Да бе, гледач на кафе или на тарот карти... му дошол на царов и му рекол..царе ти гледам на дланката неке документе, а и една црна жена што ти ровар... ааа ова не е на арно, дај 100 евра да ти растурам магијава
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Абе Змејко, Летописи не е пишувана на македонски јазик, туку на хебрејски. Зборот што во нашиот превод е преведен како гледач не се однесува на она што ние денес во Македонија во 21век подразбираме под „гледач“. Зборот е „ראה“ (rô'eh) и значи гледач на визии (да не речам визионер, бидејќи и тоа има друго значење кај нас). И од контекстот на текстот јасно се гледа дека тој имал визија од Бог што требал да му ја пренесе на царот. Бидејќи авторот на текстот ги коментира постапките на царот Аса и ја нагласува неговата бунтовност и нелојалност кон Бог, неговото непокајничко срце и сл, и во тој контекст царот Аса ја добива Божјата порака, па ја одбива, па казнет е за тоа и пак не се покајува и потоа му завршува животот, се си е по таман и во контекстуално логичка конзистентност, и доколку гледачот бил некој преверант што би го лажел царот, авторот кој го коментира текстот ќе го забележел тоа, ќе нагласел дека станувало збор за лажен гледач и сл.
Кога би ја прочитал целата Библијата ќе забележиш дека во стариот завет речиси ова е еден стандарден шаблон како Бог ги опоменувал непослушните личности пред да ги казни.
Значи се си е по таман, разбиливо и јасно за сериозните читатели на Библијата и овој текст никогаш не бил според за христијаните.