Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ако е огрански, зошто обичниот мед е засладен со прости шеќери кои само чекаат внес во телото да почнат со создавање нови масни клетки, а тие се перманентни.
Најдобра замена наместо декстрозата е сувото грозје.
Ништо не создава НОВИ масни клетки ниту НОВИ мускулни клетки. Бројот на мускулни/масни клетки е ист од кога си бил бебе.
--- надополнето: Aug 5, 2011 8:11 PM ---
Имам едно прашање....Повеке е од општа физичка природа отколку со самиот бодибилдинг...
Значи имам 18 години..Пред една година тежев 111кг сега сум 75,5 а висок сум 1.78цм...Е сега што е проблемот...Ова овде го поставувам како прашање бидејки само овде сретнав некои стручни лица кои би можеле да помогнат...При такво губење тежина доага до loose skin како што викат Англичаните..Односно оптегната кожа сега не е во состајба да се врати во првобитната положба и е оптегната ,дали постио некои здраво решение за да оваа кожа се врати во првобитнатната положба.
Инаку физички сум активен..Сега летото повеке кардио-велосипед, трчање, фудбал..а зимата повеке тегови, склекови, стомачни....
млад си би требало целосно да ти се поврати кожата т.е. да немаш "вишок" кожа. Само храни се правилно со доволна хидратација и витамини. Пробај малку да одиш и во теретана да нафрлиш мускулна маса така уште помалку проблеми ќе имаш со вишокот кожа
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

Но не се хранат сите исто и поденакво, нели? И кои повеќе ќе ги нахраниш, тие ќе се развиваат.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Но не се хранат сите исто и поденакво, нели? И кои повеќе ќе ги нахраниш, тие ќе се развиваат.
Па има брзи и бавни влакна. Едни се за експлозивност т.н. "брзи влакна "и ги "пумпаш" со репетиции од 8-12 најдобро, а другите се за издржливост "бавните" и тие тешко се пумпаат ама реагираат и стануваат поиздржливи на долги серии од по над 20 репетиции (овие не се пумпаат бидејќи во главно со тренинг се навикнуваат да складираат повеќе енергија за следниот пат и така стануваат поиздржливи) Во глобала поентата на тренингот е да предизвикаш микро повреди во самите мускулни влакна (се оштетува актинот и миозинот, два протеини кои учествуваат во контракцијата на мускулот) а за време на одморот мускулното влакно ги санира тие оштетувања градејќи се посилно (подебело) и така од тренинг до тренинг со што мускулот станува поголем и поголем. Од друга страна мускуните влакна што не ги вежбаш нема да се оштетат па истите нема да се поправат во посилни за време на одморот и така нема да пораснат. Сето ова зависи и од многу други фактори и тоа доволно градбени елементи за обнова на мускулите (протеини), доволна хидратација, хормонски статус (пред се тестостерон, хормон за раст и кортизол), доволна количина на сон и сл.
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Имам едно прашање....Повеке е од општа физичка природа отколку со самиот бодибилдинг...
Значи имам 18 години..Пред една година тежев 111кг сега сум 75,5 а висок сум 1.78цм...Е сега што е проблемот...Ова овде го поставувам како прашање бидејки само овде сретнав некои стручни лица кои би можеле да помогнат...При такво губење тежина доага до loose skin како што викат Англичаните..Односно оптегната кожа сега не е во состајба да се врати во првобитната положба и е оптегната ,дали постио некои здраво решение за да оваа кожа се врати во првобитнатната положба.
Инаку физички сум активен..Сега летото повеке кардио-велосипед, трчање, фудбал..а зимата повеке тегови, склекови, стомачни....
Редовно вежбање за да накачиш мускулна маса, ќе ти треба многу време, и јас го имам истиот проблем, но не многу вишок кожа. Ако ти виси кожата додека си станат, операција ти е единствена опција. Накачи муксулна маса, и кога ќе мислиш дека ти е доволно, почни да топиш масти. Кожата сама од себе без да направиш ништо не би можела да се врати во нормала, бидејќи тоа се изумрени клетки, а бидејќи си млад како мене, таа се регенерира постепено, но и за тоа е потребно многу време проследено со многу вежбање, правилна исхрана и конзумирање доволно вода.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Па има брзи и бавни влакна. Едни се за експлозивност т.н. "брзи влакна "и ги "пумпаш" со репетиции од 8-12 најдобро, а другите се за издржливост "бавните" и тие тешко се пумпаат ама реагираат и стануваат поиздржливи на долги серии од по над 20 репетиции (овие не се пумпаат бидејќи во главно со тренинг се навикнуваат да складираат повеќе енергија за следниот пат и така стануваат поиздржливи) Во глобала поентата на тренингот е да предизвикаш микро повреди во самите мускулни влакна (се оштетува актинот и миозинот, два протеини кои учествуваат во контракцијата на мускулот) а за време на одморот мускулното влакно ги санира тие оштетувања градејќи се посилно (подебело) и така од тренинг до тренинг со што мускулот станува поголем и поголем. Од друга страна мускуните влакна што не ги вежбаш нема да се оштетат па истите нема да се поправат во посилни за време на одморот и така нема да пораснат. Сето ова зависи и од многу други фактори и тоа доволно градбени елементи за обнова на мускулите (протеини), доволна хидратација, хормонски статус (пред се тестостерон, хормон за раст и кортизол), доволна количина на сон и сл.
Изненаден сум, толку време се занимавам со бодибилдинг до сега никој толку професионално ми нема пристапено во прераскажувањето на регенерација на мускулните влакна и нивно добивка од оштетувањето. Секоја чест :)

Да надополнам еден битен факт во твојот текст е дека под хранење на мускул, освен што треба добар сон за лачење на тестостеронот, треба протеин од разни видивои. Искористеноста на сите протеини не е иста, затоа Whey-от (кој доаѓа во три форми: concentrate, isolate и hydrolysate) како најискористлив протеин е најпрепорачан (95% искористеност), но не значи дека треба да останеме само на whey-от. Следуваат јајцата со нивна 88% искористеност, рибата со 78%, млечните производи со 76% и месото со 70%.

Едит: Сите оние кои се прашуваат за мускулна маса, освен исхраната, сооднос 3:1 јаглехидрати-протеини, спиењето, има и трик во вежбањето од 3 вежби.

Јас по 2 месеца користење (на почетокот кога почнував) забележав драстично зголемување на мускулната маса, и сила.

Вежбите се: Мртво дигање, Чучњеви, Бенч, или како го викаат - моќното трио.

Доколку не ги изоставите овие три вежби, резултатот треба да биде неизбежен, освен ако исхраната и останатите фактори не се исклучени се разбира.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.833
Поени од реакции
4.536

ај преведи што е мртво дигање и моќно трио, или дај линк да ја видам вежбата
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.833
Поени од реакции
4.536

вака некако ќе му дојде а?
--- надополнето: Aug 6, 2011 8:53 AM ---
бидејќе не сакам да отворам нова тема за оваа работа ќе постирам тука:
значи мене лично ми се смачи да одам по теретани, особено во лето, кога има премногу гужва, жешко е, испотени луѓе околу тебе, смрдеа, сите ти солат памет, не можеш да вежбаш во континуитет, секогаш чекаш некого да заврши па ти да седнеш.....и се решив да си правам дома сам теретана
тоа и ми е струката, 3Д дизајнер, имам искуство па засукав ракави

направена е за да се размонтира лесно, да не тежи премногу и да може да ја собере под креветот и лесто да се преместува: од соба на тераса и обратно.
За тие што можеби нема да ја сватат сликата, црвеното е седиштето, жолтото е оној пулт за бицепс и може да се става и да се вади по потреба, големата зелена шипка е онаа за класични вежби за справа за грб
a малата зелена шипка може да се користи за бицепс и грб
ако седнеш на земјата, може да се изведат и оние вежби за квадрицепс ако седнеш на седиште.
работи на добро познат принцип со макари и теретот го влечат две сајли (горе и доле де).
Цената како што прерачунав со цените од една локална железара е 1800 денари за материјалот (профили), макарите се самоделски и неме коштаат ништо, шипките за влечење ќе треба да ги купам (или направам) а теговите планирам да ги правам од бетон зошто да ги купам многу скапо ќе ме фати

Целта ми е да ве прашам, дали вие имате нешто слично направено? Дали би сакале да направите? дали имате за оваа справа некоја забелешка со што јас би ја усовршил? Кое е вашето мислење?
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Мислам дека се што ти треба е power rack.

80% од вежбите што можеш да ги правиш на некакви справи, сајли и што ти знам, можеш да ги правиш и со шипка, што е далеку посупериорен начин на вежбање. Оние 20% што не можеш да ги правиш со шипка (или евентуално со еднорачни) се најчесто бескорисни или инфериорни.

Се разбира, ти треба и уште една подобра клупа.

@Myers
Појасот не е паметна работа.
Како прво, треба да знаеш да одбереш појас кој тебе ке ти одговара.
Второ, голем дел од појасите што можат да се најдат по продавници се едноставно смешни и со тотално промашен дизајн.
Трето, појасот може да предизвика повреди кај почетници и луѓе со лоша техника и форма. Причината е тоа што поради појасот се добива чувство на сигурност и покрај лошата форма. Најчесто повредите добиени со појас се полоши од повредите без појас.
Четврто, појасот се користи како опрема за powerlifting каде што целта е да се крене поголема тежина. Во тој случај појасот овозможува складирање на дел од енергијата од екцентричниот дел од движењето за да може таа енергија да се искористи во концентричниот дел, слично како stretch рефлексот во мускулите и лигаментите. Пример, кога се прави чучањ, со стомакот се притиска према појасот додека се спуштаме надоле. Кога почнуваме да туркаме према горе, појасот е растегнат поради неговата еластичност, и ни помага да излеземе од „дупката“, т.е. да ги поминеме оние први мачни 7-8 сантиметри.

Често можат да се најдат појаси кои се широки кај кичмата а тенки кај стомакот. Таквите појаси се бескорисни.

Кога е во прашање бодибилдингот со добра форма и техника, појасот е непотребен. Со лоша форма и техника, појасот е опасен без исклучоци.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mj

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
sajSiGa,
само со ова- "Ништо не создава НОВИ масни клетки ниту НОВИ мускулни клетки." нема да се сложам :) другото е ОК објаснето.
 
DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
вежбам редовно и со поголеми тежини за маса и имам внес од 90 - 100 гр протеини двевно до 10гр масти и до 100гр јаглено хидрати, што ми препорачувате за маса... значи не земам никакви суплементи а и не планирам сега за сега? инаку паднав на маса неколку кг :)
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.899
Поени од реакции
717
Како ке биде ако се пие креатин и да се вежба нормално,а и комбинирано да се трча покрај кеј на пример после теретана,или преку еден ден?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Соино брашно ??

Го фалат сите пуно било протеини а у .....сеа почнав да го пијам - ОТРОВ ...ќе приумрам ....
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
вежбам редовно и со поголеми тежини за маса и имам внес од 90 - 100 гр протеини двевно до 10гр масти и до 100гр јаглено хидрати, што ми препорачувате за маса... значи не земам никакви суплементи а и не планирам сега за сега? инаку паднав на маса неколку кг :)
па како да не ослбанеш ! со овој смешен внес (ако е точен) ти внесуваш само 890 калории?? WTF

за маса се знае како, јадеш ко стока, вежбаш ко стока! зависи сеа од твојата моментална состојба и килажа но во секој случај треба да јадеш повеке, многу повеке но пази да јадеш квалитетна храна и секако повеќе протеини секогаш се добредојдени! :D
--- надополнето: Aug 7, 2011 4:06 PM ---
Како ке биде ако се пие креатин и да се вежба нормално,а и комбинирано да се трча покрај кеј на пример после теретана,или преку еден ден?
Ќе биде супер :D
 
Член од
19 септември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
7
кога се пијат живите јајца има опасност од заболување од некоја бактерија, но дали степенот на опасноста е ист и на купените јајца од продавница и од селските јајца ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom