Отсекогаш ме интересирало дали популарните "чучњеви" влијаат на растот и развојот?
Позитивно

Чучњеви се одлична работа, а не знам на што мислиш -дали се стагнира или се стимулира развојот? Влијаат како и сите други вежби на голема група мускули.
Она што е интересно (го пренесувам од специјализирано списание за ББ и фитнес) е тоа што -според научниците и одредени испитувања- со вежбање на една таква голема мускулна група, накратко се зголемува концентрацијата на хормонот за раст и на тестостерон (не богзнае какво зголемување, но дефинитивно Е забележано) во организмот.
Пак да потенцирам, овој текст не е од мене измислен туку од постојани научни испитувања во оваа област.
Тоа е она што го имам воочено како дел од таа лоша пропаганда во средно ај ќе бидеме билдери тоа е хит, ќе повежбат година две со сите додатоци што идат со тоа храна, витамини и слично, ќе престанат на 2 до 3 месеци и готови се, барем кога ќе трча, вози велосипед или плива после и да престане, нема да има видливи последици како со теретана, и плус сите тие работи што ги зема. Не викам дека теретана е лоша работа, ама да почниш на мали години т.е од средно не е убаво затоа што поголемиот дел лошо завршуваат(во смисла на изглед) а и во тој период се уште се расти.
Најверојатно е погрешно ова толкување-дека ради додатоци во исхраната, после престанок со физичка активност човек се здебелува...едноставно заблуда

Се здебелува првенствено заради метаболизмот и начинот на живот -прекинување на физичка активност и прекумерна исхрана се одлична подлога за дебелеење, а не додатоците. Тие немаат така продолжено дејство за да човек се згои ради нив (дејствуваат колку и нивните "браќа" кои веќе ги имаме во организмот-тие се дополна за она што организмот не може да го произведе, консумира...додека вежба кога троши многу повеќе од истите). Дополнителниот креатин е во организмот колку што е и оној што веќе го имаме во телото...исто и протеините.
Бурекот, мајонезот, сендвичите, свинско, пршута-масни...(кои ги заменуваа овие додатоци после вежбањето) -нив треба да ги обвиниме -од нив треба да се плашиме и од прекумерното седење
