Порано правевме тегови од различни кутии и канти полни со бетон.
Сега сум размислувал, но од разни причини не сум направил. Едно што немам простор (можеби во подрум, но влагата и прашината се проблем за вежбање. А и атмосферата е подруга...плус секогаш некој ќе ти даде совет за грешките.
Ако веќе си на ум да правиш домашна справа, сигурно ќе ти треба и бенч/клупа, макар рамна и коса како и справи за рамо (каде најверојатно ќе користиш тегови). Ќе ти требаат и вежби за нозе освен ако користиш исчекор и чучњеви и ако си во состојба шипката (за чучњеви) да ја подигнеш од земја на врат без соодветно вратило (што е малку ризик за повреди). Чучњевите се многу добра основа вежба за нозе, не би требало да се занемарат.
таа голема зелена сигурно можеш да ја користиш и за трицепс со потисок, како и (ако направиш коса клупа) за т..н.cable Incline triceps extension, cable incline pushdown (за латералите)...има доста варијации за размислување и за комбинирање.
ако добро ја сфатив сликата, постои варијанта и за рамо со таа мала зелена (со грб завртен кон макарата/справата, сајлата измеѓу нозе. Исто мислам дека можеш да ја користиш и за трапезоидите.
малце да не е проблем со бетонот (точно одредена тежина, облошки за да не се рони бетонот, најверојатно треба да се испреплетени со арматура за да не искрши лесно) со фрлањето. Немаш прашано колку чини леење со железо? Или има одвреме навреме теретани кои се затвараат или менуваат опрема и доста справи/тегови одат на секонд хенд продажба. И за сајлите, некои ги набавуваа од пазар (имаше на битпазар), можеби не толку квалитетни, но доста издржуваа.