Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање.

Имам тегови (dumbbells/еднорачни) по 5-6 кила. Вежбам веќе 2 ипол недели и како да не осеќам напредок, и онака веќе прилично ми станаа лесни теговите( пошо до пред 2 години исто вежбав, не со нив), а и не ме болат мускулите веќе после вежбање(тоа е и разбирливо пошто се навикна телото)... Дали треба повеќе серии да правам, дали нови вежби или пак ќе треба со поголема килажа да вежбам?

Фала однпаред. Поздрав.

Кога една тежина не ти прави промени, мораш потешка да земеш :) А и ова 5-6 кг за зајакнување на подлактицата за почетник ништо повеќе од нив....
 
Трета недела ми е како вежбам, освен зацврстување на некои мускули(рамо и трицепс, можда малце и бицепсот) нема никакви резултати. Не дека е голем период, ама неам веќе воспаленија, онака лесни ми станаа вежбите, мислев дека ако правам повеќе серии ќе има нешто ефект(слабеење што дознав пред 2-3 дена дека е најголемата невистина околу вежбање). Но јеби га, почетник сум и грешките се неизбежни.
Финтата беше да се избегне теретана, да се вежба у домашни услови (бидејќи неможам у теретана да слушам совети од секакви незналици, ме иритира тоа ептен), али изглеа ќе морам да појдам, колку и да не ми се иде, кога-тогаш и тоа е неизбежно :D . Сепак задоволен сум, бидејќи ја средив исхраната, не јадам ко стока веќе се што стигнам - пржено месо/компири, слични фаст фуд, леб избегавам максимално,благо ич, кафе помалце пијам(али кога го пијам ставам шекер - нешто од кое неможам да се одвикнам, а со натрен ми е одвратно),почнав да избегавам коли/автобуси - почесто пешачам , и што е најбитно од се стекнав некаква навика барем 45 минути у денот да вежбам(макар и тегови од 5 кила да кревам, или скокање јаже :D ), нешто што претходно беше незамисливо.
Aко има некој било каков совет онака за почетници, добредојден е.
Претходно пробував со ригорозни диети да ја симнам килажата, но сфатив дека тоа е премногу голем залак за мене колку и да се трудам,неможам одеднаш да сменам некои работи,мора чекор по чекор / постепено.Нема некои видливи резултати за еве веќе 3 недели, но поентата ми беше да внесам здрав живот у мене, па резултатите дали за 5 месеци или за 15 убеден сум дека ќе ги има. Свесен сум дека 3 години (откако повредив колено на баскет и станав неактивен) нездраво хранење, алкохол, невежбање ми се одрази ептен (у килажа пред се) и дека ќе треба доста време да се вратам у нормала.
А и морам да истакнам дека психичките бенефити од вежбањето се неверојатни, сите оние што имаат било каков проблем со самодоверба,расположение и тн ... нека почнат малце од малце да менуваат работи (да вежбаат, здраво да се хранат) и ќе видат огромен напредок за 0 време.
Stay strong and never give up.

И ако некој знае, каде би можел да купам (ефтини) тегови, да речеме од 10ина кг и за колку пари?
 
Има ли ограничување во пиењето на амино....уствари дали би имало некои штетни последици.
 
рамо и нозе во ист ден да се вежба слушам муабети дека било глупо дека кога вежбаш рамо крвта иде нагоре и ги пумпа мускулите на горниот дел од телото па после габе вежбаш нозе?
 
Тоа се само маалски муабети, не работи тоа така. :)

Честа комбинација е рамо/нозе и си носи резултати, само ако не ти е пренапорно.

Само ако ти е слаба група рамото би одвоил ден за него само, ама ако сега почнуваш сметам дека нема потреба.
 
Некој да ми каже по 4 ефикасни вежби за предно, средно и задно рамо?
 
Честа комбинација е кај почетници..
Нозете се најголема мускулна партија, пола тело а и рамото е исто доста голема партија така да дефинитивно посебно.
 
Нозете се најголема мускулна партија,а рамото е релативно мала партија (иако делтоидот има 3 припоја , сепак е мал мускул ) и знае да биде значително оптеретана и за време на правење гради.
Посебен ден само за рамо е многу непотребен кај почетници, па и голем број од напредни кревачи освен ако не им заостанува зад другите групи.
Некој да ми каже по 4 ефикасни вежби за предно, средно и задно рамо?

Предно рамо - Војничка преса или седната преса за рамо
Средно рамо - Странични кревања со исправени лакти.
Задно рамо -
bentover_lat_raise.gif

(По 4 од секоја група или 4 вежби за да ти го заокружи тренингот? )
 
Нозете се најголема мускулна партија,а рамото е релативно мала партија (иако делтоидот има 3 припоја , сепак е мал мускул ) и знае да биде значително оптеретана и за време на правење гради.
Посебен ден само за рамо е многу непотребен кај почетници, па и голем број од напредни кревачи освен ако не им заостанува зад другите групи.

