Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Нема некој посебен режим од типот појадок,ручек,вечера...
Можеш да јадеш секаков тип на месо,било како спремен,освен виршли...Јајца само едно неделно и многу зеленчук,било како приготвен.Несмееш-благо,овошје затоа што има шеќери,млеко и млечни производи,леб и бели пецива...
Се држи 2 недели,во просек се губи по пола кг од ден до 2 кг. зависи од човекот.Повеќе од две недели никако...И од месо здосадува верујте,ама има резултати...Кој сака нека проба...од искуства на познати има ефекти.
 
Dr Atkins диета?
 
Хм... Стално се кандисувам дека ке почнам да вежбам и сл, ама ништо до сега. Инаку да бев Ск, може ке ве дружев за во теретана и за трчање :)
 
не ми се веруе дека ја напраи темава :vozbud:
добра идеа падна, се надевам дека при крај на јуни ќе можеме да рендаме сирење од стомачните :wink:

јас почнувам со домашен тренинг и дисциплина во исхраната поради обавезите со факсот, а во теретана ви се придружувам од 11ти февруари-понеделник :vozbud:

АЈМО САМО МУШКИ! НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ!

edit-почнувам со 84кг тежина -)) ќе видиме како ќе оди -))
 
не ми се веруе дека ја напраи темава :vozbud:
добра идеа падна, се надевам дека при крај на јуни ќе можеме да рендаме сирење од стомачните :wink:

јас почнувам со домашен тренинг и дисциплина во исхраната поради обавезите со факсот, а во теретана ви се придружувам од 11ти февруари-понеделник :vozbud:

АЈМО САМО МУШКИ! НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ!
А демек колективно ќе се иде у теретана? Ако се иде кажувајте зашто ваму кај што идам идам сам:(
Ајде да ви покажам стомачните:pos: шала, слаб сум и ги имам ама ги одржавам, секој тренинг вежбање скромно нормално од 50 до 100 на 25 кила (има справа на која се вежба страва работа е:))

edit-> сега за сега 68 кила....сонот е до кај Јули да бидат 80
 
ти си ептен слабо со тежина, лесно ти се познаваат. јас имам мембрана од салце што треба да ја стопам до 10ти февруари. нема трте-мрте. СТРОГО! РЕЖИМ! иначе веќе ацит и трнот се во теретана, одат во стронг џим(мислам беше) кај кузман домот. иди со нив ако сакаш, ако ти одговара, јас пишав кога ќе им се приклучам
edit- teretana1
 
Па заинтересиран сум и јас. Веќе некое време правам по дома стомачни ама слабо некако ефектот:nesum: Најголем проблем ми е што тешко издржувам без благо, скоро секој ден јадам. За теретана не сум сигурен ама за трчање може и да ви се придружам:) Па да видиме до лето што ќе бидне.
 
Се држи 2 недели,во просек се губи по пола кг од ден до 2 кг. зависи од човекот.Повеќе од две недели никако...

Случајно ако претерам и ја држам диетата цел месец буквално ќе ме снема. :pos2:
Ваква диета не постои. И ништо да не јадеш две недели не верувам дека повеќе од 10 кила ќе ослабеш. А тоа со Dr. Atkins побиено е на Discovery со двајца близнаци, од кои едниот јаде високо калорична храна, а другиот држи нормална диета.

Ќе се заебете со трчањето, зашто е многу ладно сега и страдаат синусите. За две недели сите на антибиотици ќе бидете. Мој совет е да скокате на јаже на топло. Ова од искуство ви го кажувам
 
3 серии по 20 стомачни, 3 серии по 15 склекови.
Навечер (пред спиење): 2 серии по 30 стомачни, 2 серии по 15 склекови.
Може повеќе нели?:vozbud:

Со оглед на тоа што секојдневно тренирав...сега пауза правам добро ќе ми дојде ова...ќе ме поттикне да работам додека ми оздраве коленово(3 месеци:nesvest:)

Еве и ја се пријавувам имам сликано веќе:)
 
викаат- СТОМАЧНИ СЕ ПРАВАТ ВО КУЈНА, НЕ ВО ТЕРЕТАНА!
со други зборови-исхраната е најбитниот дел. значи, најпрво треба да се отарасите од салото преку кардио вежби-трчање, возење точак, пешачење и сл. зашто? бидејќи ако од старт вежбате стомачни-џабе ви е. ќе бидат покриени со сало. ќе се демотивирате гледајќи се во огледало дека нема резултати. ИМА! ама под салцето. затоа, BURN!
еве некој екстра совет-
за да го одржувате метаболизмот спремен за дигестија на храна на секои 2-3 саати каснете по едно јаболче, патлиџанче, краставица... така ќе го држите спремен за поголемите јадења кои не треба да се во голема количина. прејадување-НИКАКО. се јаде додека да се осетиш сит. значи, намалена исхрана, но редовна. појадок-МОРА, вечера скокнете или некое нискокалорично овошјенце или зеленчуче.
кардио-покрај погореспоменатите... ако живеете во зграда и сте на некој повисок кат-заборавете го лифтот. ко да е расипан и нема чичко мајстор за да го поправи. ако сте на 2-4 кат, пешки по двапати на одење/доаѓање... ако сте над 5ти кат, доволно е по еднаш. се горат така калории, верујте. секоја шанса што ја имате, оставете колата/моторот. пропешачете до таму кај што сте наумиле да одите.
исхрана-СТРОГО ВАРИВА ХРАНА... никако пржена. заборавете на кинг, седмица, попе и сл. не постојат веќе, ги затворија од управа за јавни приходи. место пржено пилешко, сварете го(или мама за вас). да, поневкусно е, ама затоа ќе имате повеќе резултати. значи... ВАРЕНА ХРАНА ДЕЦА! се што е пржено, зејтиносано, мрсно-баталете.
ВОДА! пијте минимум 8 чаши вода на ден, или 2 литри. гледајте што повеќе, помага водата многу! не ја штедете, бар дур уште е ефтина -))) за некоја година кога ќе се дозагади, ќе мора флаширана да земате, па затоа искористете ги благодетите на водостопанство македонија. водовод и канализација де -))
МОТИВАЦИЈА... ептен битна ствар. треба да сте цврсти и да се држите кон тоа што сте почнале да го правите. нема откажување, нема покасно, нема ден пауза! НИКАКО! мора да се држите кон режимот. верујте, на почеток е тешко, навистина. но подоцна, за месец-два самото тело се навикнува на тој начин на живот и ќе ви биде многу полесно. немојте секој факинг ден да се гледате во огледало, ќе се разочарате. нема во НИКОЈ случај да приметите разика. видливи резултати после 4-5 месец. затоа, баталете го огледалото и терајте си ја работата! ко да немате дома. НЕ! нема ѕиркање!

ако има нешто прашања, други совети и сл. добродојдени се!
овде сме за иста цел -))

едит-
Ќе се заебете со трчањето, зашто е многу ладно сега и страдаат синусите. За две недели сите на антибиотици ќе бидете. Мој совет е да скокате на јаже на топло. Ова од искуство ви го кажувам
вистина е.
пробајте со скокање јаже. трчање во влез по скалите е исто така прифатлива опција, не е до толку ладно! нека ве буљаат комшиите, кој ги ј%&е, битно да горите калории.
мислам дека и оваа цака пали- завиткајте го мевот со фолија, повеќе ќе се потите така...
edit2-напомена:сево ова го правиме вез никакви додатоци од трет вид(неприродни) како протеини фукање, стероиди, амино, креатин и слични на овие -) бар, зборам за мене
natural is healthy...
 
А демек колективно ќе се иде у теретана? Ако се иде кажувајте зашто ваму кај што идам идам сам:(
Идеме групно во теретаната Strong Gym. Се наоѓа одма до студентски Кузман, во центар. Засега идеме јас, трнот, урбан мувер, комшија на урбан, кенгурот (од понеделник доаѓа он).

Инаку, само што се вративме јас и трнот од теретана.
Ко за почеток вежбавме гради и бицепс, стомачни на крај и малку трошење калории на орбитрек. Вечера, нормално, избегнуваме. Сега идам под туш, па ќе се засладам со едно јаболче :)

Утре денот почнува со стомачни и склекови.

Кој сака да дојде у теретана, нека се пријави, па ќе се договориме кај ќе се чекаме. :bilokojzbor:
 
Дојдете и на пливање, може некој од вас има дарба за триатлонец :), близу е Олимпијадата, може да се прати некој Кајганџија:pos2:
 
Нема некој посебен режим од типот појадок,ручек,вечера...
Можеш да јадеш секаков тип на месо,било како спремен,освен виршли...Јајца само едно неделно и многу зеленчук,било како приготвен.Несмееш-благо,овошје затоа што има шеќери,млеко и млечни производи,леб и бели пецива...
Се држи 2 недели,во просек се губи по пола кг од ден до 2 кг. зависи од човекот.Повеќе од две недели никако...И од месо здосадува верујте,ама има резултати...Кој сака нека проба...од искуства на познати има ефекти.
Ова сигурно или играш мајДАБ?

викаат- СТОМАЧНИ СЕ ПРАВАТ ВО КУЈНА, НЕ ВО ТЕРЕТАНА!
со други зборови-исхраната е најбитниот дел. значи, најпрво треба да се отарасите од салото преку кардио вежби-трчање, возење точак, пешачење и сл. зашто? бидејќи ако од старт вежбате стомачни-џабе ви е. ќе бидат покриени со сало. ќе се демотивирате гледајќи се во огледало дека нема резултати. ИМА! ама под салцето. затоа, BURN!

Ова е точно и најважно од искуство да кажам.Стомачни имам,кога ке стегнам стомак уште повеке :kesa:,ама дека почнав кога имав сало да вежбам,а вежбав само стомачни,како што вика кингури,под салото ми се.
А ја да прашам,освен Немирна шо кажа,дали енкој знае друга некоја диета за побрзо да паднам некое килце,оти не ке можам ова со месово,студентски живот фак ит.
 
имам конкретно прашање... што за доручек?! наведете неколку оброци.
пример, чаша јогурт? портокал? или нешто похранливо?
 
Мојата спортска диета моментално содржи изобилие од ориз, леб и сладолед (ако видите некоја во Веро собира останати сладоледи од фрижидери јас сум). Оваа диета е да ми даде енергија и притоа да ми го зацрврсне телото.
Тебе те интересира доручекот : Пробај да јадеш овошје, сокови, ништо така потврдо, можеш и јогурт, само леб не и благи работи да не се нафукаш отсабајле. Тоа не! Навечер и насабајле никако многу леб исто така.
Јас имам пред тренинг и после тренинг задача да каснам чоколадо, ама ова вие откако ќе почнете со теретаните применувајте го :) иначе ќе се збуцате уште повеќе :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom