Хипотетичко и едноставно прашање, само еве ќе наведам неколку ситуации на кои ќе се сетам од прва, за да ви доловам на што мислам, а и да размислите малку пред да кажете дека никогаш и во ниедна ситуација не би се откажале од своето дете. Значи, ако ниедна од дадените ситуации не ви е толку пресудна за да се откажете од вашето дете, наведете некоја покомлицирана, доколку има таква, во која евентуално би се.
-Имате долгогодишна врска, но вашиот дечко не сака да слушне за дете. Вие не сакате да абортирате, па го раѓате и го давате на присвојување дека не сте спремни да бидете самохрана мајка?
-Имате врска од соништата која не планирате да ја прекинете никогаш, се сложувате и двајцата да го имате тоа дете, но не сте спремни да се соочите и се плашите од реакцијата на вашите родители, па планирате како да го износите детето за да го дадете на посвојување?
-Имате врска која неможете да ја крунисате со брак поради недостиг на финансии и случајно останувате трудна. Бидејќи не помислувате да ризикувате со абортус го раѓате и го давате на посвојување, дека сигурно некој друг пар подобро би го израснал тоа дете?
-Имате непријатно искуство, сте биле силувани при што сте затрудниле, но и во тој случај не помислувате на абортус туку раѓате и го давате своето дете, дека не би сакале да имате нешто негово кое вечно да ве потсеќа на таа ситуација, а и не сакате да сте самохрана мајка?
-Имате веќе сопруг и деца колку што можете да си дозволите (од финансиска гледна точка), но ете се случува повторно непланирано да останете трудна. И во овој случај како и во сите, вие сте против абортус па го раѓате и давате?
Тоа би биле отприлика неколкуте покомплицирани ситуации на кои можам да се сетам, па да видиме кој би имал храброст покрај толкави препреки да го задржи своето дете, а кој размислува повеќе со разумот и би се откажал од него чекајќи подобро време за друго?