Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Ако делиш совети дели.. не потценувај не се исмевај.. прочитај си го аватарот и разбери што ти значи.. ако има некој грешка а ти знаеш повеќе надополни..
--- надополнето: 30 мај 2012 во 22:28 ---

Грубо кажано со тоа се станува.. : )

Многу добро знам што ми значи аватарот другар.Јас многу убаво му кажав,а он почна со уличен стил да ми збори,па морав на таков начин да вратам.Па,што е проблемот ?

Прво кажи ми што под разбираш под поимот БИЛДЕР ? после,може да дискутираме.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
468
Поени од реакции
68
Читам една книга,и во програмата пишува,нормално 6 недели тренинг и исхрана а после 3 недели да намалиш внес на протеини на 30 грама дневно,па после пак нормален внес на протеини 6 недели и се така.. дали е можно вака да расте мускулот?демек ако намалиш внес на протеини така се лачи тестостерон и хормонот за растење и така расте мускулот а не е потребно многу протеин како некој хипер адаптивен циклус или сл. вие имате експериментирано вака,знаете нешто повеќе?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Се што правиш континуирано на скроз ист начин доведува до плато. Не ја знам биологијата позади “30 грама помалку протеин“ али сигурно е да го збуниш организмот за после коа ќе се вратиш на старата шема да има поголем ефект. :)
 
Да така нешто,да го мамиш постојано организмот или слично,иначе не 30 грама помалку него стриктно 30 грама дневно,значи зимаш 150 грама и после 3 недели 30 грама протеин дневно,да кажеме само една доза веј.
 
И,од што ќе живееш тие 3 недели ? :cautious:
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Jаглехидрати?
Све без месо со многу салата, едвај 30 грама ќе се соберат од јогурт и тук таму нешо шо има протеинче.
Па може ова да се проба...ќе ја израдувам мајка ми,ќе одмори 3 недели :D
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Читам една книга,и во програмата пишува,нормално 6 недели тренинг и исхрана а после 3 недели да намалиш внес на протеини на 30 грама дневно,па после пак нормален внес на протеини 6 недели и се така.. дали е можно вака да расте мускулот?демек ако намалиш внес на протеини така се лачи тестостерон и хормонот за растење и така расте мускулот а не е потребно многу протеин како некој хипер адаптивен циклус или сл. вие имате експериментирано вака,знаете нешто повеќе?
Ризично е и нездраво,не би му препорачал на никој ваков начин на диета,едно е јаглехидрати да се намалат друго е протеини,опасно е многу за мускулите..мускулна маса која си се мачел толку време да ја стекнеш можеш да ја изгубиш многу лесно за тие 3 недели,не е малку време..едно е да користиш неколку дена толку низок внес на протеини друго е 3 недели,ти знаеш ли што е скоро цел месец мускулот да не види фазла од 30 протеини?Самоубиство..само не ми е јасно кој ги пишува овие книги и ги дава овие совети.
 
Еве не мора 3 недели,една или две, а затоа спомнав за тестостеронот и хормонот за растење,ако намалиш протеини овие две се зголемуваат до 1000%, и така се храни мускулот,а после кога пак ќе зимаш нормален внес на протеини ,мускулот многу полесно ќе го впие протеионот. Нешто како што му нанесуваш стрес на мускулот само ова е на организмот,ова може е ризично па ме интересираше дали некој вака испробувал вака,ама не само да давате претпоставки,од искуство да кажете.
 
Еве од искуство да ти кажам,кога бев на одмор пред некоја година тие 11 дена не внесував доволно протеини и кога си дојдов дома бев ослабен 6-7кг,некој процент од тоа беше мускулна маса..околу 20-30%(значи не малку)затоа што дефиницијата ми беше скоро иста останата..знаев колку е саатот,не бев повеќе издефиниран да речеш дека сум ослабел во масти,туку бев ист на изглед само паднат 6-7кг,и да,се сеќава одма дека мускулите во целото тело одреден процент се намалени поради катаболизмот кој е настанат од недоволно внесување протеини,кога си дојдов дома ме мавна шок кога се измерив..така да никогаш повеќе не се оставам под минимум 100гр протеин дневно.Тоа околу лачењето на тестостерон..има многу поздрави и поквалитетни начини да зголемиш тестостерон одколку со намалување на протеините на 30гр дневно.
 
А ако јадеш точно калории колку што ти треба за денот, нема ич да слабееш, а не па мускул?
Problem solved?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
А ако јадеш точно калории колку што ти треба за денот, нема ич да слабееш, а не па мускул?
Problem solved?
Не би рекол,пример ако треба да внесуваш 100гр. протеин,ти внесуваш 30гр.(како во случајов)и за да ги надополниш тие калории треба да внесеш +70гр јаглехидрати(Земено како вкупен калориски внес).Е сега проблемот настанува што во крвта нема доволно амино киселини за да мускулот остане во анаболизам,значи зборуваме и за најпотребните аминокиселини за мускулен раст(валин,исолевцин и левцин)но и за другите не толку важни но сепак од голема корист,затоа што овие 3 аминокиселини се внесуваат и се содржат доволно само во протеините кој се од животинско потекло,а јаглехидратите не содржат аминокиселини,туку само ќе се складираат како енергија.Кога мускулот ќе ги исцеди тие аминокиселини од тие 30гр. протеин ќе нема веќе што да користи,и логично од тоа ќе почне да се разјадува самиот себе си.И да,нема да изгубиш некоја си којзнае колкава килажа ако внимаваш на јаглехидратите,но на подолг период(3 месеци)сигурно ќе намалиш килажа поради намалена мускулна маса.Ова го зборувам ако имаш вклучено и физичка активност.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom