Ај одма да заработам -1 поен од тебе.
Значи немам ништо против луѓето да земаат пасоши, секој човек е слободен да прави што сака, ме чуди само што добиваат бугарите со тоа што ќе дадат пасоши на цел Балкан.Мислат дека со тоа нешто ќе постигнат? Дека на некој во светот го заболе таквото за нив?
Види, не ми се баш пријатни длабоки анализи на намерите на нашиот конкретен сосед, вака на форум. Си дозволувам само да наговестам што мислам, а сметам дека за тоа сите ние (македонци) сме свесни. На крај краева, времето ќе ги покаже намерите и ќе ги разоткрие скриените планови-ако ги има

Според мене, секако дека постои некаква намера позади делењето на пасоши-ко што рече ти, како бомбони. Цел свет не ги добива тие бомбони, само ние Македонците. Случајно? Зошто не им дели на Јапонците, само на жими мајка-ако се изјаснат дека имаат бугарски предок?
И не дека сеа ќе тргнеме да ги давиме новопечениве Бугари, вака освестени и со широки видици и сфаќања, во фонтаната на плоштад. Ако збориме за право, имаат право да се пишат како што сакаат-и државата им го вика тоа. Мене ми смета дволичноста-од една страна константно се труеме со некакви корени кои допираат од п.н.е, ќе чуеш глупости као секој втор на планетава (низ историјата) имал некаква врска со Македонија, а од друга страна новомилениумските Македонци се ослободуваат во сфаќањата ГРАБАЈЌИ бугарски државјанства (дискутирано е како се добиваат), оправдувајќи се (генерално) со егзистенцијални проблеми. Ја ТВРДАМ дека сите што земале БГ пасош (а кои што немаат некаква врска со Бугарија) немаат егзистенцијални проблеми. Ги зимаат, што би се рекло, за резерва. Колку да имаат некој џокер у рака.
А у меѓувреме, Бугарија си брои...