Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

S

Stef Bachatero

Гостин
Значи јасно ми е тоа не сум абдал најбитна е исхраната џабе би го пиел протеинот т.е. не би имал ефект од протеинот ако не ми е средена исхраната..а на батката раката очигледно му порасна од протеинот вклучувајќи ги и другите работи..

Па нели е најпродаван all wheyot нели е еден од најдобрите протеини...по логиката што е најпродаван го зимаат сите а тоа што го зимаат сите кажува дека покажал најдобри резултати кај нив...по таа логика
Dymatize whey protein 75 % е добар лесно сварлив и не прави проблеми со гасови.
Ultimate nutrition iso sensation е многу добар еден од најдобрите протеини на пазарот иако цената му е солена содржи 93 % протеин од сурутка,не сум видел поголема вредност од оваа,лесно сварлив,убедливо еден од најдобрите што сум ги пробал.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Па нели е најпродаван all wheyot нели е еден од најдобрите протеини...по логиката што е најпродаван го зимаат сите а тоа што го зимаат сите кажува дека покажал најдобри резултати кај нив...по таа логика
Незнам за најпродаван, но дефинитивно не е најдобар бидејќи се работи за whey концентрат, за помали пари може да се најде (скоро) чист изолат кој е дефинитивно подобар.
Но тоа не прави голема разлика, мене лично allwheyот не ми се допаѓа бидејќи има есенцијални масни киселини, кои да ме не сфатиш погрешно се многу потребни на телото особено ако се занимаваш со овој спорт, но со нивното присуство се губи целиот коцепт на whey протеин и неговата намена. Но, да не испадне дека правам лоша реклама, секој си има право на збор.

А и рацете на батката што го познаваш, не му пораснале од протеинот, тоа со сигурност бидејќи неможе одреден дел на телото да расте/стагнира со било каков додаток.
Тоа што му пораснала повеќе од тебе, вероватно е повеќе генетски надарен за раст во тој дел од телото.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Протеин од сурутка е здраво,но не е научно докажано дека е подобар од било кој друг извор како белката од јајцето,млекото,урдата и други високо квалитетни протеини.
Докажано е подобар преку така наречената биоискористливост (јајцето е земено како референтна вредност со биоискористливост од 100 затоа што се мислело дека е најдобар протеин додека не е утврдено дека whey-от е подобар) Можеш да бараш над интернет под protein bioavailability.

--- надополнето: 26 април 2012 во 17:42 ---
Па нели е најпродаван all wheyot нели е еден од најдобрите протеини...по логиката што е најпродаван го зимаат сите а тоа што го зимаат сите кажува дека покажал најдобри резултати кај нив...по таа логика
AllWhey може највеќе го купуваат во Македонија затоа што гет реди направи добра реклама со All Max фирмата иако е тотално нова на светскиот пазар мислам дека само 7 години постои за разлика од например Ultimate Nutrition која постои веќе 30 и кусур години или пак Weider кои се уште постари и тн. Во светски рамки мислам дека најпродавани се продуктите од Optimum Nutrition и MuscleTech
 
Komita Skopje

Скопје Обединето за Вардар!!!
Член од
14 декември 2011
Мислења
107
Поени од реакции
27
Незнам за најпродаван, но дефинитивно не е најдобар бидејќи се работи за whey концентрат, за помали пари може да се најде (скоро) чист изолат кој е дефинитивно подобар.
Но тоа не прави голема разлика, мене лично allwheyот не ми се допаѓа бидејќи има есенцијални масни киселини, кои да ме не сфатиш погрешно се многу потребни на телото особено ако се занимаваш со овој спорт, но со нивното присуство се губи целиот коцепт на whey протеин и неговата намена. Но, да не испадне дека правам лоша реклама, секој си има право на збор.

А и рацете на батката што го познаваш, не му пораснале од протеинот, тоа со сигурност бидејќи неможе одреден дел на телото да расте/стагнира со било каков додаток.
Тоа што му пораснала повеќе од тебе, вероватно е повеќе генетски надарен за раст во тој дел од телото.
Епа чим е така ако може да ми го препорачаш според тебе најдобриот протеин кој го има тука(Македонија) и е со цена до 3500 за да не лутам и да не купувам за џабе...
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Епа чим е така ако може да ми го препорачаш според тебе најдобриот протеин кој го има тука(Македонија) и е со цена до 3500 за да не лутам и да не купувам за џабе...
Нема најдобар, протеин си е протеин (whey) разликата е ептен мала нијанса од еден до друг.
Или нека биде тоа покомплексен протеин (составен од повеќе вида) или пак изолат, но во секој случај комбинирај го со декстроза за подобар резултат.
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Стајте некоја фотка од купот (не отидов :( )
 
Komita Skopje

Скопје Обединето за Вардар!!!
Член од
14 декември 2011
Мислења
107
Поени од реакции
27
Нема најдобар, протеин си е протеин (whey) разликата е ептен мала нијанса од еден до друг.
Или нека биде тоа покомплексен протеин (составен од повеќе вида) или пак изолат, но во секој случај комбинирај го со декстроза за подобар резултат.
Фала :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Колку е ефективно циклична диета 3 дена низок внес на јаглехидрати и 1 ден висок ден.Сега ги бројам калориите,јадам храни со низок индекс на GI гликемичен индекс има резултати но се губи сало во нозете,газот и грбот,стомакот тешко.Ја практикувате и ваши искуства?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Колку е ефективно циклична диета 3 дена низок внес на јаглехидрати и 1 ден висок ден.Сега ги бројам калориите,јадам храни со низок индекс на GI гликемичен индекс има резултати но се губи сало во нозете,газот и грбот,стомакот тешко.Ја практикувате и ваши искуства?
Не губиш сало таму ради диетата, туку затоа што телото е програмирано на таков начин. Затоа по којзнае кој пат, нема топење масно ткиво од одреден регион на телото. Не можеш да го натераш телото да топи сало само од едно место, тоа само бира од каде ќе топи. Но најчесто, кај 90% од машките телото е програмирано да топи сало по овој редослед лице - екстремитети - гради - грб - стомак. Тоа е така затоа што природата не дизајнирала да бидеме "ловци", па резервите во стомакот нема да ни сметаат во движење и слично, за разлика од екстремитетите (затоа таму се топи прво). Секогаш кога сме на диета прво нешто што ни слабее е лицето, и сите ни викаат "Леле ама си ослабел", таму е највидливо на прв поглед.

Само напорна работа и ќе дојде и на ред стомакот, нема лесен пат до тоа, само упорност и редовност! :)
 
Па трчам по 40 мин кардио оваа недела.Од јаглехидрати земам овес,грав,леќа сите храни со низок гликемичен индекс.Од протеински внес се знае изварка,риба,пилешко.Од масти лен,маслиново масло,кикирики.Гледам да ги мерам и да знам колку внесувам затоа има резултати.Еден другар две години иде во теретана и не ме слуша за исхрана и секогаш се жали дека нема резултати,кога го прашав што се храниш дневно,ми го потврди тоа што го очекував.Нередовна исхрана,небалансирана и премалку протеини.Вежбање без исхрана е апсолутна глупост,незнам зашто толку многу се жалат луѓето кога никогаш не се консултираат со луѓе што го поминале тоа и професионалци.Жално е кога бев во една од теретаните на девојките им покажуваат вежби за нозете и луѓето што се платени за тоа не ги поправаат во вежбите.
 
B

Beck's

Гостин
Kratko prasanje: dali se rizicni proteinite? Planiram da zeam True Mass, inace idam u teretana veke 3 meseci
 
Kajgana Shop

На врв Bottom