Маса је мама
Кога ме мрзи да држам строга исхрана и јас така се радувам
Според мене поубаво е да си изделкан, не мора до 5-8%, али барем да се проѕираат стомачните
па нема кај нас некој ББ- натпреварувачи по теретани па и на форумот, максимум тренер некoj ке сретнеш сите други се рекреативци, а кај рекреативец шо ке праиш некој сериозен каттинг со броење на калории и фармакологија само за стомачни за на плажа друго шо ке ти е
а и тие калории што пишуваат на амбалажите мислиш точни се? абе брат сите се приближни побоље ти е грамски да пресметуваш колку јагли протеини и масти да внесуваш, лично мое мислење ова броење на калории онака од нема шо да праиш, знам доста многу спортисти кој активно вежбаат/натпреваруваат никој не се бави со тие броење на калории оти понајглупо инвестирање на време нема од тоа, а и никој не издржува ни е една недела со тие броења ај да бидеме реални
Зависи во кој круг се движиш, во државава имаме доста таленти, само уште овој спорт е на зачеток кај нас.
Јас сум броел калории и тоа 2 години без никаков проблем, во денот ми земаа 15 минути откако ги направив ексел таблиците со она што го јадам, си ги внесов формулите и понатаму ти останува само количината која што си ја внел, во глобала храната се повторува, внесуваме не повеќе од 30-40 продукти (јас барем ретко јадам надвор од дома и прилично ми е полесен тој дел, она што го јадам или сам сум го зготвил или пак е прилично лесно за пресметки.
Таблиците на многу продукти се погрешни со тоа се согласувам, али со тек на време ќе си ја направиш математиката, како прво на стартот ќе грешиш повеќе пати додека да го погодиш оптималниот внес на калории, не секој тренинг трошиш исто, не секој ден имаш исти физички и ментални активности....
Со броење ти гарантирам дека може најбрзо и најсигурно да се оствари целта.