Во Новата година посакувам (Филм и ТВ желби)

Член од
20 јули 2014
Мислења
5.218
Поени од реакции
6.695
Филмот и индустријата како култура низ времето очигледно направила голем импакт кај сите нас, па посакувам комјунитито да остане и понатаму со ваков жар за дебати и дискусии и членовите внатре да продолжат да се изразуваат, докажуваат и конфронтираат едни со други. Пошто сите што ги читам тука на еден или друг начин имаат и повеќе од доволно капацитет и интерес за тоа.

Не би многу посакувал којзнае какви промени, доволно е да останат овие членови што се моментално + некои нови квалитетни адиции.
HNY
 
Последно уредено:
G

grande-juve

Гостин
уште поразновидна понуда во кино; едно групно гледање да удриме(пример филм од клубот да биде некој во кино што ќе иде филм); да се прошири клубот, посебно се слагам со хоуп, @whatto доаѓај.. и да изглеам поише филмови од неамериканскиве режисери од 40ти па до 70ти негде, тој период малце го запостаив :D Тоа отприлика.. и Ла Ла Ленд се знае што, да не им текне случајно нешто
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
и Ла Ла Ленд се знае што, да не им текне случајно нешто
А, да, и јас го посакувам истото, на невидено. :P Заборавив на ова.[DOUBLEPOST=1482905417][/DOUBLEPOST]
-ќе присуствувам барем на 12 кино премиери/проекции
Ако не сум избројал погрешно - 8/12 беа, што е подобро од ланските 3. :)
Сепак 11/12 беа (заборавив 3 од македонските). :P
 
Последно уредено:
B

Blade Torch

Гостин
-за мене посакувам да намалам на два филма неделно (еден класик и еден нов), 100филма на година ќе е доста.

- на Вот му посакувам побрзо да му работи рефлексот за ставање масивни спојлери во спојлер

- на Корвус и посакувам да и се исполни желбата да ме сретне пред проекција

- на Хоупчето и посакувам да продолжи во ист ритам, си гази она поштено.

- на Златикевичиус да продолжи барем со темата за оскар предикции и следна година, тема на годината ми е таа

- останатите да продолжите да се карате и да се сакате во исто време. Само без напуштања на форумот во знак на протест. ;)
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.244
Поени од реакции
5.932
2017та посакувам да ми биде исто вака богата и "плодна" ко што ми беше и 2016та.

Во 2015та, решив да си правам домашна колекција од филмови што сум ги оценила со 8, 9 и 10, се тегнев со 5 филмови којзнае колку време, годинава се ангажирав повеќе, и до денес колекцијата ми брои точно 103 филмови, а во 2017та посакувам да стигнам до 200.

Исто, годинава инспирирана од филмот на Wot (Only Lovers Left Alive) решив дома да си направам ваков ѕид од мои омилени режисери, актери, ликови, сцени и тн... Од тогаш до сега го имам само Бастер, па за 2017та си посакувам на ѕидот да ми висат најмалку уште 10 други!

Во 2016та изгледав 300 и нешто филмови, некои ги бирав јас, некои беа препораки, некои ги гледав со друштво, некои на тв... Оваа година, одбрав 200 филмови, 25 од клубот, 25 за некои нови, некои залутани, од тв, препораки или филмови што ќе ги гледам на кино иии 150 филмови кои не сум ги гледала, внимателно си ги одбрав и си направив листа и планирам и си посакувам да ги изгледам сите до еден во 2017та!

И! Годинава посебно си посакувам конечно да го изгледам Lunacy за да имам 100% учество во клубот. И посакувам процентот да остане и до крајот на 2017та.

На вас тука на сите ви посакувам најубава година на секое поле, да ве читам и понатаму во ист број, посакувам СИТЕ да се дружиме во клубот, гледајте што повеќе филмови, гледајте ги до крај и без предрасуди, гледајте повеќе стари и црнобели, почитувајте туѓи вкусови, сакајте се, сакајте ме :P Се извинувам за ненамерните грешки во годината што измина, во 2017та се ќе биде подобро! :love:
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2008
Мислења
4.922
Поени од реакции
7.823
Да го истерам цел филм клуб (ако ме примите пак :notworthy:), годинава тоа ми е најкриво што престанав негде накај мај-јуни ама добро е што Злате ја има листата на летербокс па планирам ако имам повеќе време да ја завршам и 2016.

