Леле,
темава!!!
Не е баш некоја случка,а ама...
Мојот прв дечко. Бев вљубена до коска, а тој беше ептен убав,како
овој. Излеговме,а типот ме удави од муабети за чичко му што бил ерген, каква спална си купил, за вујко му (и тој ерген) што правеле, па почна тетки стрини, се домашен муабет!
Излеговме уште двапати, се исти муабети, кои се пришируваа на правање зимница, што имаат во подрумот ...и прекинавме.
Битното во притчата е што оттогаш прв критериум да ми се допадне некој е да
НЕ Е УБАВ!!!
Дејт на невидено во Скопје: се договараме да с е чекаме пред Матица, а типот, педер у душа, не застанал пред Матица, туку 50 метри подолу, да види, демек, ако сум некоја гроб цура, да му ја летне.
И јас кокорам очи оддалеку, кратковида сум, и гледам пред Матица 6-7 машки и си викам не е ваљда до толку со другар да дојде на состанок, како девојче у седмо одделение што си ја носи другарката. А јас скоцкана како Мерлинка, нога пред нога, не знаејќи, се упетувам директно кон него, за да купам Палома од дуќанчето зад него.
И тој вели: Ти си?
Јас: Молам?
Беше доволно неубав да ми се допадне, ама у истиот момент ме стана одбивен зашто сфатив зошто не е пред Матица, туку демне во заседа.
Иако знаев дкеа нема да биде ништо од нас, го залапав на лице место, да му биде мака што пропуштил.