Предно рамо - Војничка преса или седната преса за рамо
Средно рамо - Странични кревања со исправени лакти.
Задно рамо -
bentover_lat_raise.gif

(По 4 од секоја група или 4 вежби за да ти го заокружи тренингот? )
По 4 од секоја група.
 
Трета недела ми е како вежбам, освен зацврстување на некои мускули(рамо и трицепс, можда малце и бицепсот) нема никакви резултати. Не дека е голем период, ама неам веќе воспаленија, онака лесни ми станаа вежбите, мислев дека ако правам повеќе серии ќе има нешто ефект(слабеење што дознав пред 2-3 дена дека е најголемата невистина околу вежбање). Но јеби га, почетник сум и грешките се неизбежни.
Финтата беше да се избегне теретана, да се вежба у домашни услови (бидејќи неможам у теретана да слушам совети од секакви незналици, ме иритира тоа ептен), али изглеа ќе морам да појдам, колку и да не ми се иде, кога-тогаш и тоа е неизбежно :D . Сепак задоволен сум, бидејќи ја средив исхраната, не јадам ко стока веќе се што стигнам - пржено месо/компири, слични фаст фуд, леб избегавам максимално,благо ич, кафе помалце пијам(али кога го пијам ставам шекер - нешто од кое неможам да се одвикнам, а со натрен ми е одвратно),почнав да избегавам коли/автобуси - почесто пешачам , и што е најбитно од се стекнав некаква навика барем 45 минути у денот да вежбам(макар и тегови од 5 кила да кревам, или скокање јаже :D ), нешто што претходно беше незамисливо.
Aко има некој било каков совет онака за почетници, добредојден е.
Претходно пробував со ригорозни диети да ја симнам килажата, но сфатив дека тоа е премногу голем залак за мене колку и да се трудам,неможам одеднаш да сменам некои работи,мора чекор по чекор / постепено.Нема некои видливи резултати за еве веќе 3 недели, но поентата ми беше да внесам здрав живот у мене, па резултатите дали за 5 месеци или за 15 убеден сум дека ќе ги има. Свесен сум дека 3 години (откако повредив колено на баскет и станав неактивен) нездраво хранење, алкохол, невежбање ми се одрази ептен (у килажа пред се) и дека ќе треба доста време да се вратам у нормала.
А и морам да истакнам дека психичките бенефити од вежбањето се неверојатни, сите оние што имаат било каков проблем со самодоверба,расположение и тн ... нека почнат малце од малце да менуваат работи (да вежбаат, здраво да се хранат) и ќе видат огромен напредок за 0 време.
Stay strong and never give up.

И ако некој знае, каде би можел да купам (ефтини) тегови, да речеме од 10ина кг и за колку пари?

Без теретана беше мојот најголем минус во борбата против мастите. Мораш да одиш во теретана да дигаш тежини, дигањето тежина + добрата исхрана се комбинација од која ке имаш резултат, губење масти и зачувување колку толку на мускулот. Јас неодев во теретана кога слабеев, и скиснав, ми паднаа мускулите, изгубив многу.
 
Има ли ограничување во пиењето на амино....уствари дали би имало некои штетни последици.

мое мислење е дека нема.. имам пиено и по 50 таблети амино на ден..
 
Факт е дека теретана те троши многу повеќе од други спортови, затоа се воздржувам да не го апсорбирам цел фрижидер во желудник. :)

Сакам да прашам уште нешто. Дали и колку е дозволена конзумација на двопек?
27 kcal по парче?

Да, ако е интегрален :)
 
Insanity vs p90x? Мојата цел : затегнување,слабеење,добивање сила. Околу 2 месеци вежбам и мислам дека можам повеќе,која од овие би ми препорачале?
 
Јас ги имам вежбано и двете, поточно П90x ја вежбав минатата година, за неа ти се потребни и некои реквизити еднорачни, ластици, а сега еве 12 дена сум на инсанити и според мене е доста добра али овие програми се повеќе за топење. Задржав дефиницијата дури и се подисчистив иако не внимавам на исхраната и јадам што ќе ми падне пред мене изминативе 2 недели. Незнам колку си физички спремен али на изглед изгледа многу лесна али кога ќе почнеш да вежбаш ќе видиш дека едвај се издржуваат во исто темпо вежбите како тие кои ги изведуваат на видеата до крај. Истото и за п90х, таа дури и потешка ми се гледаше лани.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-

Доста спремен сум,а имам и мотивација. Која би ми ја препорачал за моите потреби? Мислам Insanity да ја почнам прво,а после неа p90x.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom