека што и да се случи нема да се решам да се откажам од моето дете.