Повеќе серии (годинава бев ептен дно на тоа поле) и повеќе филмови во кино. :ROFLMAO:

Среќна нова дечки. :pipi:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кристијан Бејл да не трипа со овие лоши филмови у задње време, да одбере јака улога кај што ќе конкурира за главна машка улога. (ок, не ми го спомнувајте The Big Short )

Ал Пачино и Роберт Де Ниро веќе еднаш да престанат да снимаат ретко глупи романтични комедии, да се посветат на The Irishman и да си отидат у пензија.

Да не умрам од досада на Мартинчовиот Silence.

Клинт Иствуд да развали со уште едно ремек дело ко Mystic River и Million Dollars Baby.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Желбите за 2017 остануваат истите, а еве колку од нив сум остварил во 2016:

-ќе ги изгледам сите серијали филмови за суперхерои за прв пат. И Супермени, и Бетмени, и Торови и Иксменови, и Спајдермени, и Авенџери...
Прегледај го приврзокот 162467

Од 27 во 2015 - 50 во 2016, или во проценти од 16% - 29 %. Одличен напредок!

-ќе гледам што е можно повеќе светска кинематографија, за да надоместам се што сум пропуштил
Прегледај го приврзокот 162468

Од 26 во 2015 - 51 во 2016, или во проценти од 7% - 11%. Задоволен.

-ќе ги комплетирам сите филмови од Филмскиот каталог за тапчовци
Прегледај го приврзокот 162469

Од 103 во 2015 - 115 во 2016, или во проценти од 44% - 49%. Не успеав сите, ама и 12 е доста.

-ќе присуствувам барем на 12 кино премиери/проекции
Ако не сум избројал погрешно - 8/12 беа, што е подобро од ланските 3. :)

-ќе пробам да ги изгледам сите филмови за Бонд
Прегледај го приврзокот 162470

Ова пак ми остана неначната тема. Ај, до година, здравје. :D

-ќе ја надминам бројката од 150 spotted movies
Прегледај го приврзокот 162471

Повеќе од двојно! Who is the Cat?!

-ќе изгледам минимум 30 анимирани кои сум ги пропуштил до сега
Прегледај го приврзокот 162472

Биле 105 во 2015, сега се 131, што значи сум изгледал 26. За малце, за 4! Ако ги додадам и новите, а од 2016 имам гледано преку 10, тоа се и повеќе од 30, па пак - задоволен!

-ќе ги изгледам сите македонски играни филмови
Прегледај го приврзокот 162473

И тука слабо - од 24 на крајот на 2015 - 34 на крајот од 2016. Значи - 10 филма или во проценти од 31% - 40%. Па и не е така лошо. Ќе биде!

-ќе ги изгледам сите „Оскаровски“
Прегледај го приврзокот 162474

Од 23 на крајот на 2015, 37 на крајот од 2016, или во проценти од 26% - 42%. Тука презадоволен!

Плус, во 2016 си зададов 3 други предизвици, и еве каков е мојот резултат во нив:

-Film Club!
Прегледај го приврзокот 162475
:D :D :D

-5X Film challenge – Kajgana
Прегледај го приврзокот 162476

:) :) :)

-Пат околу светот за 80 филма
Прегледај го приврзокот 162477
Не успеав да го заобиколам светот, гледав филмови од 47 држави само, но со оглед на тоа што голем дел од нив беа кинематографии со кои прв пат се запознавам (Мавританија, Јордан, Виетнам...), пак сум задоволен од постигнатото. За 2017 овој предизвик ќе го изоставам за да можам да се посветам на другите.

-А еве ми го резултатот кај филмовите од 2016:
Прегледај го приврзокот 162478

За 2017, продолжувам со малку спласнато темпо, не дека не можам, туку дека не сакам. Ќе пробам да начнам од сѐ ова погоре (клубот секако останува на исто ниво, но 5X предизвикот ќе го модифицирам и терам исклучиво на Letterboxd зашто тука и не наиде на некој добар прием). Ќе додадам само уште еден нов предизвик:

-Ќе изгледам што е можно повеќе филмови од новата КАЈГАНА ТОП 250 листа. Еве го мојот резултат во моментов.
Прегледај го приврзокот 162479

Сумирано, 2016 ми беше можеби најдобрата филмска година во животот! Ептен се исфорсирав, но време е малку да забавам, затоа до година нема да одам со толкави бројки, па посакувам барем пола од ова годинава да ми се повтори. Среќен сум што 2016 ни го донесе филмскиот клуб, и најискрено посакувам да потрае. Среќен сум што полека, по скоро 3 години го финишираме проектот КАЈГАНА ТОП 250 (останаа уште 4 непознати кои ќе ги откриеме до крајот на годинава, како што ветив). Среќен сум што по петти пат ги прогнозирав освојувачите на Оскарите во петтата по ред тема за таа намена. Среќен сум што за некој ден ќе ја отворам Moviespotting 2017, по четврт пат (уште еден успешен форумски проект на кој сум особено горд). И среќен сум што некаде во март 2017 ќе продолжиме уште една успешна традиција, Кајгана филмските награди - официјално по втор пат, неофицијално - по трет.

А најсреќен од сѐ сум што мислам дека придонесов да го направам ова наше катче поубаво место, иако со врзани раце и ограничени можности. Им благодарам пред сѐ на @џимеј и @wot , по стоти пат, за поддршката и ви благодарам на сите што сте најкул дружината на форумов. Во 2017 вам ви посакувам да имате филмска година како мојата 2016, и да останете најдобри! ;)
Пак, и за 2018, истите желби. Еве ги резултатите од 2017:

-ќе ги изгледам сите серијали филмови за суперхерои за прв пат. И Супермени, и Бетмени, и Торови и Иксменови, и Спајдермени, и Авенџери...
Screenshot_1.jpg
Подобрување за цели 3%. Или цели 8 нови филмови! ОК, задоволен.

-ќе гледам што е можно повеќе светска кинематографија, за да надоместам се што сум пропуштил
Screenshot_2.jpg
И тука цели 3% подобар скор. Или од 51 во 2016, 64 во 2017, или 13 нови филмови. Процентот е уште низок, но на листата има огромен број на филмови, па затоа. Инаку, 3% ми беше напредокот и лани, па така, се држам. Задоволен.

-ќе ги комплетирам сите филмови од Филмскиот каталог за тапчовци
Screenshot_3.jpg
И тука 3% напредок. Или од 115, на 122 филма комплетирани. Само 7 изгледани, до душа, ама и тоа е нешто. Задоволен.

-ќе присуствувам барем на 12 кино премиери/проекции
Ова никогаш не успевам да го остварам. Обврски (@Anon , :P). Само 4/12 годинава. Катастрофа!

-ќе пробам да ги изгледам сите филмови за Бонд
Screenshot_4.jpg
Исто и ова. Уште стои недопрено, ама си ветив на себеси дека во еден од месеците предизвик во 5X предизвикот ќе ми биде да изгледам барем 5, со по еден од актерите. Па ќе видиме.

-ќе ја надминам бројката од 150 spotted movies
Screenshot_5.jpg
Done. 172 до сега, само пола од тоа лани што изгледав, ама си ветив на себеси дека нема да одам со толкава бројка како лани 300+, па еве, ветувам дека и во 2018 ќе бидат помеѓу 150 и 200, никако повеќе од тоа!

-ќе изгледам минимум 30 анимирани кои сум ги пропуштил до сега
Screenshot_6.jpg
Само 1% напредок. Лани имав 131, годинава 135, значи само 4 сум гледал од испуштените, но некако и на 150 вкупно, нереално беше да се очекува 30 анимирани да бидат. Ете, целта за 2018 ќе ми биде 10 анимирани.

-ќе ги изгледам сите македонски играни филмови
Screenshot_7.jpg
Тука напредував доста. Цели 7%. Или од 37, на 44 филма, т.е. 7 македонски во 2017, што е супер бројка. Задоволен.

-ќе ги изгледам сите „Оскаровски“
Screenshot_8.jpg
И овде потфрлив. Само 2 филма, т.е. само 1% подобрување.

-Film Club!
Screenshot_9.jpg
Испуштив 3 од клубот (плус и новиот кој е од денес, затоа 4). Ама ќе ги изгледам и тие во 2018.

-5X Film challenge
Screenshot_10.jpg
Тука бев добар. Од 68%, скок на 75%. Продолжуваме и во 2018 со нови теми!

Темата со Пат околу светот за 80 филма не ја продолжив, па така не знам каков ми е резултатот таму, ама од минимум 30 држави сигурно сум гледал по еден филм.

-Ќе изгледам што е можно повеќе филмови од новата КАЈГАНА ТОП 250 листа.
Screenshot_11.jpg
Исто 3% напредок. Сум изгледал 9 филма во 2017.

-еве ми го резултатот од филмовите од 2017
Screenshot_12.jpg

Многу послабо од 33% од 2016, кои сега се зголемени на цели 42%, а плус имаше и многу повеќе филмови на таа листа. Ама 2017 тек почнува. Таму до март, април, уште едно 40-50, сигурно ќе изгледам.

И најголемата желба од сите, La La Land да добие Оскар, не ми се исполни. Годинава немам така фаворит, на невидено, ама еве, од најсериозните кандидати, до сега стискам палци за The Shape of Water.

Среќен сум што забавив со темпото во 2017, за разлика од ненормалната 2016, и најдов повеќе време за некои други работи. Од таму доаѓа и моето задоволство. Останува, реков, со исто (или дури уште послабо) темпо и во 2018.

На Кајгана, среќен сум што по 6 пат ја отворив темата за Оскарите, до година, среќен сум што и за некој ден ќе ја отворам, по јубилеен, 5 пат Moviespotting 2018 темата, а во март по 4 пат ќе имаме и Kajgana Movie Awards.

И пак, најсреќен од се сум што клубот се уште опстојува, иако со намален број на членови, но „колку сме, толку сме, токму сме!“ Секако, секој е добредојден да ни се приклучи, но некако многумина ветуваат, а не остваруваат. Еве, веќе го тераме 53 филм во клубот, што е одлична бројка, и освен темата за Генерална дискусија, не гледам дека некоја друга на подфорумот е толку активна како клубот. Продолжуваме со исто темпо и во 2018.

Пак, copy-paste-ирано од лани: најсреќен од сѐ сум што мислам дека придонесов да го направам ова наше катче поубаво место, иако со врзани раце и ограничени можности. Им благодарам пред сѐ на @џимеј и @wot , по стоти пат, за поддршката и ви благодарам на сите што сте најкул дружината на форумов. Во 2018 вам ви посакувам да имате филмска година како мојата 2016, и да останете најдобри! ;)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
5.721
Пак, и за 2018, истите желби. Еве ги резултатите од 2017:

-ќе ги изгледам сите серијали филмови за суперхерои за прв пат. И Супермени, и Бетмени, и Торови и Иксменови, и Спајдермени, и Авенџери...
Прегледај го приврзокот 182387

Подобрување за цели 3%. Или цели 8 нови филмови! ОК, задоволен.

-ќе гледам што е можно повеќе светска кинематографија, за да надоместам се што сум пропуштил
Прегледај го приврзокот 182388

И тука цели 3% подобар скор. Или од 51 во 2016, 64 во 2017, или 13 нови филмови. Процентот е уште низок, но на листата има огромен број на филмови, па затоа. Инаку, 3% ми беше напредокот и лани, па така, се држам. Задоволен.

-ќе ги комплетирам сите филмови од Филмскиот каталог за тапчовци
Прегледај го приврзокот 182389

И тука 3% напредок. Или од 115, на 122 филма комплетирани. Само 7 изгледани, до душа, ама и тоа е нешто. Задоволен.

-ќе присуствувам барем на 12 кино премиери/проекции
Ова никогаш не успевам да го остварам. Обврски (@Anon , :P). Само 4/12 годинава. Катастрофа!

-ќе пробам да ги изгледам сите филмови за Бонд
Прегледај го приврзокот 182390

Исто и ова. Уште стои недопрено, ама си ветив на себеси дека во еден од месеците предизвик во 5X предизвикот ќе ми биде да изгледам барем 5, со по еден од актерите. Па ќе видиме.

-ќе ја надминам бројката од 150 spotted movies
Прегледај го приврзокот 182391

Done. 172 до сега, само пола од тоа лани што изгледав, ама си ветив на себеси дека нема да одам со толкава бројка како лани 300+, па еве, ветувам дека и во 2018 ќе бидат помеѓу 150 и 200, никако повеќе од тоа!

-ќе изгледам минимум 30 анимирани кои сум ги пропуштил до сега
Прегледај го приврзокот 182392

Само 1% напредок. Лани имав 131, годинава 135, значи само 4 сум гледал од испуштените, но некако и на 150 вкупно, нереално беше да се очекува 30 анимирани да бидат. Ете, целта за 2018 ќе ми биде 10 анимирани.

-ќе ги изгледам сите македонски играни филмови
Прегледај го приврзокот 182393

Тука напредував доста. Цели 7%. Или од 37, на 44 филма, т.е. 7 македонски во 2017, што е супер бројка. Задоволен.

-ќе ги изгледам сите „Оскаровски“
Прегледај го приврзокот 182394

И овде потфрлив. Само 2 филма, т.е. само 1% подобрување.

-Film Club!
Прегледај го приврзокот 182395

Испуштив 3 од клубот (плус и новиот кој е од денес, затоа 4). Ама ќе ги изгледам и тие во 2018.

-5X Film challenge
Прегледај го приврзокот 182396

Тука бев добар. Од 68%, скок на 75%. Продолжуваме и во 2018 со нови теми!

Темата со Пат околу светот за 80 филма не ја продолжив, па така не знам каков ми е резултатот таму, ама од минимум 30 држави сигурно сум гледал по еден филм.

-Ќе изгледам што е можно повеќе филмови од новата КАЈГАНА ТОП 250 листа.
Прегледај го приврзокот 182397

Исто 3% напредок. Сум изгледал 9 филма во 2017.

-еве ми го резултатот од филмовите од 2017
Прегледај го приврзокот 182398

Многу послабо од 33% од 2016, кои сега се зголемени на цели 42%, а плус имаше и многу повеќе филмови на таа листа. Ама 2017 тек почнува. Таму до март, април, уште едно 40-50, сигурно ќе изгледам.

И најголемата желба од сите, La La Land да добие Оскар, не ми се исполни. Годинава немам така фаворит, на невидено, ама еве, од најсериозните кандидати, до сега стискам палци за The Shape of Water.

Среќен сум што забавив со темпото во 2017, за разлика од ненормалната 2016, и најдов повеќе време за некои други работи. Од таму доаѓа и моето задоволство. Останува, реков, со исто (или дури уште послабо) темпо и во 2018.

На Кајгана, среќен сум што по 6 пат ја отворив темата за Оскарите, до година, среќен сум што и за некој ден ќе ја отворам, по јубилеен, 5 пат Moviespotting 2018 темата, а во март по 4 пат ќе имаме и Kajgana Movie Awards.

И пак, најсреќен од се сум што клубот се уште опстојува, иако со намален број на членови, но „колку сме, толку сме, токму сме!“ Секако, секој е добредојден да ни се приклучи, но некако многумина ветуваат, а не остваруваат. Еве, веќе го тераме 53 филм во клубот, што е одлична бројка, и освен темата за Генерална дискусија, не гледам дека некоја друга на подфорумот е толку активна како клубот. Продолжуваме со исто темпо и во 2018.

Пак, copy-paste-ирано од лани: најсреќен од сѐ сум што мислам дека придонесов да го направам ова наше катче поубаво место, иако со врзани раце и ограничени можности. Им благодарам пред сѐ на @џимеј и @wot , по стоти пат, за поддршката и ви благодарам на сите што сте најкул дружината на форумов. Во 2018 вам ви посакувам да имате филмска година како мојата 2016, и да останете најдобри! ;)
Ти па секоја година само за себе си посакуваш, посакај и за нас нешто, себичњак :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Ти па секоја година само за себе си посакуваш, посакај и за нас нешто, себичњак :P
Па:
1. Читај до крај. :P
2. Еднаш посакав да остварите една цел во една тема. Знаеш колку заинтересирани имаше? 0. Поточно двајца, ама 0 ја остварија целта. ;)
 
На врв Bottom