Трета недела ми е како вежбам, освен зацврстување на некои мускули(рамо и трицепс, можда малце и бицепсот) нема никакви резултати. Не дека е голем период, ама неам веќе воспаленија, онака лесни ми станаа вежбите, мислев дека ако правам повеќе серии ќе има нешто ефект(слабеење што дознав пред 2-3 дена дека е најголемата невистина околу вежбање). Но јеби га, почетник сум и грешките се неизбежни.
Финтата беше да се избегне теретана, да се вежба у домашни услови (бидејќи неможам у теретана да слушам совети од секакви незналици, ме иритира тоа ептен), али изглеа ќе морам да појдам, колку и да не ми се иде, кога-тогаш и тоа е неизбежно
. Сепак задоволен сум, бидејќи ја средив исхраната, не јадам ко стока веќе се што стигнам - пржено месо/компири, слични фаст фуд, леб избегавам максимално,благо ич, кафе помалце пијам(али кога го пијам ставам шекер - нешто од кое неможам да се одвикнам, а со натрен ми е одвратно),почнав да избегавам коли/автобуси - почесто пешачам , и што е најбитно од се стекнав некаква навика барем 45 минути у денот да вежбам(макар и тегови од 5 кила да кревам, или скокање јаже
), нешто што претходно беше незамисливо.
Aко има некој било каков совет онака за почетници, добредојден е.
Претходно пробував со ригорозни диети да ја симнам килажата, но сфатив дека тоа е премногу голем залак за мене колку и да се трудам,неможам одеднаш да сменам некои работи,мора чекор по чекор / постепено.Нема некои видливи резултати за еве веќе 3 недели, но поентата ми беше да внесам здрав живот у мене, па резултатите дали за 5 месеци или за 15 убеден сум дека ќе ги има. Свесен сум дека 3 години (откако повредив колено на баскет и станав неактивен) нездраво хранење, алкохол, невежбање ми се одрази ептен (у килажа пред се) и дека ќе треба доста време да се вратам у нормала.
А и морам да истакнам дека психичките бенефити од вежбањето се неверојатни, сите оние што имаат било каков проблем со самодоверба,расположение и тн ... нека почнат малце од малце да менуваат работи (да вежбаат, здраво да се хранат) и ќе видат огромен напредок за 0 време.
Stay strong and never give up.
И ако некој знае, каде би можел да купам (ефтини) тегови, да речеме од 10ина кг и за колку пари?