Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Важна улога игра интензитетот на тренинг, не што се тренира. Ако нозе се извежбаат со интензитет кој се посветува при вежбање на раце или гради, 99% од вежбачите остануваат без душа и никогаш повеќе нозе не им треба. Имаат, како мали играле фудбал.
Претседателе, некој многу буквално ги сфаќаат работите па утре ќе почнат да ги фрлаат надвор машините за нозе од теретана :ROFLMAO:

Шала на страна, на почетоците кога почињав во мојата маалска теретана тогашниот сопственик беше решен да посвети внимание со мене бидејќи гледаше колку сум загреан за бодибилдигот. Една реченица до ден денес ја памтам, беше: Ако планираш да ги изоставиш нозете, и да не правиш целосен тренинг за нозе од старт барај си друга теретана :D
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Соино брашно ??

Го фалат сите пуно било протеини а у .....сеа почнав да го пијам - ОТРОВ ...ќе приумрам ....
Па така без ништо и на куче да му дадеш нема да го пие. Стави пудинг или несквик во него или земи некој гејнер од 1кг па додај 2кг брашно од соја, гејнерите се јаки на вкус..
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.833
Поени од реакции
4.536
Порано правевме тегови од различни кутии и канти полни со бетон.
Сега сум размислувал, но од разни причини не сум направил. Едно што немам простор (можеби во подрум, но влагата и прашината се проблем за вежбање. А и атмосферата е подруга...плус секогаш некој ќе ти даде совет за грешките.
Ако веќе си на ум да правиш домашна справа, сигурно ќе ти треба и бенч/клупа, макар рамна и коса како и справи за рамо (каде најверојатно ќе користиш тегови). Ќе ти требаат и вежби за нозе освен ако користиш исчекор и чучњеви и ако си во состојба шипката (за чучњеви) да ја подигнеш од земја на врат без соодветно вратило (што е малку ризик за повреди). Чучњевите се многу добра основа вежба за нозе, не би требало да се занемарат.

таа голема зелена сигурно можеш да ја користиш и за трицепс со потисок, како и (ако направиш коса клупа) за т..н.cable Incline triceps extension, cable incline pushdown (за латералите)...има доста варијации за размислување и за комбинирање.
ако добро ја сфатив сликата, постои варијанта и за рамо со таа мала зелена (со грб завртен кон макарата/справата, сајлата измеѓу нозе. Исто мислам дека можеш да ја користиш и за трапезоидите.
малце да не е проблем со бетонот (точно одредена тежина, облошки за да не се рони бетонот, најверојатно треба да се испреплетени со арматура за да не искрши лесно) со фрлањето. Немаш прашано колку чини леење со железо? Или има одвреме навреме теретани кои се затвараат или менуваат опрема и доста справи/тегови одат на секонд хенд продажба. И за сајлите, некои ги набавуваа од пазар (имаше на битпазар), можеби не толку квалитетни, но доста издржуваа.
прашината е проблем што се решава со метла, влагата малце потешко ама исто се решава, атмосфера баш и не ми треба а совети - да не звучам самобендисан - не ми требаат од причина што учев медицина вонредно, а постои и интернет и дечки како вас :)
бенч несакам од причина што планирам да ја заменам со различни видови на склекови, многу склекови, справа за грб имам потреба оти не можам целосен тренинг да изведам сам на вратило, не сум доволно силен а и мислам дека нема да биде така ефективен, работам седечка работа пред компјутер и очајно ми требаат вежби за грб, ако правам бенч повеќе само ќе си наштетам
за тегови од бетон планирам смесата да биде „помрсна“ и да ќе ставам арматура, а потоа ќе ги премачкам со мрсна боја
сајли има по железари (не сум од ск за битпазар) и има баш една обложена е со гума (за хидрофори) и нема да гребе и нема многу бука да прави
во Велес не се затвораат теретани, има две и тие си се цело време, за леење не сум прашал а и не ти е лоша идејата навистина ти благодарам

едит: заборавив да спомнам за бетонот дека со тежината не е проблем, ќе ги пресметам тежините компјутерски по волумен и густина ;)
Мислам дека се што ти треба е power rack.

80% од вежбите што можеш да ги правиш на некакви справи, сајли и што ти знам, можеш да ги правиш и со шипка, што е далеку посупериорен начин на вежбање. Оние 20% што не можеш да ги правиш со шипка (или евентуално со еднорачни) се најчесто бескорисни или инфериорни.

Се разбира, ти треба и уште една подобра клупа.
го гледав и ова, некако ми е премногу гломазно, а и не е она што го барам, вратило имам дома и не ме задоволува комплетно, затоа и правам справа, можеби во некоја понапредна фаза ќе ми треба само оваква машина
сепак фала ти многу
 
Член од
19 септември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
7
земав mega gainer да пијам ... да прашам кога е најдобро да се пие , пред или по вежбање и по колку грама .. ? со него ми дадода и дозер , по колку такви на еден ден ?
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
земав mega gainer да пијам ... да прашам кога е најдобро да се пие , пред или по вежбање и по колку грама .. ? со него ми дадода и дозер , по колку такви на еден ден ?
Зависно до кој стадиум со дојден, аматер, напредно ниво ( профи сигурно не си) го зимаш после тренинг за да ги надокнадиш изгубените гликогенски резерви и да го насочиш телото да се движи во анаболна состојба.

Другата доза пред легнување за да не преовладее состојба на катаболизам низ долгата ноќ, и доколку сметаш дека имаш потреба од поквалитетна маса и требе да внесуваш повеќе калории добро е да земиш и веднаш од станување. Со самото тоа го пуштиш метаболизмот во погон...
Минимум една дозерка (после тренинг) ја мешаш во шејкер со 0.6 oz (или наведено е на кутијата која количина требе) со пијалок по твој избор (млеко или вода).

Не очекувај дека овој гејнер ќе покаже енорми резултети доколку немаш добро избалансирана исхрана и тренинг, зошто тоа ти е само додаток во исхраната, а не волшебна напивка.
 
Член од
5 август 2011
Мислења
42
Поени од реакции
8
Дали знае некој каде има ленти за трчање...Солидни по поволна цена...Зборувам за Скопје, бидејки сум од Гевгелија
 
Член од
19 септември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
7
Зависно до кој стадиум со дојден, аматер, напредно ниво ( профи сигурно не си) го зимаш после тренинг за да ги надокнадиш изгубените гликогенски резерви и да го насочиш телото да се движи во анаболна состојба.

Другата доза пред легнување за да не преовладее состојба на катаболизам низ долгата ноќ, и доколку сметаш дека имаш потреба од поквалитетна маса и требе да внесуваш повеќе калории добро е да земиш и веднаш од станување. Со самото тоа го пуштиш метаболизмот во погон...
Минимум една дозерка (после тренинг) ја мешаш во шејкер со 0.6 oz (или наведено е на кутијата која количина требе) со пијалок по твој избор (млеко или вода).

Не очекувај дека овој гејнер ќе покаже енорми резултети доколку немаш добро избалансирана исхрана и тренинг, зошто тоа ти е само додаток во исхраната, а не волшебна напивка.

фала за советите, знам дека ништо не бива без добра исхрана,тренинг и одмор затоа внимавам и на тоа. Но да не ми наштети нешто гејнерот на стомачните мускули ? затоа што сега ми се познаваат многу , да не качам нешто сало в стомакот?
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
фала за советите, знам дека ништо не бива без добра исхрана,тренинг и одмор затоа внимавам и на тоа. Но да не ми наштети нешто гејнерот на стомачните мускули ? затоа што сега ми се познаваат многу , да не качам нешто сало в стомакот?
Незнам зошто си го земал тогаш гејнерот, ако сакаш да креваш чиста мускулна маса без сало, тогаш би ти препорачал веј протеин изолат. Ако ти е целта, зголемување на мускулна маса, нормално е да качиш малце сало. Јас би те посоветувал штом веќе си го земал гејнерот, да пиеш од него и да јадеш умерено од што било, но повеќето од тоа да биде протеинско, и тоа малце сало што веројатно ќе го имаш, ќе го симнеш пред летото со кардио и правилна исхрана.
 
Член од
19 септември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
7
Но со гејнерот мислам дека многу повеќе маса ке качам и за побрзо време, со протеинот нели оди доста побавно ??
 
Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Момци , кој има искуство со H.I.I.T. тренинг ? Јас лично го правам веќе 4 месеци , и можам да го пофалам дека има голем ефект , ако сакате да губите тежина и ако вежбате за дефиниција . Ми помогна да ги ептен оформам мускулите , ми ги намали мастите , и за краток период загубив солидна количина на телесна тежина , пошто не гонам маса преку лето , сакам повеќе дефиниција , и овој тренинг ми го овозмножи тоа.

Тренирам HIIT 4 пати неделно , со шпринтови во 6 серии , 200 м шпринт , и одмор меѓу сериите 2 минути.

Има некој искуство со овој тренинг ? Ме интересира и за кревање тежина т.е. за вежбање со тегови со помош на HIIT , сега за сега само имам пробано бицепс и трицепс со HIIT тренинг.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162

Ај ако не те мрзи објасни малку како успеа да вклучиш HIIT во тренингот, т.е. како успеа да издржиш и теретана и трчање со висок интензитет заедно.

Јас моментално правам чучњеви секој тренинг (и веројатно ке продолжам и понатаму со слична програма) и интензитетот на тренингот во теретана ми е и те како битен. Едноставно не знам каде би можел да убацам хиит, се плашам дека ке ги изгорам нозете и грбот и ке изгубам на сила. Башка не знам дали можам ментално да издржам таков стрес.
 
Уф , брат , многу енергија троше .. сеа ќе ти ја кажам мојата програма :

Понеделник - од сабајле H.I.I.T. кардио , попладне гради и трицепс + стомачни
Вторник - попладне грб и бицепс + стомачни
Среда - од сабајле H.I.I.T. кардио , попладне нози + рамо
Четврток - обично кардио одсабајле , попладне гради и бицепс + стомачни
Петок - од сабајле H.I.I.T. кардио , попладне грб и трицепс + стомачни
Сабота - од сабајле H.I.I.T. кардио , попладне нози + рамо
Недела - обично кардио , одмор

Тоа м е програмата во последните 4 месеца , и е за дефиниција . Дека паѓа силата за кревање паѓа , мускулната маса паѓа , ама мене летно време целта ми е дефиниција.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
За нозе чуч,преса и 2 изолациски вежби.. 15 до 20 повторувања.. Наредните 2-3 дена едвај одам хаха :D
--- надополнето: Aug 10, 2011 11:47 AM ---
Уф , брат , многу енергија троше .. сеа ќе ти ја кажам мојата програма :

Понеделник - од сабајле H.I.I.T. кардио , попладне гради и трицепс + стомачни
Вторник - попладне грб и бицепс + стомачни
Среда - од сабајле H.I.I.T. кардио , попладне нози + рамо
Четврток - обично кардио одсабајле , попладне гради и бицепс + стомачни
Петок - од сабајле H.I.I.T. кардио , попладне грб и трицепс + стомачни
Сабота - од сабајле H.I.I.T. кардио , попладне нози + рамо
Недела - обично кардио , одмор

Тоа м е програмата во последните 4 месеца , и е за дефиниција . Дека паѓа силата за кревање паѓа , мускулната маса паѓа , ама мене летно време целта ми е дефиниција.
не ти е многу ова брат? Зошто не се издефинираш преку исхрана?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom