"Бесплатен" одмор од туристичките агенции

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Баш за вакви ствари имаше во Зевзекманија пред 2-3 години.
Се кажа водителот, Горам мислам се викаше. Демек ти добиваш бесплатно патување, уствари се треба да си платиш, ако сакаш да отидеш.

Мене дома ми има стигнато ваква "Награда", и на уште 20 роднини, ако не и поише. Ако било за плаќање секаде би отишол, тоа не е проблем.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Три пати по ред и стигаше на баба ми, која демек на 85 год. "случајно" ја избрале. Нормално, жената врска нема што е тоа и не беше заинтересирана. Но, пред 5-6 год. стигна и кај мене писмо во кое се вели дека добивам бесплатно патување за двајца, што значи добитникот да си избере уште едно лице кое ќе го поведе со себе.
И се тоа убаво звучи. Тогаш уште бев малолетен, па мајка ми и татко ми сигурно не би ме пуштиле да одам на Малдиви или во Куба на 16-17 години. Отидовме со татко ми да прашаме во агенцијата, во врска со писмото, бидејќи мајка ми беше тешко болна во тој период, и не можеше да излезе од дома. Кретените упорно не му веруваа на татко ми дека мајка ми му е жена и дека живееме во ист стан, иако им ја однесовме личната карта, и иако им ја објаснивме нејзината состојба упорно инсистираа да дојде. После 2-3 дена едвај ја довлечкавме по скалите и отиде горе. Кретените само и ја виделе личната карта, и и рекле, "во ред вие сте Л.М, нема проблем" :nesvest:
И ја завршиле процедурата за неполна минута. Им пуштиле видео презентација од 5-10 мин.(бидејќи јас не смеев да влезам во собата:uvo:), и им рекле дека ако уплатат ХХХХХ денари добиваат некопи попусти и сл. глупости.
На ова, татко ми скурчил, и барал да им кажат зашто ако е бесплатно, и е награда, бараат итно да доаѓа мајка ми со тешка болест, и згора на тоа бараат двоцифрена сума пари.
Шупакот од агенцијата рекол дека "се извинуваат за постапката", но оваа понуда била "вообичаена" само за млади брачни парови од 26-27 год. :uvo:
Татко ми ги отерал у пи*ку матер, овие се лигавеле уште малце, и среќно си отидовме дома...:tapp:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Само јас значи немам добиено такво нешто што ќе беше малер во животов :tapp:.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
На татко ми му стигна некое писмо на име на фирмата од горенаведената туристичка агенција која вклучува Подарок патување:

-Бесплатно сместување 10 дена за 4 лица во Грција
-БС 7 дена за 2 лица во Шпанија
-БС 10 дена за 2 лица во Бугарија (Банско)
-БС за 14 дена за 2 лица во ДОминиканска Република

И се било платено од нив така пишува барем, е сега малку ми е чуден овој подарок никогаш не сме патувале со таа агенција не бев ни слушнал за неа до пред малку, па сакав да ве прашам дали има некој искуство со ова и дали има патувано па нека пише да знам на што сум ако е се ок да одам до Скопје не викат на некаков состанок да си го подигнеме подарокот кој можел да се искористи во наредните 12 месеци...

Ај да видам ваши искуства со Travel House дали имате искористено сличен подарок? :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.365
Дали ти сериозно, длабоко во себе, со чист разум и свест, веруваш дека некој туку така ќе ти подари бесплатно сместување?
Класичен спам. Игнорирај. Ако те интересира, јави се - баш да видиш на која финта сакаат да те поебат :)

Ако е така, слободно нека тужи татко ти за несакана пошта. Ако воопшто никаде не се претплатил да му стигаат вакви писма. Така може и ќе го добиете одморот.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Дали ти сериозно, длабоко во себе, со чист разум и свест, веруваш дека некој туку така ќе ти подари бесплатно сместување?
Класичен спам. Игнорирај. Ако те интересира, јави се - баш да видиш на која финта сакаат да те поебат :)

Ако е така, слободно нека тужи татко ти за несакана пошта. Ако воопшто никаде не се претплатил да му стигаат вакви писма. Така може и ќе го добиете одморот.
Acid ако верував немаше да пишам на форумот туку веднаш ќе се јавев на бројот да закажам состанок, само сакав да слушнам мислења ама напишав на гугл за агенцијава и подарокот и се ми стана јасно :pos:
 
П

Паспарту

Гостин
На дедо ми му стигна исто вакво пред 3-4 години... :)
 
T

Tetro

Гостин
Вакво флаерче беше?
Може имаат измени од порано што имаа понуда "бесплатно сместување, но на крајот дебело плаќаш"


 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Идете бе без пари е :)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Идете бе без пари е :)
Аха без.
Само го плаќаш летот за двајцата и плаќаш "мали трошоци" и испаѓа си заштедил 20 евра се на се :icon_lol:
А имаш групни состаноци и таму перат и перат и перат мозок. Затоа и им праќаат на постари луѓе, да се залажат!
Дедо ми исто доби ваква покана :pos:
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Исто такво пред 2 години пристигна....класична превара.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
немојте превара жива, и кај нас дома пуштија еднаш и перат мозок на состанок
 
Член од
28 март 2009
Мислења
98
Поени од реакции
22
Na mene mi stigna SMS i mi zakazaja sostanok. Me interesira nekoj sto bil na takov sostanok kako go perat mozokot , mislam so koi finti?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom