LaChupacabraLoca
jedi master
- Член од
- 13 октомври 2011
- Мислења
- 3.531
- Поени од реакции
- 5.063
Лесно е кај тебевиди, не дека сакам да ослабам ептен многу, туку само да го израмнам стомакот
имам 19год. висока сум 1.70м тежина, 62-3кг. што мислам дека е идеално ..сепак, од не-вежбање, го имам она стомаче
прашав што да јадам, бидејќи лани мислам, имаше еден дечко на форумов (Rocky или слично нешто не се сеќавам) кој според тежината, висината, и годините ми направи "мени" што да јадам, колку, и што да изоставувам од исхраната
2-3 пати неделно кардио , ти кажаа веќе за исхраната, гледај мрсното и благото да биде на минимум сведено, додека главно исхраната треба да ти се состои од млечни производи, зеленчук и овојше, јајца , месо ( најдобро е пилешки гради, избегнувај свинско) , макарони и шпагети, ориз , варени ( бегај од пржени ) компири , од прилика тоа е. Не знам дали си мераклика на благо и газирани сокови , па ако си , доколку ги елиминираш од исхраната , за кратко време ќе забележеш промени.
Можеш и да пиеш зелен чај , помага во слабеењето ама не многу пример 4-5 шолји на ден , топат одприлика 70 калории преку термогенеза.