викаат- СТОМАЧНИ СЕ ПРАВАТ ВО КУЈНА, НЕ ВО ТЕРЕТАНА!
со други зборови-исхраната е најбитниот дел. значи, најпрво треба да се отарасите од салото преку кардио вежби-трчање, возење точак, пешачење и сл. зашто? бидејќи ако од старт вежбате стомачни-џабе ви е. ќе бидат покриени со сало. ќе се демотивирате гледајќи се во огледало дека нема резултати. ИМА! ама под салцето. затоа, BURN!
еве некој екстра совет-
за да го одржувате метаболизмот спремен за дигестија на храна на секои 2-3 саати каснете по едно јаболче, патлиџанче, краставица... така ќе го држите спремен за поголемите јадења кои не треба да се во голема количина. прејадување-НИКАКО. се јаде додека да се осетиш сит. значи, намалена исхрана, но редовна. појадок-МОРА, вечера скокнете или некое нискокалорично овошјенце или зеленчуче.
кардио-покрај погореспоменатите... ако живеете во зграда и сте на некој повисок кат-заборавете го лифтот. ко да е расипан и нема чичко мајстор за да го поправи. ако сте на 2-4 кат, пешки по двапати на одење/доаѓање... ако сте над 5ти кат, доволно е по еднаш. се горат така калории, верујте. секоја шанса што ја имате, оставете колата/моторот. пропешачете до таму кај што сте наумиле да одите.
исхрана-СТРОГО ВАРИВА ХРАНА... никако пржена. заборавете на кинг, седмица, попе и сл. не постојат веќе, ги затворија од управа за јавни приходи. место пржено пилешко, сварете го(или мама за вас). да, поневкусно е, ама затоа ќе имате повеќе резултати. значи... ВАРЕНА ХРАНА ДЕЦА! се што е пржено, зејтиносано, мрсно-баталете.
ВОДА! пијте минимум 8 чаши вода на ден, или 2 литри. гледајте што повеќе, помага водата многу! не ја штедете, бар дур уште е ефтина -))) за некоја година кога ќе се дозагади, ќе мора флаширана да земате, па затоа искористете ги благодетите на водостопанство македонија. водовод и канализација де -))
МОТИВАЦИЈА... ептен битна ствар. треба да сте цврсти и да се држите кон тоа што сте почнале да го правите. нема откажување, нема покасно, нема ден пауза! НИКАКО! мора да се држите кон режимот. верујте, на почеток е тешко, навистина. но подоцна, за месец-два самото тело се навикнува на тој начин на живот и ќе ви биде многу полесно. немојте секој факинг ден да се гледате во огледало, ќе се разочарате. нема во НИКОЈ случај да приметите разика. видливи резултати после 4-5 месец. затоа, баталете го огледалото и терајте си ја работата! ко да немате дома. НЕ! нема ѕиркање!
ако има нешто прашања, други совети и сл. добродојдени се!
овде сме за иста цел -))
едит-
Ќе се заебете со трчањето, зашто е многу ладно сега и страдаат синусите. За две недели сите на антибиотици ќе бидете. Мој совет е да скокате на јаже на топло. Ова од искуство ви го кажувам
вистина е.
пробајте со скокање јаже. трчање во влез по скалите е исто така прифатлива опција, не е до толку ладно! нека ве буљаат комшиите, кој ги ј%&е, битно да горите калории.
мислам дека и оваа цака пали- завиткајте го мевот со фолија, повеќе ќе се потите така...
edit2-напомена:сево ова го правиме вез никакви додатоци од трет вид(неприродни) како протеини фукање, стероиди, амино, креатин и слични на овие -) бар, зборам за мене
natural is healthy...