Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Па нормално дека не е бугарски, затоа ти смета бугарскиот.
Не е битно каков е, се користи со иста цел.

Најлесно е, Петар, најлесно е да бидеш патриот голем Македонски, а да живееш многу подалеку а друг да го полни буџетот на Македонија. Во исто време да се правиш хуманитарец и да навредуваш цела нација Македонци.
Дечко, си ја утнал работата и соговорникот. Јас не сум поднесол молба за бугарски пасош. За патриотизам и лупање у груди, со друг ќе ја дрвиш. Никаде не навредив цела нација -- тоа е само твое подло, аматерско подметнување. Постовите стојат, вклучително и твојава клевета.
 
T

Tetro

Гостин

Извини, сум те измешал со некој друг. :rolleyes:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Извини, сум те измешал со некој друг. :rolleyes:
Сериозно, бујрум прочитај што сум напишал на темава и ако некаде најдеш дрвење за патриотизам и навреда кон било која нација, постирај. Ако не, тогаш следи дека твоите тврдења се малициозни и измислени.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
ВО македонскиот пасош и да сакаш невозможно е да се помочаш. можеш на него да мочаш ако сакаш.
П.С шо си ти? турчин албанец босанец торбеш? сериозно те прашувам.. или македонец си? или бугар?
decko hristijanin bitolcanec sum :)
 
Н

нихилист

Гостин
Зошто добив претстава дека ти си еден од ретките кои нема да ми пцујат мајка шајка фамилија и нема да дојде до непотребни опонирања ќе те прашам: кој е аргументот против Бугарски пасош?

Според мене Македонец, Македонско, Македонија не постојат, тие се конструкти на нашиот ум. Националниот идентитет не постои. Никој не се раѓа со Македонско знаме кодирано во неговите гени.

Од тој аспект, зошто треба јас да се грижам за изгинување на Македонската држава и идентитет? "Таа ме изнедрила" е инфантилен аргумент. Не е точно, ни-ка-ко не ме изнедрила таа, тоа што сум пораснал и сеуште живеам на нејзина територија не го менува фактот дека таа била и ќе биде индифирентна спрема мене.

Да напоменам, немам Бугарски пасош и не сум на работ на егзистенција но ете ме интересира кои се според тебе аргументите против странски пасош. Поздрав!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100

Од тој аспект, зошто јас треба да се грижам за изгинување на Македонската држава и идентитет? "Таа ме изнедрила" е инфантилен аргумент. Не е точно, ни-ка-ко не ме изнедрила таа, тоа што сум пораснал и сеуште живеам на нејзина територија не го менува фактот дека таа била и ќе биде индифирентна спрема мене.

Да напоменам, немам Бугарски пасош и не сум на работ на егзистенција но ете ме интересира кои се според тебе аргументите против странски пасош. Поздрав!
реакцијата што ја очекувам на болдот е ...мирни прибрани луѓе, воглавно, со по некој бунтовнички но сепак добронамерен пост.... Ако истиот овој текст го постираш на еден бугарски, еден грчки и еден српски форум...со одредени измени дека не постои бугар, грк, србин, дека не постојат бугарски, грчки и српски идентитет, мислам дека нема да помине постот третиран вака цивилизациски.
аргументите против странски пасош
сепак во темата се дискутира против (или за, сеедно) бугарски пасош. Со другите држави и си го немаме баш она натигодајмиго по одредени теми.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Зошто добив претстава дека ти си еден од ретките кои нема да ми пцујат мајка шајка фамилија и нема да дојде до непотребни опонирања ќе те прашам: кој е аргументот против Бугарски пасош?

Според мене Македонец, Македонско, Македонија не постојат, тие се конструкти на нашиот ум. Националниот идентитет не постои. Никој не се раѓа со Македонско знаме кодирано во неговите гени.

Од тој аспект, зошто треба јас да се грижам за изгинување на Македонската држава и идентитет? "Таа ме изнедрила" е инфантилен аргумент. Не е точно, ни-ка-ко не ме изнедрила таа, тоа што сум пораснал и сеуште живеам на нејзина територија не го менува фактот дека таа била и ќе биде индифирентна спрема мене.

Да напоменам, немам Бугарски пасош и не сум на работ на егзистенција но ете ме интересира кои се според тебе аргументите против странски пасош. Поздрав!
Како одговор ќе го репостирам мојот коментар:

Двојното (или повеќекратно) државјанство за мене не е никаков проблем ниту пак може некого да го идентифицира како непатриот. Мерењето на количество патриотизам отсекогаш ми било смешно и неконструктивно. Сепак, случајот со бугарски државјанства е специфичен поради историската и политичка заднина.

Условот за земање пасош за кој се спори на темава е по основа на крвна (етничка) припадност кој во меѓународното право е познат како jus sanguinus. Според ваквото право, Бугарија има донесено закон (т.н. lex sanguinus) кој предвидува давање државјанство на оние кои имаат „Бьлгарски произход“.

Според Чл. 15 од Бугарскиот закон за државјанство од 1991„...an individual "of Bulgarian origin" may be naturalized without any waiting period and without having to show a source of income, knowledge of the Bulgarian language or renunciation of his former citizenship.“

Вакво право на стекнување државјанство се применува во други земји во светот и не претставува исклучок. Допуштам дека во Македонија постојат такви кои се чувствуваат како Бугари и сосема е природно за таквите да посакаат да имаат бугарско државјанство. Но, се прашувам колку од Македонците кои зеле бугарско државјанство навистина имаат „бьлгарски произход“ или „бьлгарско самочувствие.“ Вековната асимилаторска политика на Бугарија кон Македонците е сосема доволна причина да се проблематизира доброволното изјаснување на илјадници Македонци како Бугари.

Од разговорите на форумов (и од исказите на оние кои добиле бугарски пасоши) може да се заклучи дека причините кои Македонците апликанти ги наведуваат се прагматични (обезбедување егзистенција, безвизно патување, стипендии, итн.) Јас сосема ги разбирам оние кои се борат да обезбедат егзистенција, да патуваат без визи, или да добијат стипендии. Меѓутоа, илјадниците Македонци кои се изјасниле како Бугари даваат силна поткрепа на асимилаторската теза дека Македонците се всушност Бугари. Кој одбива да го согледа ова или глуми лудило или е тотало незаинтересиран за политичките консеквенци од ваквите државјанства.

А ве го мојот конкретен одговор на твоите прашања. Според мене идентитетите (сите, не само етничкиот) се социо-културолошки конструкти. До еден. Нема никаква генетика ниту метафизика. Значи, апсолутно се согласуваме во концептуализацијата на идентитетот. Каков е односот кон тие конструкти е посебно прашање. Лично, не се сметам супериорен (ниту инфериорен) што сум Македонец. А се сметам Македонец, се декларирам кога треба како таков, и природно ми е да се произнесам така, поради моето потекло и чувтсво за припадност. Се разбира, не очекувам секој да се сложи со моето чувство за припадност и критериуми.

Твојот став кон нацијата на која одбираш (или не) да и` припаѓаш и кон државата е твое право. Вклучително и правото да бидеш апатичен кон Македонската држава и етникум, да плукаш, да протестираш против било кои инструменти и симболи на државата, да мочаш и сереш на пасоши, знамиња, итн. За мене ова е слобода на говор и изразување, а не некакво сквернавење, предавство и сл. Никаде не дрвев ниту морализирав за нешто такво. Лично, не би ги избрал повеќето од овие форми на слобода на изразување, но без никаков проблем ги почитувам како демократско право. Коментарот за мочањето на пасош се однесување на конструктивност во дискусијата и некаков придонес.

Да поентирам: и покрај согласувањата околу социо-културолошката фундираност на конструктите „нација“ и „држава“, како и демократското право на секакво несогласување и слобода на личен избор, јас стојам зад ставот дека, во горепосочените услови (од мојот поранешен пост) апликацијата за бугарски пасош може да има негативни консеквенци. Лично, не би зел бугарски пасош од тие причини. Не верувам дека некаде ги осудив оние кои тоа го сториле или сакаат да го сторат -- тоа е нивно право. Сметам дека ваквиот мојот став е доволно аргументиран, и не содржи ниту ограничување ниту пак осуда.

Поздрав и извинување за километарскиот пост. Обично избегнувам такви, ама сега не ми успеа да го сублимирам одговорот.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Дискусијава е повеќе за во филозофија и психологија подфорум, но, ако сака некој да филозофира и овде ,ОК.

Јасно е дека секој човек индивидуално си го создава својот идентитет, па освен неговото име ,презиме и сл.некој во идентитетот си ја вклучува и својата национална припадност.

Ок е да има анационални луѓе на кои не им значи ништо припадноста кон некоја нација, но малку е нелогично во конкретниов случај да се спомнува тоа. Ако не постојат Македонец, Македонија, тогаш зошто се изјаснуваш како Бугар,ако и тоа не постои. Може да не се идентификуваш со ниеден народ, ама негде фигурираш како припадник на некој од народиве, се додека постојат како такви. Мислам, на попис мора да се изјасниш некако, па макар и Клингонец. Значи, ако нема Македонец како категорија, тогаш зошто да се изјаснувам како нешто друго, што исто така не го признавам дека постои.
Но, она што е најтрагично, е дека баш на Балканов наш, ради тие идентитетски моменти сме закочени како држава, Грција ни го спори идентитетот, Бугарија ја користи таа ситуација за да исто така присвои дел од тој идентитет, заради некакви си права на малцинствава наши, од народ станавме етничка заедница итн.
Значи, сите околу нас баш преку тој ,за некого, непостоечки феномен наречен национален идентитет, си остваруваат свои цели, баш заради тој невидлив и фантомски идентитет седиме закочени со децении како држава, ама иритира кога е ОК Грците, Бугарите, Албанците да си се држат до него и го реметат Балканов, но ние Македонциве треба да се срамиме што се идентфикуваме со нешто, замисли, непостоечко.
 
