Блам состанок!

Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Најако е кога искачаш и после дознаваш дека си на состанок.
Седам дома и гледам порака на ФБ, ти ли си тој, јас сум таа и таа. Моите со нијзините родители некои стари пријатели. И по некое време ме вика на кафе, јас глуп во тој период, не укапирав што е работата викам ај ке одам што ке правам дома. Одам да ја соберам, ја гледам се пицнала у пм, и си викам што и е на оваа бе после да не искача у град,:tapp:
Одбра едно место да седнеме, уште кога го видов си викам во себе , ау овде ке дојдам со некоја многу е јако за на состанок. После низ муабет осетив што е работата, си викам абе глуп оваа ти се пушта. Ништо не бидан, не ми беше по кејф.

Иначе уште во средно, и се свиѓав на една другарка другарка, и оваа ме прашува абе ти имаш женска? Јас знам на кај ке ми ја врти работата, и викам немам, а и таа не ми се свигаше. После тоа ми викам, вечер се договоривме да искочиме од клас, имам изненадување за тебе. Две недели немав излезно тогаш, глупо ми беше да и удрам корпа.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Се договоривме со типов да ме собере од работа и да идеме на пијачка. Во тоа време работев во Аеродром, а живеам во Карпош. Бевме на пијачка, све супер, муабет ок, се договоривме за уште една пијачка наредниот ден... Дојде време да си одам дома, влагаме у кола кај него и он ми се врти и ми вика - ок, кај кои таксисти сакаш да те оставам? :vozbud:
Драга, ти добро си поминала. Јас ни кај него во кола не стигнав ... (n)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Дали дејт каде другиот толку се опијанува да треба да го возиш ти до дома (а не знаеш ни каде живее, нити он може да ти објасни) важи за Блам-состанок? Ако да, тогаш ете, официјално рефреширана темава :). Ако не, да бришам мислење :).
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.834
Поени од реакции
20.281
Windfucker, си ја утнал ти цурата да сум била ја одма ќе ми се допаднел твојот стајлинг ебаго, има ли боље нешто од мартинс и фармерица издрпана ееее то е не сме се нашле у разчекор :icon_lol:

Ијам и ја блам еден убаф и тоа, искачам со еден момак така со косиче, ја пусто изогрена сум по машки со дугачки коси, и сум се загледала у него ко локуми да му врнат на глава, али типоф ни да бекне ни да гукне, јазик врзан у чвор ебаго, и мене ми скурчи му викам момак ја морам да одам и онака неможе ништо да биде пошто имаш години колку брат ми...:facepalm: колку само незнам да лажам чудо едно бе:sick:
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Дејт со типката , втора година средно сме двајцата. Првпат се гледаме ама пред тоа муабет на фб и на телефон ептен. Океј муабет, го шетаме кучето , доаѓа моментот да се залапаме. И ме гризна. Ама силно , болеше. Ја оттргнав и типката ми падна в скут и почна да ме влечле и да плаче зашто јас не сум ја сакал, сум сакал да ја искористам бла бла. Не ми текнува како ама едвај се извлеков и побегнав. Нормално повеќе не се чувме , а кај и да ја сретнам низ град бегам од неа. Стра ми е па :(
 
L

Luki Junior

Гостин
на еден му прднав :pos:
:pos::pos::pos::pos::pos::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
3 минути се цепам од смеејне....

Иначе ај јас да напишам нешто.. Не е било блам, ама интересно е. Со една мома размаабетисувам се на интернет и викам ајде да се видеме на чајче, сокче, пивце, да си напрааме саалам маабет у живо.. Кандиса... Дотерах се колко шо се дотерах, излевам и одам на договореното место, понудих се од дома да ја зеам со кола. Нејќеше.. Понудих се оште еднаш и ми вика НЕ бе Нејќам сама ќе дојдам... Јас си викам, аааа добро е има карактер... Ареса ме... И се арно, одам јас на договореното место у кафиќ и ја чекам.
И се арно, ама она срамежлива да била не ти знам шо, јас си седам чекам у еден кафиќ, и ја ти ја иде со другарка... На мен ми се стемни и разјасни у исто време..... Поздравувам се учтиво, поседех 10-15 минутки, допијах си чајчето, како џентлмен платих целата сметка и си ојдех. Одамна не се беех осетил толко глупо у мојта кожа... Да ти донесат трет човек да те анализира... Глупости... :(
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Значи на темава коментари не се дозволени и се бришат, како што приметувате.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
на еден му прднав :pos:
Озбилно?? И мене една мислам дека ми се испрде,уште неможам да дознаам дали стварно се задеси тоа.

Излегувам со љубовта на мојот живот до тогаш.Се договараме нешто како кафе после факултет,тоа сабајле она имала предавања докај 11 саат,јас слободен.И ми вика ајде да завршам ќе ти звонам накај 11 да те разбудам и да се најдеме во Центар.Јас сабајлето од возбуда станувам уше во 8,се бањам,се гледам у огледало нешто ова она...Ја чекам да ми зазвони до 1,и ете ја се договараме да се чекаме пред Тренд. Доаѓам 5 мин пред договореното на Тренд,доаѓа она-ЛЕПОТИЦА! Ми вика ајде со мене само да идам со еден бутик да видам дали донеле тоа и тоа.Јас си викам океј ајде идеме(колку ја сакав и до Багдад ќе идев со неа).Влагам во бутикот на радио слушам ''Точно е 14 часот''.Она пробува нешто
туники,суќни,фармерки,така подолго време.На радио слушам ''Точно е 15 часот''.После тоа седнуваме на кафе и со оние бесплатните минути на ВИП уше саат време со другарка и млатеа слама.Ми прекурца и викам извини,ама јас морам да одам.Си отидов усран,и одтогаш и пишувам на ФБ само пијан :D
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Озбилно?? И мене една мислам дека ми се испрде,уште неможам да дознаам дали стварно се задеси тоа.

Излегувам со љубовта на мојот живот до тогаш.Се договараме нешто како кафе после факултет,тоа сабајле она имала предавања докај 11 саат,јас слободен.И ми вика ајде да завршам ќе ти звонам накај 11 да те разбудам и да се најдеме во Центар.Јас сабајлето од возбуда станувам уше во 8,се бањам,се гледам у огледало нешто ова она...Ја чекам да ми зазвони до 1,и ете ја се договараме да се чекаме пред Тренд. Доаѓам 5 мин пред договореното на Тренд,доаѓа она-ЛЕПОТИЦА! Ми вика ајде со мене само да идам со еден бутик да видам дали донеле тоа и тоа.Јас си викам океј ајде идеме(колку ја сакав и до Багдад ќе идев со неа).Влагам во бутикот на радио слушам ''Точно е 14 часот''.Она пробува нешто
туники,суќни,фармерки,така подолго време.На радио слушам ''Точно е 15 часот''.После тоа седнуваме на кафе и со оние бесплатните минути на ВИП уше саат време со другарка и млатеа слама.Ми прекурца и викам извини,ама јас морам да одам.Си отидов усран,и одтогаш и пишувам на ФБ само пијан :D
преголема случајност е да сум јас таја истата плус то оваја случка беше уште пред да си имав напраено фб :sneaky:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Имам три за споделување, не знам дали :vozbud: или :tapp:

Прв...не е нешто трагично, колешка од факултет после групно излагање, идеме кај колега дома, продлжуваме со пиење, таа ми се става (не дека сум неодолив, веројатно пијана беше и сакаше да биде брцкана) ама ептен и беше лошо и после кратко мувкање кај колегава и пред зграда си отиде дома, мутло беше да ја напнувам за нешто зошто стварно се гледаше дека и беше лошо а по природа сум романтичен, не сум таков што брза и прескокнува работи. Договараме состанок после 2-3 дена, јас таков среќен...симпатична девојка, добра дојка држше ми текнува...уште држи. Ја гледам од далеку и доаѓа она тип топ, скоцкана ама кога ја видов во балетанка ми се слоши. Нешто што мрзам кај девојче е да носи балетанки....не можам да опишам. Сакам штикла, не велам не...ама и патика почитувам. Почитувам фармерче и патиче, почитувам сукњиче и штиклички....ама фармерки или сукњичка во комбинација со балетанка...абе ништо. Едноставно не можам да сварам. Цел состанок ми беше муљ, нити нешто многу муабет правев, можеби примети дека нешто не е во ред, бевме до парк после пијачка, ја однесов дома и тоа беше тоа од “нас”.

Втор....повторно колешка од факултет (бааги повозрасна од мене), почеток на последна година се префрлувам вонреден стуеднт...на зима забава имаме во една дискотека, цел факултет. Веќе пола семестар и со вонредните, ги научив и нив и цела забава де со едни де со други од генерација, кога од нигде и никаде овие редовниве се изгубија, си отидоа по дома и јас останав со вонредниве, повозрасни, озбилни. Таа, се напи, мамицата си ја расплака, на кратко, завршува вечерта во дискаЌ, да си идам накај дома, ме собира и ме пика во такси, ама утепана, пијана вкрај. Му вика на таксисот, вози не низ град малку да се отрезнам, фаќа да ме соблака, мене не пријатно, си викам, не сум во некој друг град, сакам интриги, предизвици ама ова некако, не ми беше во ред. Тој па таксистот виде, се попали, почна да врти некои муабети, да сме правеле тројка, она му вика вози на Водно, он трга натаму по Водњанска, јас му викам врати се...тој, абе зошто гледаш дека сака ама се врати зошто му се заканив дека ако не вози каде што ќе му кажам, ќе го пријавам во компанија и се уплаши. Не однесе кај неа дома, видов каде живее по лична карта. Излагаме од такси после пола саат возење низ град, се качуваме во лифт, ја кревам јас во раце да ја носам дома (романтичен ќе бидам уште), среќен подцупнувам дека ќе брцкам нешто вечерта, ја ставам на кревет, идам само да си соблечам патиките, се враќам спие хрчи ко луда...ја труцкам да се разбуди, ништо....еее си викам (си го повторував името), глупердо....сеа што ќе правиш само со себе. Ја покрив, и оставив ливче дека сум си отишол и тоа беше тоа. После тоа на факултет беше чудно меѓу нас, мада за следната забва бидна што требаше да биде и првиот пат. Малку почекав, се исплатеше...ама мизерно се осеќав, кога ми заспа.

Трет...не беше ни состанок, зошто не стигна до тоа ама се осеќам и ден денес прилично изиграно. Се запознавам со девојче едно, прекрасна, не беше ни згодна нешто, ама муабетите што ги правевме, се заљубив, летав во облаци (јас, романтичен, да се повторам). Другарка на моја многу добра другарка, заедно бевме искочени по некоја причина, не знам зошто и цела вечер муабети и муабети и муабети...... После една недела собирање храброст да ја поканам на состанок (не сум таков тип тоа да го правам на фејсбук или преку телефон, некако мутло ми е) собрав еден мој другар, отидовме до Краш на рекорд, купив букет бајадери и ставив внатре пораче “дали би сакала да излеземе на вечера”....таков сум, можеби претерувам...ама тоа е. Го однесов кај што живее (пред тоа дознав адреса) и му реков да се претстави како курир, што и го доставува тоа. Не била дома во моментот ама и го дале вечерта, ми пиша дека ќе ме бара за да се видиме обавезно и дека била изненадена до коска, не верувала дека уште постојат такви...бла бла, клише муабети. Трагичното следува, не ми се јави, не добив повик. Ја гледам после скоро 1 година, со истата другарка во дискотека (пред 2 месеци) се поздравувам јас со другаркава и кога сфатив дека е и таа тука, мене ми падна незгодно. Се поздравувам и со неа и при поздравувањето ми вика, каде си ти, те нема. Ми дојде да ја прашам “мене каде ме нема? Па добро бе пичка му матер....ти чекаш јас да ти се јавам или обратно?” ама само и реков, тука сум, каде би бил. Се поздравив и си отидов.

Тоа е тоа.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
сега ме присетивте на уште еден блам...ми беше роденден пред то излезена со другарките...пијана беф се измешаф...излегоф со бифшио го честеф пица....дури влеговме во пицеријата и порачавме пијанството мое ја достигна кулминацијата...бидејчи го брукаф таму не ми ни текнува шо праеф се сејчавам само дека скршиф шише со вино ме изнесе таму позади една зграда да ме отрезни....тој душа гладен си ја зел пицата со него а мене ме остајл да го чекам на скалите во таја зградата и седел со мене и си јадел...и како шо си јадел јас сум му повратила во пицата ...:sick: и одвај ме вратил дома ме остајл пред врата и се скрил зад скалите и чекал мојте да ми отвора...по два дена после то му се јавив и ми кажа шо му се случувало со мене....сме седеле со некој другар и бифша му јас не оти памтам дека сме седеле....тие тогаш вечерта се скарале и рекле можи че се смириме и јас сум му се развикала еее нема да се смирите...и стварно не се смирија и ние се скарафме и сега си живејме срејчно до крајо на живото и нема кој да му поврајча во пицата :sick:
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
110
Поени од реакции
92
Слатко се изнасмеав на вашите бламови...А еве го мојот најголем блам од состанок што го имав до сеа...Се запознавам со еден дечко на интернет, тој од друг град и ајде ксе договоривме да дојде. Тој со 2ца другари јас со две другарки, и отидовме во еден ресторант ( местото е ептен мирно и најчесто таму одат покултурен, повозрасен народ ) . Седнуваме и овој почна жив да се дере - КЕЛНЕР дај две жути....Леле во земја пропаднав од срам. Потоа порача за јадење џигери и почна да ми ги става во чинијата да сум јадела, мене од миризбата ми се слоши. И на крајот ми вика - мала ке ти смета ако ги соблечам патиките да ми се излуфтираат нозете, патиките не сум ги соблекол 12 часа...Е тогаш ке се онесвестев...Како можев со толку прост народ да седам и мене не ми беше јасно...Сега ми е смешно, а тогаш ми се плачеше, само сакав да исчезнам од таму
 

Kajgana Shop

На врв Bottom