Ај некој ако знае некоја добра и квалитетна исхрана за билдање нека напиши ( ама не од типот ова треба , ова не треба, туку за цел ден плански). Пр. од 8-10 наутро тоа и тоа....од 13-15 тоа и тоа итн...може да вклучете и протеински пијалаци во исхраната ако ги користите.
Пред се сакам да ги прашам поискусните и оние кои се бават со бодибилдинг и теретани минимум една година. Зошто јас планирам да почнам со вежбање и сакам да водам правилна исхрана. Веќе видов 1 пример исхрана за 1 ден, но некако не ми штима секој ден исто да јадам, па затоа сакам да слушнам и други диети па да комбинирам...
Поздрав
Еве пример јас како јадам во сабота.
станување 10 часот
10:15 банана+50 грама овес, исцеден сок од портокол (15грама протеини-400калории)
10:30 доза гејнер (15грама протеини-150калории)
11-13 тренинг
13:00 доза гејнер+Б-комлекс (15грама протеини-150калории)
13:30 140g туна+салата+цедевита+100грама леб (30грама протеини-650калории)
15:00 овошје (банана/јаболко) (0грама протеини-100калории)
17:00 тестенини со месо (25грама протеини-400калории)
19:00 јаткасти плодови (8грама протеини-170калории)
21:00 350мл млеко со интегрални житарици (15грама протеини-350калории)
24:00 урда/сирење со ајвар (ова сега сезонски
) (20грама протеини-350калории)
пред спиење доза гејнер (20грама протеини-200калории)
се на се околу 2900 калории и 160 грама протеини.
за да не се повторуваат оброците пример место туна јадам варени јајца или пак пржен/похован стек.... за доручек некогаш јадам путер од кикирики или пак купувам леб со повеќе протеини така да можам да го комбинирам со повеќе работи. Дневно да имам барем 2 парчиња овошје и 2 парчиња зеленчук...