Епа вака некако да почнам од некаде ...
Година е од прилика 2005-2006. Татко ми тој период доста послободен од работни обврски доста често одеше во Бигорски и во Рајчица и многу пати мене ме носеше таму. За нареднава случка тој тврди дека и јас сум бил во посета на манастирот со него но искрено не се сеќавам пошо бев многу мал.
Еден ден тато со уште едно младо момче од Охрид(тогаш младо сега е 35+) додека помагале нешто во манастирот отец Макариј ги викнал нив двајца да појдат со него и да му поможат. Имено била дојдена некоја Албанска фамилија во манастирот, при што имале болна жена со нив , веројатно член на фамилијата. Пред тоа биле кај многу оџи, при што еден од оџите ги испратил во Марков манастир а од таму ги упатиле во Бигорски.
Проблемот бил што жената била многу болна и многу слаба цела коски и кожа, изнемоштена, без апетит, многу тежок случај за гледање... Ја кренале тато и другите и ја донесле до чешмите внатре во дворот на манастирот... Во текот на времето кога и кажале на жената дека има извори со лековита вода во близина на манастирот по удолници по некоја козја патека самата побарала таму да ја однесат.
Отишле сите кај местото кај изворот и за долу тргнале да ја носат на извор болната жена. Пешки се упатиле со жената, ја носел некој од фамилијата во раце. Меѓувреме горе на патот тато и уште еден албанец од фамилијата останале до колата да ги чекаат.
Кај истите извори татко ми пред то бил оден повеќе пати, низ козја и стрмна патека, за нагоре патот воопшто не бил лесен дури и тој што е планинар со години, кога ќе се враќал од изворот знаел да се задиши..... После извесно време чекање и чекање ја здогледале жената како брзо сама се качува. Истата жена што пред тоа не можела сама да се движи,... се качувала со толку големи чекори, толку голема е енергија што радоста нејзина не можела да се опиши. Ке го цитирам татко ми - ''
Ко ја видов жената во нејзе имаше таква силна енергија и таков дух што нозете ми се пресекоја''. Толку брзо се качила што стигнала неколку минути пред другите со нејзе што биле долу, во превод ги претицала сите.
После то тој мажот албанец што ја донесол со солзи во очи ги бакнувал рацете нејзе и на сите останати, сакал да им даде пари и други дарови на сите што биле тука, тој настојувал , но никој не сакал да прими нешто такво под никој случај па му рекле дека доколку сака може да дарува на манастирот.