Порано правевме тегови од различни кутии и канти полни со бетон.
Сега сум размислувал, но од разни причини не сум направил. Едно што немам простор (можеби во подрум, но влагата и прашината се проблем за вежбање. А и атмосферата е подруга...плус секогаш некој ќе ти даде совет за грешките.
Ако веќе си на ум да правиш домашна справа, сигурно ќе ти треба и бенч/клупа, макар рамна и коса како и справи за рамо (каде најверојатно ќе користиш тегови). Ќе ти требаат и вежби за нозе освен ако користиш исчекор и чучњеви и ако си во состојба шипката (за чучњеви) да ја подигнеш од земја на врат без соодветно вратило (што е малку ризик за повреди). Чучњевите се многу добра основа вежба за нозе, не би требало да се занемарат.
таа голема зелена сигурно можеш да ја користиш и за трицепс со потисок, како и (ако направиш коса клупа) за т..н.cable Incline triceps extension, cable incline pushdown (за латералите)...има доста варијации за размислување и за комбинирање.
ако добро ја сфатив сликата, постои варијанта и за рамо со таа мала зелена (со грб завртен кон макарата/справата, сајлата измеѓу нозе. Исто мислам дека можеш да ја користиш и за трапезоидите.
малце да не е проблем со бетонот (точно одредена тежина, облошки за да не се рони бетонот, најверојатно треба да се испреплетени со арматура за да не искрши лесно) со фрлањето. Немаш прашано колку чини леење со железо? Или има одвреме навреме теретани кои се затвараат или менуваат опрема и доста справи/тегови одат на секонд хенд продажба. И за сајлите, некои ги набавуваа од пазар (имаше на битпазар), можеби не толку квалитетни, но доста издржуваа.
прашината е проблем што се решава со метла, влагата малце потешко ама исто се решава, атмосфера баш и не ми треба а совети - да не звучам самобендисан - не ми требаат од причина што учев медицина вонредно, а постои и интернет и дечки како вас
бенч несакам од причина што планирам да ја заменам со различни видови на склекови, многу склекови, справа за грб имам потреба оти не можам целосен тренинг да изведам сам на вратило, не сум доволно силен а и мислам дека нема да биде така ефективен, работам седечка работа пред компјутер и очајно ми требаат вежби за грб, ако правам бенч повеќе само ќе си наштетам
за тегови од бетон планирам смесата да биде „помрсна“ и да ќе ставам арматура, а потоа ќе ги премачкам со мрсна боја
сајли има по железари (не сум од ск за битпазар) и има баш една обложена е со гума (за хидрофори) и нема да гребе и нема многу бука да прави
во Велес не се затвораат теретани, има две и тие си се цело време, за леење не сум прашал а и не ти е лоша идејата навистина ти благодарам
едит: заборавив да спомнам за бетонот дека со тежината не е проблем, ќе ги пресметам тежините компјутерски по волумен и густина
Мислам дека се што ти треба е power rack.
80% од вежбите што можеш да ги правиш на некакви справи, сајли и што ти знам, можеш да ги правиш и со шипка, што е далеку посупериорен начин на вежбање. Оние 20% што не можеш да ги правиш со шипка (или евентуално со еднорачни) се најчесто бескорисни или инфериорни.
Се разбира, ти треба и уште една подобра клупа.
го гледав и ова, некако ми е премногу гломазно, а и не е она што го барам, вратило имам дома и не ме задоволува комплетно, затоа и правам справа, можеби во некоја понапредна фаза ќе ми треба само оваква машина
сепак фала ти многу