Неколку агенција ја прават оваа финта со подарок патување. Али доста паметни се. Ти плаќаат сместување, ама затоа ти бараат пари за авион, осигурување, дури и за исхрана може да побараат пари и се тоа мора да оди преку нив. Плус те носат на состанок каде претпоставувам ти перат мозок, па уште ќе ти кажат за какви феноменални тури има низ тоа егзотично место кои мора од тука да ги платиш. И на крај кога ќе пресметаш доаѓа минимално поевтино од вистинскиот аранжман кој го има агенцијата за тоа место (а не можела да го продаде) и сега ти дала 20% попуст да речеме
А има уште една група на агенции кои имаат постојани членови божем и секако покануваат и нови, па идат на состаноци па плаќаат одредени суми и добиваат бонови кои можат да ги искористат за некое патување. Кое секако претходно е платено преку боновите. Aли за нив тоа е подарок.
Преварантска работа, зашто нималку не е подарок него е само попуст одреден.
Но од друга страна некои лица ќе речат ај бе ќе доплатам и ќе одам, еднаш се живее. Така да зашто да не се оди ако се има пари. Со тоа што сепак да се знае тоа е се, само не подарок патување