Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
оујеа.. јас од 84 на 82.. приближно 2кг.
иначе денес јадев ова:
доручек-1чаша јогурт, 1 чаша сок од цеден портокал и лимУн, 1 јаболко.
ручек-шопска со 1 тенко парче црн леб.
вечера-2 портокали и интегрални грисини. и многу вода преку цел ден.
:pos: делуе ова еј...

утре за доручек мавам 1 банана 1 портокал и 1 јаболко
ручек-1 туна со црн леб
вечера- портокал и јаболко -)) и грисинки малце
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Вo грисинките верувам ке ушиваш. :):)

За скоро време и јас ке почнам со вежби, али не со одење во теретана... него намалување на исхраната, возење точак во место и во исто време дигање по 2х 2кг тега, и серазбира стомачни и склекови. :yess:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Читам дека сте изгубиле по 2-3 кила, али тоа е ипак само вишок вода која може да се врати со два дена просечно јадење. Затоа не го прекрушувајте режимот на исхрана.
Истрајноста е важна и кога ќе се случи периодот на стагнација, односно кога после извесен период нема да гледате резултати, иако вежбате и внимавате што јадете. Тоа секогаш се случува и не треба да ве демотивира, затоа што е само пролазен период, после кој следат видливи резултати.
Инаку, еден од најуспешните методи е исхрана со две-третини проетини и една-третина јаглено-хидрати, затоа што кога не се внесуваат јаглено-хидрати, организмот многу побрзо почнува да ги согорува мастите. А, за вежбањето е важно комбинирање на кардио и strength workout, како и менувањето на темпото на вежбање. Затоа што ако цело време се вежба со исто темпо и слични вежби, организмот се привикнува на тој напор и не го дава посакуваниот ефект.
Совети by нутриционистот Ада, која моментално јаде чипс и пие Coca-Cola:kesa:(лицемер):icon_redf:icon_lol:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Стомакот најтешко се топи хехехехехе...тоа е најголемиот проблем.
А како се топи најлесно?
Дајте бе луѓе кажувајте шо да јадам , ко кингури што кажа то,ај и некој друг барем да се напрат 5 различни ’’оброка’’ ебаго,ке станам дебел ко коњ,нилкси коњ.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
А како се топи најлесно?
Дајте бе луѓе кажувајте шо да јадам , ко кингури што кажа то,ај и некој друг барем да се напрат 5 различни ’’оброка’’ ебаго,ке станам дебел ко коњ,нилкси коњ.
Друже(edit, loveprcle), не мораш стрикни планови у кој секој залак е испланиран. Треба да си составиш сам такви оброци у кои воглавно ќе има протеини.
Целосно да исфрлиш обичен леб и све што е од бело брашно и се што има преработен шеќер, а да внесуваш минимално скробови како ориз, компир, интегрално брашно, банани и сл. Исто и со овошје општо не треба да претеруваш затоа што има фруктоза.
Најмногу треба да јадеш месо, млеко, јогурт, јајца и млечни производи комбинирани со умерена количина зеленчук. Ако не венсуваш многу скробови, ќе можеш да си дозволиш и поголеми количини на протеинска храна, а пак да слабееш.(на пример, пржена кајгана од повеќе јајца со кашкавал и пола домат, али без леб-иако има масти, затоа што нема многу јалено-хидрати,не е проблем)
И обавезно некоја физичка активност. Иначе џабе све...и брак и све..ја сакам згоден принц, а не коњ...нилски:brm brm::icon_lol::back:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Исто така важно:
Ако планирате да продолжувате со диетава, ако ви се допаѓа и мислите дека има ефект, ЗАДОЛЖИТЕЛНО правете крвни снимки барем еднаш месечно, може некој од вас анемичен да стане, зависи тоа како се однесува телото на режимот на исхрана и физичките активности.
Една моја другарка па успеа од 80 кила на 62 да дојде за многу брзо време со ваква слична диета :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
А како се топи најлесно?
Дајте бе луѓе кажувајте шо да јадам , ко кингури што кажа то,ај и некој друг барем да се напрат 5 различни ’’оброка’’ ебаго,ке станам дебел ко коњ,нилкси коњ.
Пујол друже ја пишав што да се јаде за стомакот:) Што повеќе витамини и минерали. Избегавај ја минералната вода или ако пиеш пиј чисто не газирана:) Исто така вчера прочитав дека најголемиот штетник за стомакот е чоколадото.
Исто така за Acid Трн на Очи:) и сите такозвани мешљаци пожелно е да јадете чисто месо(Пилешко) и варени компири без сол. Затоа што доколку вежбате во теретана треба сила за да колку толку имате сила за кревање на тежини, не ептен големи за да се пријавувате на Стронгест мен али колку толку и мрсното да се стопи а и мускулот да се оформи:)
Acid ја ќе ви се придружам на 1ви:) зашто до тогаш ми е уплатата во теретаната кај што вежбам
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
46
Поени од реакции
0
САКАМ „ТОБЛЕРОНЕ„ МУСКУЛИ

Без оглед на генетската предиспозиција, секој може значително да го намали масното ткиво кај абдоменалните мускули. Стручните лица велат дека е многу важно да се имаат предвид следниве фактори:

Исхрана и диети
Исхраната треба да ви биде базирана на растителни влакна, посни протеини, овошје, зеленчук, интегрални житарки, риба, маслиново масло.

Треба да се избегнуваат:
  • скроб и прости шеќери. Најдобри се јаглехидратите кои содржат растителни влакна – значи, интегрален леб наместо бел.
  • Избегнувајте жестоки пијалоци-посебно пиво, но дозволена е 1 чаша вино на ручек.
Хормони
Во стресни ситуации, надбубрежните жлезди лачат хормон „кортизол“ – тој го зголемува апетитот за јаглехидрати, а нивното консумирање води до таложење на масни наслаги на стомакот. Експертите велат дека нивото на овој хормон може да се намали со медитација, јога или физички вежби.

Фитнес вежби-стомачни или со топка
Можеби се прашувате: умерени или интензивни? Не е важно – и двата типа даваат резултати. Степенот на согорувањето на масното ткиво се зголемува со интензивирање на физичката активност, а за негово намалување токму кај абдоменот – неопходни се кардио вежби и вежби за зацврстување.
Кардио програма е „смрт“ за масното ткиво низ целото тело, а вежбите за зацврстување влијаат на силата на мускулите и го поттикнуваат метаболизмот.
Всушност, наменските вежби, во случајов за активирање на стомачните мускули, влијаат врз намалување на масното ткиво кај тој дел од телото.

Иако кардио програмата, која го ангажира торзото, многу помага во обликување на стомачните мускули, сепак, потребно е да се изведуваат најразлични наменски вежби. Менувањето на вежбите ве тера да се концентрирате на техниката на изведување. Нпр. стомачните треба да се изведат бавно, со контролирани движења на мускулите. Ефектот од обичните стомачни вежби може да се зголеми со воведување на нови движења. Овде многу можат да помогнат и вежби со топка.

Правилно држење на телото
Токму како што лошото држење на телото може визуелно да го зголеми стомакот, така и исправениот грб и високо подигнатата глава може да го „вовлечат“ стомакот.
Секојдневните пози кои ги заземате, можеби, на работното место, изгледаат приближно вака: спуштена глава, прекрстени нозе, наведнати, со слушалка меѓу брадата и рамото. Ваквата положба предизвикува вкочанетост на долниот дел од грбот, а последица на тоа се опуштени стомачни мускули.

Правилна положба кога седите е следнава: стапалата треба да бидат со целата површина на подот, грбот исправен, стомакот вовлечен. Не е лошо на секои 15 минути да се менува положбата.

И нормално за се треба редовност и истрајност. Инаку џабе се залажувате самите себе.
 
Член од
5 март 2007
Мислења
194
Поени од реакции
4
никогаш сум немал проблеми со стомакот воедно и стомачните

бидејќи никогаш не сум ги запуштил

него шо сакав да кажам.. можеби вака нема да биде од помош т.е. ќе влијае негативно на вашата волја, но стомачни се праат убедливо најтешко. најбитно треба континуитет и правилна исхрана

за стомачни, искрено, господ во бели гаѓи ќе го видите од вежбање

само јак стомак е предуслов за правилно дефинирано тело
ма не знам какви гради, не знам грб лептири мептири.. тури пепел ако имаш меше, а струкот ти е како превртена саксија
плус јак стомак т.е. цел долен појас е исто така предуслов за правилно обавување тренинг

потење, потење, потење, потење......
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
колку безвезен пост,ама ај.
Инаку да видам како ке сум со предавање овој семестар,дали ке се има време па може и ја да му ја тркнам малце натака.Идев летово два месеца,ама ептен лошо спијам и рамото двапати си го зафркнав,
и несмеееееееев да вежбам некој си добри 6 месеци

Прегледај го приврзокот 4597


Poglednija samo slikata.
Covek so tolava masa na muskuli, da ostane cist i da "pokazi" stomacni, na ne znam drug nacin osven steroidi.
Ako sakash da bidesh red koska red koza, onda samo lupaj stomacni, ako ne, teshko se vadat.
Jas idam u teretana veke edna godina, nakladov masa na mene, no koga bi sakal da izvadam stomacni, onda treba da izgubam najmalku 10 kila od mene.

P.S. Za takva masa so stomacni, neophodni se steroidite.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Друже тоа е сигурно со 10 посто масти вкупно во тело,а за да дојдеш до тој степен,ако земаат стероиди без кардио нема шанси.Затоа тие за да стопат земат кленбутерол и Т3 хормон па јади што сакаш пак ти се топи,нема подобра комбинација на топење од таа но сепак се што е магично скапо е 10 таблети коштаат некаде 2000-3000 ден,може да ги најдеш и во зегин,али само со прескрипција на доктор,лекот ти се вика цитомел,а клен тешко да најдеш во зегин само во теретаните.Стероидите се за добивање на маса,а не за добивање дефиниција,има некои специфични како што е винстрол,но сепак ако сакаш да добиеш гинокомастија,ќелавост пробај може и тестисите да ти се намалат,но сепак тоа ако не го правиш со заштита.Има многу работи што изгледа не ги знаете,затоа малце едуцирајте се за стероиди и хормони.Како 2ро кога ќе станете земете да трчате да видите како ќе стопите сало 1 саат возење на точак се само да потрошите 400 калории вкупно.3то незнам зашто толку малку оброци давате па тоа е убиство губите само вода,а каде е салото....
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Друже тоа е сигурно со 10 посто масти вкупно во тело,а за да дојдеш до тој степен,ако земаат стероиди без кардио нема шанси.Затоа тие за да стопат земат кленбутерол и Т3 хормон па јади што сакаш пак ти се топи,нема подобра комбинација на топење од таа но сепак се што е магично скапо е 10 таблети коштаат некаде 2000-3000 ден,може да ги најдеш и во зегин,али само со прескрипција на доктор,лекот ти се вика цитомел,а клен тешко да најдеш во зегин само во теретаните.Стероидите се за добивање на маса,а не за добивање дефиниција,има некои специфични како што е винстрол,но сепак ако сакаш да добиеш гинокомастија,ќелавост пробај може и тестисите да ти се намалат,но сепак тоа ако не го правиш со заштита.Има многу работи што изгледа не ги знаете,затоа малце едуцирајте се за стероиди и хормони.Како 2ро кога ќе станете земете да трчате да видите како ќе стопите сало 1 саат возење на точак се само да потрошите 400 калории вкупно.3то незнам зашто толку малку оброци давате па тоа е убиство губите само вода,а каде е салото....
Ne ne, steroidi nikako ne bi zel. Ne sum tolku "zagrozen".
Inaku, najskap sport. Ako nekoj saka profesionalno da se bavi, prvo neka odbere nekoja pokrupna i silna granka za besenje:)
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
jas doma imam pravilna ishrana za fudbalerite...btw fudbaler sum zatoa mi e.Ima piramida na ishrana i drugi raboti mn e dobra.btw ke vi postiram nekoj den edna slikicka od moite stomacni :p pred 2 godini
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
46
Поени од реакции
0
Точно е дека стомак најтешко се формира. Но мислам дека има и најголем ефект кај понежниот пол :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom