Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Ми треба тренинг програма кој е слободен да ми искомбинира бидејќи за сега вежбам по 2 мускулни групи на ден а и тренирам друг спорт и се осеќам заморено.

Деновите во кој одам втеретана ми се од вторник до петок.
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Да предложи некој тренинг програма за 3 дена.
Комбинирав : гради+бицепс
грб+трицепс
раме+нозе
Или пак фулбоди со ротација на вежбите би било подобро?
Ако си почетник (1-3 мес вежбање) или после пауза се вракаш подобро ти е фул боди да потераш барем 1-2 месеци ама гледај не повеке од 1 вежба на секоја група на мускули да ти биде секој ден.

Ако подолго вежбаш иди со сплит таа што ја пиша ок е. Еве на пример како јас понекогаш вежбам
- Гради 2-3, грб 2-3, стомачни 1
- бицепс 2-3,трицепс 2-3, стомачни 1
- рамо 2-3, нозе 2-3, стомачни 1
Има повеке варианти гледај да го ставаш рамо во посебен ден или да го комбинираш со нозе или стомачни, исто така не се препорачува да спојуваш гради+трицепс (ако не си сигурен што правиш). Во секој тренинг јас на крај правам 20-30 минути кардио каде што секој ден менувам (трчање, точак, орбитрек), ако си ектоморф(слаб) кардио не прај.
Стомачни правам секој тренинг различна вежба.

Тоа е тоа додуша не се битни толку програмите скоро сите што ги пишале дечки погоре се ок, што научив јас од моето бб искуство - најбитни ти се 2 работи и тоа е
- да вежбаш редовно и да сголемуваш тежина со која работиш
- храна и диета


значи јас најубав напредок имав кога консумирав до 6-7 кило месо неделно (3-4 кила стек + 3-4кг јунешко ) и тоа + други извори на протеин (бела-црвена риба, млечни производи, јајца (околу 20-30 неделно), суплементи) тоа неделно ми чинело некаде 100-150 евра (заедно со суплементација) кога бев на чистење и околу 200 кога на clean булкинг само за мене (плус ако имаш фамилија тоа е доста трошок) епа ти сеа види дали ке можеш долго време финансиски да одржуваш тоа темпо или не :) а тоа дали во понеделник ке вежбаш грб или гради дали ке вежбаш 3 пати или 4 пати неделно се е едно:LOL:
 
Последно уредено:

LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
@alekso.mk Ти благодарам на мислењето. Да, не е лоша програмава но здодеа и мислев да ја сменам малку. Инаку зарем не е напорен тренинг каде што ќе се комбинира грб со гради.. големи мускулни групи се. Да, те разбирам во потполност, инаку не сум почетник веќе 2 години активно вежбам но скратив со теретана само 3 пати неделно затоа што тренирам и бокс и затоа гледам што како да комбинирам. Поздрав
 
Член од
23 декември 2015
Мислења
51
Поени од реакции
2
Ај ако може некој накратко нека ми објасне за амино киселини, за што служат и како се пијат?
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Ја има некој читано Pumping iron од Арнолд ? Вреди да се прочита ?
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Ima li nekoj koristeno creatine monohydrate na biotech usa pa da spodeli iskustvo ?
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Ima li nekoj koristeno creatine monohydrate na biotech usa pa da spodeli iskustvo ?
Јас зимав летото до пред да престанам да вежбам периодот, резултати најнормално, незнам нешто специфично да ти кажам. Кренав маса кило кило ипол само на вода, гол изгледав полошо, со маица подобро него претходно. За сила стварно незнам дали помогна, ама еве да речеме имав малку подобар прогрес од сесија во сесија. Ништо спектакуларно.

Дали со друг креатин ќе имав различни резултати незнам, колку помогна, а колку одмогна зависи, ако имаш bodyweight вежби технички ќе правиш со помала дополнителна (надворешна) тежина, можда ќе ти влијае на егото. <причината поради која не го зимам сега

Ме мрзи нашироко да пишувам, ама консензусот е тој, можеби ќе ти помогне (па и само на поголема работна тежина дур го зимаш), за лето ако сакаш да изгледаш фино најубаво е да го тргнеш тој период.

А, да. Друштвото ќе ти се пали божем врвна хемија зимаш. Забегана работа.
 
Член од
23 април 2014
Мислења
21
Поени од реакции
6
Kade moze da se najde eftin kreatin, na merenje, se izvinuvam za latinicata, od mobilen pisuvam.

Sent from my HUAWEI P7-L10 using Tapatalk
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Kade moze da se najde eftin kreatin, na merenje, se izvinuvam za latinicata, od mobilen pisuvam.

Sent from my HUAWEI P7-L10 using Tapatalk
Зарем постои такво нешто =)[DOUBLEPOST=1459692010][/DOUBLEPOST]
Imaat li negativno vlijanie cigarite so vezbanjeto?
да, затоа што го намалуваат капацитетот на белите дробови и со тоа протокот и количеството на кислород во организмот воопшто а со тоа и на мускулите. Клучна работи при согорувањето на енергија е кислородот... Е сеа откажување од цигари не го зголемува капацитетот перманетно треба време да помине, и не се само цигарите причинител за намалување на капацитетот на бели дробови впрочем тој орган е многу флексибилен со тренинзи 0пливање трчање и сл може доста да се зголеми капацитетот
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.599
Поени од реакции
13.297
Вежба некој во Кузман теретаната? Океј е?
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Друштво, ајде од искуство некој ако може да ми помогне.
Вчера бенч(рамен) додека кревав, 105кг прва вежба ми беше осетив ко болка некоја негде под стомакот десно(над препоната).Помислив за момент да не е кила(брух) и се врзав со појас довежбав.Денеска паузирам пробав да трчам да се движам ама осеќам пак некое чудно чувство ко болка некоја мала, и како отечен да сум малце на истото место.
Шо може да биде?
 
Член од
2 јули 2015
Мислења
121
Поени од реакции
18
Имам едно прашање кога броете калории дали го мерете маслото за готвење ?
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Имам едно прашање кога броете калории дали го мерете маслото за готвење ?
не би те советувал да броиш калории, ако више броиш нешто нека бидат колку грама протеини внесуваш, ако сакаш да слабееш освен вежбање со тегови прави и кардио
 

Kajgana Shop

На врв Bottom