Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
illusi0n а што би постигнал ко праам повеќе серии со таа килажа? Поголема издржливост на мускулот? слабеење? оформување?
Ај некој ако може нека ми објасни што се бенефитите од вежбање помала килажа у повеќе серии .
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
До сега некој вежбал фитнес во Проксима 4?
Како сте задоволни?
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
illusi0n а што би постигнал ко праам повеќе серии со таа килажа? Поголема издржливост на мускулот? слабеење? оформување?
Ај некој ако може нека ми објасни што се бенефитите од вежбање помала килажа у повеќе серии .
Таа тежина е веќе нешто шо е лесно за тебе. Шо ако дигаш еве, чаша на пример по 4 серии? :)))
 
Iµµortal

사범님
Член од
26 јули 2011
Мислења
711
Поени од реакции
387
што е рабтоава со калоријве не ги пресметувам ама можам да кажам дека јадам прилично малце по еднас 2пати 3пати зависи како и обично бош храна а идам на тренинг теретана трчам на кеј возам точак кондициони тренинзи и тоа поголемиот дел од денот башка сум доста активен и грубо гледано согорувам повеке калории него што внесувам дека и храната што ја внесувам е нешто ко јогурт пилешко зависи и пак имам сало кај стомакот Вака више година правам бесвесно не ми е јасно зашто не држи вода целиов муабет што го вртат за калоријте до сега требаше да имам перфектен боди фат а нема никаков ефект дали јас грешам во нешто ајде попрајте ме........
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Помала мускулна маса = поспор метаболизам. Затоа што јадеш поретко, телото не го користи салото бидејќи се „плаши“ дека ќе му треба за да преживее.
Јади повеќе пати у денот протеинска храна, намали јаглехидратите, и консумирај бар 500 калории помалку дневно
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
што е рабтоава со калоријве не ги пресметувам ама можам да кажам дека јадам прилично малце по еднас 2пати 3пати зависи како и обично бош храна а идам на тренинг теретана трчам на кеј возам точак кондициони тренинзи и тоа поголемиот дел од денот башка сум доста активен и грубо гледано согорувам повеке калории него што внесувам дека и храната што ја внесувам е нешто ко јогурт пилешко зависи и пак имам сало кај стомакот Вака више година правам бесвесно не ми е јасно зашто не држи вода целиов муабет што го вртат за калоријте до сега требаше да имам перфектен боди фат а нема никаков ефект дали јас грешам во нешто ајде попрајте ме........
Најверојатно една од честите грешки при слбеење односно топење масти.

Ако внесуваш многу мал број на калории од потребното на долг временски период телото „крева паника" и почнува повеќе да штеди одошто троши. Тоа е знак дека метаболизмот е заспорен.

Ама без грижи, едноставно рекалкулирај го внесот на калории потребен за топење масти, и гледај да не одиш во екстремности.

Одвреме навреме (четри-пет пати месечно) нагло зголеми го внесот на калории (исхрана) со цел да го шокираш организмот, со што делумно би го забрзал метаболизмот за топење масти и полесно ќе ја постигнеш посакуваната цел.

Пиј повеќе вода, вметни зелен чај и зеленчук во исхраната (чат пат и овошје) и гледај диетата да не биде подолга од 14 недели.

Ако нешто сум изоставил, нека ме дополни некој :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Дали е нормално да се здебелиш 2-3 кг во првиот месец?
Со исхрана внимавам, а прво правам тежински тренинг па кардио?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Дали е нормално да се здебелиш 2-3 кг во првиот месец?
Со исхрана внимавам, а прво правам тежински тренинг па кардио?
Зависи како гледаш на таа „дебелина“ во огледалото.

Понекогаш бројките на вагата не значат многу бидејќи како почетник (претпоставувам дека мислиш на 1 месец од првиот пат кога почна да вежбаш со тежини) имаш потенцијал за качување на повеќе (мускулна) маса, односно мускул, вода и многу мал процент на масти.

Доколку гледаш драстична негативна промена во огледало, тогаш треба да го рекалкулираш внесот на калории кои ти се потребни во целта која сакаш да ја постигнеш.
 
Никогаш не сум имала толку развиена рака. Не дека е лошо, напротив, не е. Меѓутоа ми падна чудно бидејќи девојките вежбаат за да ослабат, а кај мене се случува обратното. Да, точно е дека сум зацврстена, нема никаква споредба со претходната млитавост и како долгогодишен спортист сакам да си ја вратам формата. :)

Многу ми рекоа дека е нормално, но вториот месец со ваквата исхрана и тренинг ќе почнам со нагло слабеење. Па затоа прашувам за сигурно.
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
86
Поени од реакции
204
Mу се нафрлив на вежбањето.:LOL:

Овој пат е многу важно, морам и да ослабнам и да се стегнам.
До почеток на септември барем 5кг.
Е сега, прашањето ми беше... како да ги ослабнам листовите на нозете? Тие нели под колената ? Да ги стегнам малку...
Дека не играв долго време и сега мускулите над колената ми се цврсти ама тие доле, не баш.:(
Велосипед ли да возам?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.967
Mу се нафрлив на вежбањето.:LOL:

Овој пат е многу важно, морам и да ослабнам и да се стегнам.
До почеток на септември барем 5кг.
Е сега, прашањето ми беше... како да ги ослабнам листовите на нозете? Тие нели под колената ? Да ги стегнам малку...
Дека не играв долго време и сега мускулите над колената ми се цврсти ама тие доле, не баш.:(
Велосипед ли да возам?

Помага и велосипед, повеќе ќе има ефект ако трчаш, само пробај на прсти повеќе отколку на цело стапало да нагазнуваш, потешко е ама повеќе ќе има ефект за листовите, кревање на прсти од стоечка позиција со исправени нозе/коленици исто ќе ти ги затегне листовите, ако имаш тегчиња за поголема килажа дур го правиш кревањето на прсти уште подобро.
Ова е за на кеј, секако ако посетуваш теретана имаш посебни справи специјализирани за листови.
Инаку со велосипедот и трчањето секако ќе намалиш килажа и маснотии, ако досега не си гиприменувала, но немој после со јадење дупло да го зафркнеш ефектот, јади нормално како досега само вметни кардио (точак, трчање) тренинзи.
 
O

Orion.

Гостин
Никогаш не сум имала толку развиена рака. Не дека е лошо, напротив, не е. Меѓутоа ми падна чудно бидејќи девојките вежбаат за да ослабат, а кај мене се случува обратното. Да, точно е дека сум зацврстена, нема никаква споредба со претходната млитавост и како долгогодишен спортист сакам да си ја вратам формата. :)

Многу ми рекоа дека е нормално, но вториот месец со ваквата исхрана и тренинг ќе почнам со нагло слабеење. Па затоа прашувам за сигурно.
Ако имаш калориски суфицит, нормално дека ќе се здебелиш. Не се плаши дека ''ќе се набилдаш'', женските имаат многу ниско ниво на тестостерон па билдањето кај вас е научна фантастика. Освен ако си на gear:) .Едино мускулите ќе ти се тонираат и ќе изгледаш супер.
--- надополнето: 19 јули 2013 во 04:00 ---
Mу се нафрлив на вежбањето.:LOL:

Овој пат е многу важно, морам и да ослабнам и да се стегнам.
До почеток на септември барем 5кг.
Е сега, прашањето ми беше... како да ги ослабнам листовите на нозете? Тие нели под колената ? Да ги стегнам малку...
Дека не играв долго време и сега мускулите над колената ми се цврсти ама тие доле, не баш.:(
Велосипед ли да возам?
Не можеш да ослабеш еден дел на телото изолирано. Мастите се топат на цело тело подеднакво. Ако сакаш да ослабеш, среди си ја исхраната и трчај :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Ако имаш калориски суфицит, нормално дека ќе се здебелиш. Не се плаши дека ''ќе се набилдаш'', женските имаат многу ниско ниво на тестостерон па билдањето кај вас е научна фантастика. Освен ако си на gear:) .Едино мускулите ќе ти се тонираат и ќе изгледаш супер.
Факт е дека теретана те троши многу повеќе од други спортови, затоа се воздржувам да не го апсорбирам цел фрижидер во желудник. :)

Сакам да прашам уште нешто. Дали и колку е дозволена конзумација на двопек?
27 kcal по парче?
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
86
Поени од реакции
204
Па трчам јас, ама од другите делови сум задоволна ( делумно)
Прееска ќе се расплачев од среќа кога си ги гледав рацете, почнале да ми се дефинираат, ми се гледаат така мускулчиња, бицепсите.
И на нога кога ке ја стегнам имам.
И доле тие листови ми се познаваат :vozbud:

иии на стомак горе линија, уште мускулчиња, па за кајгана календар у бикини ке се сликам ако треба.:rolleyes:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom