Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Не е поентата што вежбаш, туку поради што вежбаш... Ти погрешно сфати. А ти не можеш еден месец да одеш на теретана, а после да паузираш 5. За стомачни е најлесно, рече дека тренираш кошарка... Па остануви после секој тренинг, прави по 150-200 стомачни, доволно е. Не разочарувај се, мускулите не се создаваат за брзо време, али со напорен труд ќе биде.
Друже види вака. Теретана сум бил 3 месеци вкупно во мојов живот. Е сега кошарка тренинрам 6 години и да не речам секој ама скоро секој тренинг правиме на крајот склекови, стомачни и грбни. Па истиот резултата е 6 години. Коцкици не сум имал ниту пак ќе имам. веројатно и ти си слаб, односно немаш стомак па незнаеш како ни е.
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Од тебе сум 10 кила потежок =))

Имаш време, не се откажувај.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
сакам да станам боди билдер. што се` ми треба за да бидам успешен на ова поле? колку пари кошта балсамот, за да се мачкам пред тренинг?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
7
Поени од реакции
0
Citam tuka i zaprimetuvam deka komentirate, ama nekako kako da ne se razbirate megju sebe.
Sekoj saka poubavo telo, i ne treba da navleguvame vo pricinite zosto go saka toa telo.Isto taka ne treba da navleguvame kako ke go gradi svoeto telo, posto toa e negovo i sto saka ke pravi so nego.
Kako i da e, temava e super, ubavo e da se znae poveke za ova, i milo mi e sto ima vakva tema na vakov golem forum.
Sekako imame i poseben forum za ova, isklucivo na tema Bodybuilding, taka da tamu ima strucni lica koi mozat da vi odgovorat na site prasanja, i toa e forum koj e poln so korisni informacii. click ovde: BODYBUILDING FORUM
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
скоро секоја година идам по некој месец.
Сега пак почнав, еве веќе 2 месеца идам....
на бенџ....80 кг.......косо...70 кг. (и поише)
задно рамо.....60 кг.
бицепс ....30 кг (одвај)
трицепс.....70 (француски прес...така ја викаат вежбата)
а другата за трицепс...30 кг
грб...60 кг.
за нозе, само буткам на коса справа...докај 100 кг сеа за сеа..и цело време со таа килажа...иначе скокам на јаже , и трчам по кеј.
стомакот редовно го вежбам.
.........после нова година , почнувам по специјално изготвена програма да вежбам,и нема идење дома коа ќе ме примрзе да вежбам.

и без никакви додатоци и специјална исхрана, јадам што ќе најдам
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.454
СТИЛ: Зоран Колевски
Балканскиот шампион од Демир Хисар

Првиот билдер од Македонија што ја освои титулата шампион на Балканот во апсолутна категорија
Миодраг Мицковиќ

Кршно момче, целиот во мускули, чиниш дека телото му го обликувал некој скулптор. Од него блика одредена сила, свежина, иако изгледа скромно, срамежливо. А има и со што да се пофали Зоран Колевски, новиот балкански шампион во апсолутна категорија во бодибилдинг, титула освоена на последното првенство на Балканот што се одржа пред десетина дена во Солун, Грција.

Зоран Колевски е првиот билдер од Македонија што ја освои оваа титула и тоа во конкуренција на најдобрите билдери на Балканот, меѓу кои имаше и освојувачи на медали на европските и на светските првенства.

За кусо време почна да реди успеси и тоа без тренер, речиси самоук, почнувајќи некако рекреативно да се занимава со овој спорт во своето родно место Демир Хисар, каде што му живеат родителите, каде што го минува повеќето од своето слободно време, иако работи како приватно обезбедување во Скопје.

Многумина ме прашуваат што ме привлече кон бодибилдингот, желбата да имам убаво тело, многу мускули, тоа што го сакаат девојките", го започна нашиот разговор Зоран. „Сосема случајно, по наговор на другарите. Почувствував дека имам предиспозиции за овој спорт, некако самото тело така ми е градено. Веќе шест години тренирам, најчесто сам, имам еден куп книги, реквизити потребни да се гради телото, да се обликуваат мускулите. Не е толку лесно да се нафрлат само мускулите, да се тренира. Потребна е правилна исхрана, откажување од многуте убави работи, секојдневен тренинг. Бара и време и пари. Немам спонзор, сам се снаоѓам, бодибилдингот е скап спорт. Кога велам скап, тоа се однесува на исхраната.
Какво е Вашето мени во исхраната?
- Најмногу јадам варено месо, никако пржено, особено бело пилешко месо, без кожа, многу варен ориз, компири, салати, овошје и жито. Сето тоа чини пари. Пијам и многу сокови, природни, никако газирани.
Слушнавме дека не сте се напиле ниту чашка алкохол?
- Алкохолот е смрт за мускулите, омекнуваат од него, ја губат потребната симетрија, која најмногу одлучува на натпреварите. Многу ретко пробувам скара, свинско месо. Можеби по едно парче во годината. Затоа и велам дека бодибилдингот бара многу откажување.
Колку време дневно тренирате?
- Кога се подготвувам за натпревари, по два часа. Еден час е тренинг со тегови, вториот е аеробен тренинг, трчање, возење велосипед, топење на маснотиите. Не смее да се има ниту грам сало. Практично, тренирам преку целата година, интензивно пред натпреварите.
Рековте дека со бодибилдинг се занимавате околу шест години, кој беше Вашиот прв настап и успех?
- Во 2005 година, на изненадување на сите, бидејќи не бев познат и не членував во некој клуб во Скопје, станав шампион на Македонија во категорија. Тогаш го добив и првиот пехар. Наредната година, на Балканскиот шампионат што се одржа во Чачак, ја освоив титулата балкански шампион во категорија, годинава се закитив со две титули: апсолутен првак на Македонија и апсолутен шампион на Балканот. Во Грција, на Балканското првенство, победив прво во категорија, исто како и во Чачак, не се надевав дека во конкуренција на 50 билдери од Грција, Романија, Турција, Србија, Албанија, Црна Гора, јасно и од Македонија, ќе станам и апсолутен првак на Балканот. Сите седум судии ми дадоа највисоки оценки, поточно гласаа за мене. Морам да кажам дека и гледачите ми беа наклонети, особено женскиот дел. Имав ригорозни подготовки пред настапот во Солун, со недели ги топев маснотиите, судиите бараат секој мускул да биде симетричен на телото, мораш да изгледаш колку што може поубаво.
Рековте дека и женскиот дел од гледачите навиваше за Вас?
- Во летните месеци на плажата во Охрид и на скопските базени со моето развиено, мускулесто тело го привлекувам вниманието на девојките, можеби повеќе од љубопитност, не сум некој убавец.
Се' уште не сте женет?
- Рано е, нема зошто да брзам. Треба да решам некои други животни прашања, постојана работа, стан во Скопје. Не е лесно да се живее под кирија, со цимер. Немам ни постојана работа.
Работите како приватно обезбедување, дали некојпат сте биле во ситуација да ја покажете силата на Вашите мускули?
- За среќа, не, иако имало и жешки ситуации, со доста провоцирања. Одбегнувам да се силам, нема потреба од тоа, убавите зборови се посилни од силата.
Билдерите доста користат и витамински препарати?
- Тие се неопходни да се одржува формата на телото заедно со јаглеродните хидрати. На нив ги трошам сите пари, реков и ќе повторам, тешко оди без спонзори. Бодибилдингот не е спорт за да ги покажуваш само своите мускули, тоа е здрав спорт, добар за здравјето, секој може рекреативно да го практикува. Го освежува телото. Кога почнав да вежбам, не бев олку развиен. Но, полека, полека, се' си дојде на свое место. Признавам, сакав да имам убаво тело кога ги гледав светските билдери на фотографиите во многуте списанија што ги имам.
Задоволни ли сте од изгледот на Вашето тело?
- Да, и од телото и од освоените титули, особено како самоук, иако често тренирам во Скопје, во клубот „Анастасија“. Сега веќе ме познаваат, полесно ми е. Но, не живеам постојано во Скопје, растргнат сум на релација Скопје -Демир Хисар.
Во Бодибилдинг-федерацијата на Македонија дознавме дека ве планираат за настап на европското и на светското првенство?
- Ако се најдат средства, ќе учествувам. Верувам дека нема да разочарам. Македонија, не сметајќи ме мене, има одлични билдери, овој спорт од ден на ден го добива своето место во спортските асоцијации. И заслужува поголемо внимание. Не сме тепачи, како што некој знае да каже, пред се', сме спортисти.
Рековте, потребен е спонзор за поголеми резултати. Колку пари се тоа годишно за еден билдер.
- Не знам за другите, мислам дека околу 5.000 евра годишно, сите пари би оделе на исхрана, а Македонија би можела да добие и европски шампион. Вака, сам, тешко оди, морам да го признаам тоа. Парите што ги добивам од мојата работа како приватно обезбедување не стигнуваат ако не е помошта од родителите.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=35E8C8C206F6D64E8B81B1FF208FB323http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=35E8C8C206F6D64E8B81B1FF208FB323Извор, Утрински Весник
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Кајгана вежбална





Ајде мешљаци, кој е заинтересиран да симне некое килце и да изгледа по фит за летниот одмор? Имате уште фора. За 2 месеци би требало да има повеќе од забележливи резултати. За 4/5 месеци би требало да бидете во топ форма.

Ви пишувам како лаик, екс-спортист, ракометар, кој последнава година за првпат успеа да пушти стомаче заради недисциплина. Не сум стручњак, ама верувам дека ова е добитната комбинација.

Заедно со уште неколку формџии започнуваме мисија наречена "сакамѕверскистомачни" која ќе трае до јуни 2008. Ќе има слики од стомачињата пред да започнеме со вежби, после вториот месец и на крај... Можеби и и нешто измеѓу.


Овие правила важат за сите учесници во Кајгана вежбална.


Со оброците, ќе започнам од последниот до првиот:

Прво и основно, започнете со избегнување на вечерата.
Ако не работите трета смена, апсолутно ви е непотребна и извор на вишок килограми. Не се лакомете, нема да умрете ако не ја изедете вечерата ебаго. Ако чувствувате екстремна глад, каснете јаболка.

За ручек јадете што повеќе варена храна и избегнувајте големи количини на леб. Кркајте колку сакате и што сакате, контролирајте се. Колбаци, пржени месишта, скара... Никако.

Доручек - се е дозволено, освен фаст фуд. Плескавици и стекови не ви требаат на сабајле.

Чоколади - никако. Освен крем банани од Европа, тие се посни и нискокалорични.


Диетата и социјалниот живот:

Ако социјалниот живот ви се заснова на пиење алкохол, читајте го ова.

Одење во кафана - макс. 1 месечно. Дозволено јадење: пилешки стек.

Пиење пиво - макс. 2 флаши пиво неделно. Распоредете ги како сакате. Дали 2 пива во еден ден, или по 1 пиво 2 дена... тоа е ваша одлука.

Пиење коњак/виски - макс. 3 чаши неделно. Имајте на ум дека не смеете да ги мешате жестоките пијалоци и пивото. Пиете или пиво, или виски.


Вежби:

Теретана - понеделник, среда, петок.
Вежбите се индивидуални и во консултација со вработениот во теретаната.

Трчање на кеј - вторник, сабота.
Се трча од Жабарот, до мостот кај Александар палас. Таму се одмараме, истегнуваме и се враќаме со трчање.

Дома - секој ден.
Наутро (пред работа/школо/факс): 3 серии по 20 стомачни, 3 серии по 15 склекови.
Навечер (пред спиење): 2 серии по 30 стомачни, 2 серии по 15 склекови.


Пријавени учесници до сега:
Acid, Urban_Mover, kpbKENGUR, TpH_Bo_OkO.

Ако изразите желба, имајте во предвид дека теретаната во која ние идеме се плаќа 900 ден. (750 за студенти), но вие може да идете во било која. Сите трчаме заедно. За времето за поаѓање утре ќе се договориме накнадно :)
 

Necrophilia

Optimal Сasual Dating - Authentic Ladies
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Ајде мешљаци, кој е заинтересиран да симне некое килце и да изгледа по фит за летниот одмор? Имате уште фора. За 2 месеци би требало да има повеќе од забележливи резултати. За 4/5 месеци би требало да бидете во топ форма.

Ви пишувам како лаик, екс-спортист, ракометар, кој последнава година за првпат успеа да пушти стомаче заради недисциплина. Не сум стручњак, ама верувам дека ова е добитната комбинација.
Иста приказна, само кај мене што е + 15/16 спортови вклучувајќи го и ракометот.

се пријавувам. само прво распоред на часови оти јас работам секој ден освен сабота и по цели денови сум зафатен, ама можам саат/два да одвојам преку ден. :wink:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Ја поддржувам идејава максимално, иако нема да ве дружам во теретани и на трчање (здравствени проблеми :(), ќе почнам да применувам од советиве, а со стомачните веќе започнав (ама не ми иде :icon_lol:).

Се надевам дека за месец, два ќе има резултати.:)

Ајде мешљаци, пријавувајте се!:vozbud:
 
N

NeMiRnA

Гостин
Примате женски?!Хехехехехе...Јас би ви се придружила ама со активни тренинзи аикидо од наредниот месец...не сум по трчањето на кеј,а за во теретана исто може...
Би ви препорачала протеинска диета...ќе им се допадне на месарите на форумов...особено е ефективна со вежбање.
 
Член од
24 мај 2007
Мислења
5.124
Поени од реакции
35
Ја сум тука. :) ... Ова стомачните и склековите, си ги праам редовно ја (спортиста :) ). Во теретана не можам да доаѓам поради икс причини.

А за трчање, зависи од времето. Во вторник ако не сум во школо, а во сабота ако не сум на утакмица. :)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ја поддржувам идејава максимално, иако нема да ве дружам во теретани и на трчање (здравствени проблеми :(), ќе почнам да применувам од советиве, а со стомачните веќе започнав (ама не ми иде :icon_lol:).

Се надевам дека за месец, два ќе има резултати.:)

Ајде мешљаци, пријавувајте се!:vozbud:
Еве и јас да се пријавам:helou:
Само овој месец и идниот нема ни да имаме време за теретана и трчање. Али диетата и вежбањето по дома ги практикувам веќе една недела, плус сега кога имам подршка:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom