Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
598
Темава ја пратам подолг период и навистина сум импресиониран од постовите. Меѓутоа во мислењата ко ги читав, не најдов конкретен одговор на едно прашање кое и мене лично ме интересира.
Дали 15 години е доволна возраст за земање суплементи, се разбира со посебен режим на исхрана и тренинг.
Ви благодарам однапред, Кристијан.
Зависи од килажа, начин на исхрана... Ако си во нормална килажа, нормална висина, се храниш здраво (без мн конзерванси и прости шекери) можеш да зимаш креатин, безопасно е...

Како може на Kruger фирмата шо произведува витамини да бидат штетни.. Мора ли на све да верувате и кој бил тој што ти спомнал такво нешто? Пиј слободно НИШТО неможе да ти стане.. А ти со 15 години немора да земаш суплементи, а ако веќе земаш whey протеин ти е најбитно нешто па после следуваат други ствари.. Само внимавај на некој пишува дека се за лица над 18 години.. Тие не ти се потребни
Шумливите таблети, содржат лимунска киселина, лимунската киселина го претвара креатинот во креатинин. Така тие таблети го прават креатинот безкорисен, затоа подобро испиј 1 редбул, изеди една банана, и иди у тератна :)
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Зависи од килажа, начин на исхрана... Ако си во нормална килажа, нормална висина, се храниш здраво (без мн конзерванси и прости шекери) можеш да зимаш креатин, безопасно е...
Реков јас дека животот е школо и дека секој ден се учи по нешто. Која ти е логиката на "нормална килажа и висина" па и безопасност од користење на креатин?!


Шумливите таблети, содржат лимунска киселина, лимунската киселина го претвара креатинот во креатинин. Така тие таблети го прават креатинот безкорисен, затоа подобро испиј 1 редбул, изеди една банана, и иди у тератна :)
?????Кога, како, што...??? Немаш видено дека дечкото кој го имаше проблемот, пиел витамини растворени во шишето вода кое обично го пиел без ништо, па од стручњаци бил предупреден дека сега со додавање на витамините ќе му биде нешто?! Кој креатин, која лимонска киселина, кој ред бул????
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Темава ја пратам подолг период и навистина сум импресиониран од постовите. Меѓутоа во мислењата ко ги читав, не најдов конкретен одговор на едно прашање кое и мене лично ме интересира.
Дали 15 години е доволна возраст за земање суплементи, се разбира со посебен режим на исхрана и тренинг.
Ви благодарам однапред, Кристијан.
Иако не се занимавам со теретани и слично, знам дека додека јас бев средно беше популарно теретана и слично, имаше дечки што вежбаа и земаа разни препарати и 18-19 престанаа да вежбаат и за 5 до 6 месеци личеа за десет години постари, здебелени целосно. Моја препорака ти е уште си мал за теретана сеуште си во раст, подобро ако сакаш вежбај нешто отколку да дигаш тегови, на пример, возење велосипед, трчање, пливање па кога ќе дојдеш на 20 полн со кондиција за многу мал период ќе направиш мускули, ова од искуство ти го кажувам бидејќи многу деца се упропастија оти ако го пуштиш меот многу потешко се враќа
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
99
Поени од реакции
0
Знае некој каде можам да набавам API Muscle Assault? Побарав и го нема во California fitness, Gladijatori, napumpajse.
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Иако не се занимавам со теретани и слично, знам дека додека јас бев средно беше популарно теретана и слично, имаше дечки што вежбаа и земаа разни препарати и 18-19 престанаа да вежбаат и за 5 до 6 месеци личеа за десет години постари, здебелени целосно. Моја препорака ти е уште си мал за теретана сеуште си во раст, подобро ако сакаш вежбај нешто отколку да дигаш тегови, на пример, возење велосипед, трчање, пливање па кога ќе дојдеш на 20 полн со кондиција за многу мал период ќе направиш мускули, ова од искуство ти го кажувам бидејќи многу деца се упропастија оти ако го пуштиш меот многу потешко се враќа
Тоа што тие се здебелиле, значи не внимавале на исхрана и кардио тренинзи. Не значи дека се здебелиле и умрсиле од суплементите и вежбањето во теретана.
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Иако не се занимавам со теретани и слично, знам дека додека јас бев средно беше популарно теретана и слично, имаше дечки што вежбаа и земаа разни препарати и 18-19 престанаа да вежбаат и за 5 до 6 месеци личеа за десет години постари, здебелени целосно. Моја препорака ти е уште си мал за теретана сеуште си во раст, подобро ако сакаш вежбај нешто отколку да дигаш тегови, на пример, возење велосипед, трчање, пливање па кога ќе дојдеш на 20 полн со кондиција за многу мал период ќе направиш мускули, ова од искуство ти го кажувам бидејќи многу деца се упропастија оти ако го пуштиш меот многу потешко се враќа
Убаво си го започнал текстот со изјава дека ниту си се занимавал со теретани ниту пак со нешто слично на тоа. Најубаво е, кога нешто незнаеш, да не делиш совети непотребно ширејки дезинформации и невистини.
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Отсекогаш ме интересирало дали популарните "чучњеви" влијаат на растот и развојот?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Убаво си го започнал текстот со изјава дека ниту си се занимавал со теретани ниту пак со нешто слично на тоа. Најубаво е, кога нешто незнаеш, да не делиш совети непотребно ширејки дезинформации и невистини.
Тоа е она што го имам воочено како дел од таа лоша пропаганда во средно ај ќе бидеме билдери тоа е хит, ќе повежбат година две со сите додатоци што идат со тоа храна, витамини и слично, ќе престанат на 2 до 3 месеци и готови се, барем кога ќе трча, вози велосипед или плива после и да престане, нема да има видливи последици како со теретана, и плус сите тие работи што ги зема. Не викам дека теретана е лоша работа, ама да почниш на мали години т.е од средно не е убаво затоа што поголемиот дел лошо завршуваат(во смисла на изглед) а и во тој период се уште се расти.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.425
Отсекогаш ме интересирало дали популарните "чучњеви" влијаат на растот и развојот?
Позитивно :) Чучњеви се одлична работа, а не знам на што мислиш -дали се стагнира или се стимулира развојот? Влијаат како и сите други вежби на голема група мускули.
Она што е интересно (го пренесувам од специјализирано списание за ББ и фитнес) е тоа што -според научниците и одредени испитувања- со вежбање на една таква голема мускулна група, накратко се зголемува концентрацијата на хормонот за раст и на тестостерон (не богзнае какво зголемување, но дефинитивно Е забележано) во организмот.
Пак да потенцирам, овој текст не е од мене измислен туку од постојани научни испитувања во оваа област.

Тоа е она што го имам воочено како дел од таа лоша пропаганда во средно ај ќе бидеме билдери тоа е хит, ќе повежбат година две со сите додатоци што идат со тоа храна, витамини и слично, ќе престанат на 2 до 3 месеци и готови се, барем кога ќе трча, вози велосипед или плива после и да престане, нема да има видливи последици како со теретана, и плус сите тие работи што ги зема. Не викам дека теретана е лоша работа, ама да почниш на мали години т.е од средно не е убаво затоа што поголемиот дел лошо завршуваат(во смисла на изглед) а и во тој период се уште се расти.
Најверојатно е погрешно ова толкување-дека ради додатоци во исхраната, после престанок со физичка активност човек се здебелува...едноставно заблуда :)
Се здебелува првенствено заради метаболизмот и начинот на живот -прекинување на физичка активност и прекумерна исхрана се одлична подлога за дебелеење, а не додатоците. Тие немаат така продолжено дејство за да човек се згои ради нив (дејствуваат колку и нивните "браќа" кои веќе ги имаме во организмот-тие се дополна за она што организмот не може да го произведе, консумира...додека вежба кога троши многу повеќе од истите). Дополнителниот креатин е во организмот колку што е и оној што веќе го имаме во телото...исто и протеините.
Бурекот, мајонезот, сендвичите, свинско, пршута-масни...(кои ги заменуваа овие додатоци после вежбањето) -нив треба да ги обвиниме -од нив треба да се плашиме и од прекумерното седење :)
 

marTin*

мαјатιη™
Член од
10 октомври 2008
Мислења
287
Поени од реакции
12
Здраво,
Пошто зимам топач на масти,дали може да го зимам заедно со амино ?
 
М

Мартин`

Гостин
Ме интересира најдобри вежби за стегнување на стомачни (освен стомачни вежби класични) и бутни мускули.. немам сало ама сакам асално да ги стегнам .. ?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Здраво,
Пошто зимам топач на масти,дали може да го зимам заедно со амино ?
Мислам дека смееш , само таблетите заедно да не ги пиеш во исто време .Подобро консултирај се со тренерот во теретаната .Инаку како иде со топачите имаат дејство ?
 

marTin*

мαјатιη™
Член од
10 октомври 2008
Мислења
287
Поени од реакции
12
Мислам дека смееш , само таблетите заедно да не ги пиеш во исто време .Подобро консултирај се со тренерот во теретаната .Инаку како иде со топачите имаат дејство ?
Па користам rapidcuts hardcore и сум презадоволен, има ефект ги пијам 1 саат пред тренинг и пред трчање.Се потам ненормално многу.
 

Idiot.

досадниот.
Член од
26 октомври 2009
Мислења
128
Поени од реакции
0
Тоа е она што го имам воочено како дел од таа лоша пропаганда во средно ај ќе бидеме билдери тоа е хит, ќе повежбат година две со сите додатоци што идат со тоа храна, витамини и слично, ќе престанат на 2 до 3 месеци и готови се, барем кога ќе трча, вози велосипед или плива после и да престане, нема да има видливи последици како со теретана, и плус сите тие работи што ги зема. Не викам дека теретана е лоша работа, ама да почниш на мали години т.е од средно не е убаво затоа што поголемиот дел лошо завршуваат(во смисла на изглед) а и во тој период се уште се расти.
вака сеа тоа што си го воочил нема врска ... мислам дека секој поискусен човек што се занимава со бодибилдинг,професионално или рекреативно ке ти каже дека тресеш зелени,а од искуство ти кажувам дека сум престанал со вежбање после 9месеци интензивно со неколку додатоци... и сега само што ја немам таа кондиција што сум ја имал пред да престанам што е сосем нормално,и ако е така денеска само за твоја информација секое второ дете од средно оди во теретана,а секој трети користи некој суплемент :smir::smir:

--- надополнето ---

Ме интересира најдобри вежби за стегнување на стомачни (освен стомачни вежби класични) и бутни мускули.. немам сало ама сакам асално да ги стегнам .. ?
посебни вежби за стомачни немаш правиги класичните со поголем напор на пр. ако праиш 25 серија пробај да направиш 50 или 60,среди си ја исхраната и доколку можеш прави најмалце 800 стомачни на ден
 

Kajgana Shop

На врв Bottom