Која чудна дешавка вчера имав мајко мила.
Имам стан од баба ми покојна во центар на градот, во кој бајаги бреме не бев влезен, скоро година и пол, ради оправдани причини. Се ослободи станот од киријаши деновиве, небитно. Идам вчера вечер на проверка , пијам една мастика таму, топ си викам стан плус имам за летово.
Пред пред бегање падна муабет со другаров дека има казино ново долу и си викаме ајде да пуштиме по една 100 ка. Излегуваме и заклучувам врата. Само што заклучив после не цели 10 секунди ми текна дека маската ја заборавив внатре во собата и нема да можам да влезам во казиното без маска. Пробувам да отклучам,неќе. Пробувам јас, пробува другаров НИКАКО. Влечиме на кај нас, тургаме, обратно, секако, едно 10 минути, клучот ни да мрдне , исто како да имаше од внатре уште еден клуч. Дома ко дојдов им кажав на моите дека не работи бравата и им го дадов клучот.
Сабајлево станувам моите зачудени до крај, биле сабајлево таму одма влегле со истиот клуч одма отвориле.
Не верувам дека е некоја натприродна работа, ама ептен чудна ситуација беше 10 минути двајца се боревме и не успеавме да отклучиме а денеска обратно испаднало, одма отклучиле.