Н

нихилист

Гостин
Во ред штом сметаш дека се работи за лично право и не осудуваш. Штета што повеќето нема да се согласат со ова. Мене лично не ми смета ако некој ме нарече Србин, Грк, Кинез, Марсовец итн. Од таа причина велам дека ако тој пасош ми носи подобра живеачка и со него ми се отвораат повеќе можности, дали некој ќе ме нарече Блгарски предавник или не прави па најмала разлика.
--- надополнето: Sep 14, 2011 6:59 AM ---
Vivian, освен одреден дел кои земаат Бугарски пасош зошто се чувствуваат како Бугари, повеќето земаат заради екомонски причини. Мислиш дека да беше исто толку лесно да се 'нарача' Германски, Британски, Американски пасош тие би трчале по Бугарски? Не е така.
 
Па мислам дека ќе се согласат оние кои се спремни на таква толеранција кон оние кои имаат сосема спротивни (или дури радикални) мислења, ставови и избор. Се разбира, во цивилизирана дебата, нашите мислења ќе се разидат. Но, тоа е дел од толеранцијата -- да го прифатиш правото на слобода на говор и израз од кои можеби и ти се превртува утробата.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Да бевме Ок држава да имавме Поштен народ и Политичари друга песна ќе беше ,

немаше да ни треба ни пасош ни работа надвор ништо а знаете кај нас нема ни работа а нема ни луѓе кога ги нема и двете работи зошто да му мислиме за бугарски пасоши.

селото гори а бабата се чешла,

Владата можеше да мисли на Здравството избегаа сите доктори,(воведоа електронски систем закаснија)

Владата можеше да мисли на Економијата да работат фирмите и да има бизнис (наместо фирмите владата беше стопанственик),

Владата можеше да мисли на патиштата наместо да прави споменици,(наместо да ги прави ги дава на приватен концесионер)

Владата мораше да мисли на младите наместо да ги прави паразити,(си отидоа надвор)

Владата можеше да намали администрација (полиција,царина,собрание,централен регистар,министерства за економии и јавни претрпијатија и судови) закасни со електронско поврзување,

Немање на редовна плата макар и 180000ден и слободно време за активности,

Може да ги броиме сите причини не велам дека надвор е мед и млеко но МОБИНГОТ го правите сите вие на форумот кои постојани зборите за еден факинг пасош колку било страшно а да речеме кога станува збор за донации или да се помогне тоа заборавате .КОЈ Е ГРОБАР НА КОЈ?
Грешките прво во себе треба да ги бараме.

Кога го прашале Мајкл Мур дали може поединец да го смени капитализмот во Америка,тој одговорил никогаш бидејќи секој поединец верува дека ќе биде богат за година или две.funny
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ок ај сега кажете нешто во врска со Бг пасошите ... како на пример имам информација дека кога одиш да вадиш пасош ти прават матичен број, адреса на живеење и место на раѓање во БГ и сл. па си мислам како може еден да биде роден и во БГ и во МК, дали е легално една иста личност да има два различни матични броеви и сл. и кои се последици може да настанат од сето тоа.
Место на рагjaне е само едно и това е кадето си роден/а.
Матичен броj и адреса да - прават се.
Една и иста личност може да има повеке матични броеве,заштото системот за генериране на матичните броеве са различни и сека цифра значи нешто,а на таа позициja во другата држава е друго.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Доколку ми е единствена опција(веќе кога сите други ќе се потрошат) за работа во животов би зела...
Со стомакот по лебот шо би рекол Тони Михајловски
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Еве и малце статистика. До този момент БГ за 2011 година е дала 11 441 нови државjaнства, от нив на от РМ - 5 533, Молдавиja - 1593.
Одбити са 4514. За 10 години дадено е државjaнство вкупно на 68 539 луге, а апликантите са 127 006.
За тези 10- години от:
Македониja-35808
Молдавиja - 18 646
Србиja – 3 318
Русиja – 2 733
Украjна – 2 526
Израел – 2 081
Албаниja – 1128
http://dnes.dir.bg/news/balgarsko-grazhdanstvo-9554378?nt=9
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom