Имам три за споделување, не знам дали
или
Прв...не е нешто трагично, колешка од факултет после групно излагање, идеме кај колега дома, продлжуваме со пиење, таа ми се става (не дека сум неодолив, веројатно пијана беше и сакаше да биде брцкана) ама ептен и беше лошо и после кратко мувкање кај колегава и пред зграда си отиде дома, мутло беше да ја напнувам за нешто зошто стварно се гледаше дека и беше лошо а по природа сум романтичен, не сум таков што брза и прескокнува работи. Договараме состанок после 2-3 дена, јас таков среќен...симпатична девојка, добра дојка држше ми текнува...уште држи. Ја гледам од далеку и доаѓа она тип топ, скоцкана ама кога ја видов во балетанка ми се слоши. Нешто што мрзам кај девојче е да носи балетанки....не можам да опишам. Сакам штикла, не велам не...ама и патика почитувам. Почитувам фармерче и патиче, почитувам сукњиче и штиклички....ама фармерки или сукњичка во комбинација со балетанка...абе ништо. Едноставно не можам да сварам. Цел состанок ми беше муљ, нити нешто многу муабет правев, можеби примети дека нешто не е во ред, бевме до парк после пијачка, ја однесов дома и тоа беше тоа од “нас”.
Втор....повторно колешка од факултет (бааги повозрасна од мене), почеток на последна година се префрлувам вонреден стуеднт...на зима забава имаме во една дискотека, цел факултет. Веќе пола семестар и со вонредните, ги научив и нив и цела забава де со едни де со други од генерација, кога од нигде и никаде овие редовниве се изгубија, си отидоа по дома и јас останав со вонредниве, повозрасни, озбилни. Таа, се напи, мамицата си ја расплака, на кратко, завршува вечерта во дискаЌ, да си идам накај дома, ме собира и ме пика во такси, ама утепана, пијана вкрај. Му вика на таксисот, вози не низ град малку да се отрезнам, фаќа да ме соблака, мене не пријатно, си викам, не сум во некој друг град, сакам интриги, предизвици ама ова некако, не ми беше во ред. Тој па таксистот виде, се попали, почна да врти некои муабети, да сме правеле тројка, она му вика вози на Водно, он трга натаму по Водњанска, јас му викам врати се...тој, абе зошто гледаш дека сака ама се врати зошто му се заканив дека ако не вози каде што ќе му кажам, ќе го пријавам во компанија и се уплаши. Не однесе кај неа дома, видов каде живее по лична карта. Излагаме од такси после пола саат возење низ град, се качуваме во лифт, ја кревам јас во раце да ја носам дома (романтичен ќе бидам уште), среќен подцупнувам дека ќе брцкам нешто вечерта, ја ставам на кревет, идам само да си соблечам патиките, се враќам спие хрчи ко луда...ја труцкам да се разбуди, ништо....еее си викам (си го повторував името), глупердо....сеа што ќе правиш само со себе. Ја покрив, и оставив ливче дека сум си отишол и тоа беше тоа. После тоа на факултет беше чудно меѓу нас, мада за следната забва бидна што требаше да биде и првиот пат. Малку почекав, се исплатеше...ама мизерно се осеќав, кога ми заспа.
Трет...не беше ни состанок, зошто не стигна до тоа ама се осеќам и ден денес прилично изиграно. Се запознавам со девојче едно, прекрасна, не беше ни згодна нешто, ама муабетите што ги правевме, се заљубив, летав во облаци (јас, романтичен, да се повторам). Другарка на моја многу добра другарка, заедно бевме искочени по некоја причина, не знам зошто и цела вечер муабети и муабети и муабети...... После една недела собирање храброст да ја поканам на состанок (не сум таков тип тоа да го правам на фејсбук или преку телефон, некако мутло ми е) собрав еден мој другар, отидовме до Краш на рекорд, купив букет бајадери и ставив внатре пораче “дали би сакала да излеземе на вечера”....таков сум, можеби претерувам...ама тоа е. Го однесов кај што живее (пред тоа дознав адреса) и му реков да се претстави како курир, што и го доставува тоа. Не била дома во моментот ама и го дале вечерта, ми пиша дека ќе ме бара за да се видиме обавезно и дека била изненадена до коска, не верувала дека уште постојат такви...бла бла, клише муабети. Трагичното следува, не ми се јави, не добив повик. Ја гледам после скоро 1 година, со истата другарка во дискотека (пред 2 месеци) се поздравувам јас со другаркава и кога сфатив дека е и таа тука, мене ми падна незгодно. Се поздравувам и со неа и при поздравувањето ми вика, каде си ти, те нема. Ми дојде да ја прашам “мене каде ме нема? Па добро бе пичка му матер....ти чекаш јас да ти се јавам или обратно?” ама само и реков, тука сум, каде би бил. Се поздравив и си отидов.
Тоа е тоа.