Значи според вас , ако верувам во Господ јас сум зависна, ограничена и личност без самодоверба. НЕ!!! Јас сум многу среќен човек бидејќи сите ги сметам за еднакви и не правам нешто на друг што не сакам да ми го прават мене . Ги сакам најблиските и они ме исполнуваат , а и верувам во Господ кој е дено-ноќно со мене , всушност Тој е мојата сенка . А , и да ве прашам , кога веќе не верувате во Господ , никој не ве ограничува , СЛОБОДНИ сте и може да правите што сакате , зошто не почнете да убивате ,да вреѓате се
живо и диво , бидејќи за вас не постои грев и никој и никогаш нема да ви суди ? Значи , ако некој почитува норми и правила на однесување во животот верува во нешто , без разлика дали во себе или во нешто вишо . Најбитна е ЉУБОВТА бидејќи таа НЕ прави човечни и не движи напред , доколку омразата не уназадува . Христијанството и пораката што ја носи Библијата,било прикаски за мали деца или не , се створени за луѓето да се САКААТ и ПОЧИТУВААТ меѓу себе , а сосем друго е тоа што црквата како институција правела низ историјата . Е ако некој е против тоа да се САКАМЕ и ПОЧИТУВАМЕ , тогаш незнам зошто воопшто живее .