Очите не ве лажеле и нема зошто да го доведуваш во прашање твојот здрав разум. Ако живеела сама непостоечки се шансите некој подоцна да влегол во куќата и да сте виделе жив човек, а тоа значи дека бездруго станува збор за нејзиниот дух. Фактот дека се покажала баш кога ти си минувал крај нејзината куќа во твојот град значи дека сакала да ти испрати некаква порака. Бидејќи не покажала никаква агресија, туку напротив спокојно си се шетала по својот земски дом, мојата образована претпоставка е дека веројатно станува збор за твојата биолошка мајка. Знам дека сево ова е премногу да се соџвака и восприми, но ќе мораш да бидеш силен. Јас сè што можам да направам е да ти изразам сочувство.