Myers ме збуни со постов малце досега ова го немам слушнато
зашто 14 недели?
што после тие 14 недели?
Ништо сериозно, тоа е само моја препорака за времетраењето на една диета која ќе создаде доволно стрес во организмот, за телото да почне да ја губи ефикасноста во топењето на масни наслаги.
Секако во предвид треба да се земат многу фактори, од кои најбитниот -
исхранта.
Доколку исхраната е доволно средена да телото добива доволно микро/макронутренти за да опстане а сепак троши повеќе одошто му даваш, тогаш диетата може да трае и подолго.
Еден од битните фактори е и суплементацијата, BCAA, Глутамин, Л-Карнитин и ред други додатоци кои подобро и поефикасно ќе му помогнат на телото да се справи со мастите без голем стрес.
Секако во предвид доаѓа и користењето на лекови, но тоа веќе е друга тема...
--------------------------
Момци и девојки, тргам на одмор и ве оставам во добро здравје.
Чувајте си го форумов како да е ваш.
Вежбајте, помагајте, прашувајте, истражувајте (само не како Стеф Шеф
)
Убав провод на сите што ќе летуваат некаде, и оние кои ќе ни ги чуваат теретаните дома
Бидете ми поздравени, и се читаме негде почетокот на Август.