Барате некој закон?

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Кривичното гонење не може да се преземе во случајов кога ќе поминат 3 години од извршувањето на делото за кое според Закон може да се изрече затвор над една година.
Ова е бидејќи за кд клевета се пропишани повеќе казни (во ст.1, ст. 2 и ст. 3 ), а чл. 107 ст. 2 вели дека "Ако за кривичното дело се пропишани повеќе казни, рокот на застареноста се определува според најтешката пропишана казна"- во случајов до 3 год. затвор.
Има измени на законот, со што ставот 2 е избришан а како единствена казна е определена паричната казна.
Знам дека е еве години рокот според член 107, ама некој ми ка
а дека може да застари и за 90 дена, ама тоа не успеав никаде да го видам ни во Кривичниот законик, ниту пак во КПП.
Ме интересира дали е точна информацијата.
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
МИ треба ваша помош ваква е рботата, ме интересира дали уште важи законот за ослободување од данок на фирмите кои финансираат(спонзорираат) спортисти, спортски екипи и кои услови треба да се исполнат, како иде процедурата... Фала однапред!!! :smir:
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
ми требаат неколку закони да најдам ај ако некој знае нека ме упати ми треба за правосуден испит.

- прво деловник на Уставниот суд на РМ од 92 година
- одлука за организација и делокругот на службата на собранието на РМ
-Закон за општа управна постапка

- Европска конвенција за заштита на човековите прави и основни слободи
- Закон за ратификација на протоколите 12 и 13

сега за сега толку ...


плииииииис некој :cuc:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
ми требаат неколку закони да најдам ај ако некој знае нека ме упати ми треба за правосуден испит.

- прво деловник на Уставниот суд на РМ од 92 година
- одлука за организација и делокругот на службата на собранието на РМ
-Закон за општа управна постапка

- Европска конвенција за заштита на човековите прави и основни слободи
- Закон за ратификација на протоколите 12 и 13

сега за сега толку ...


плииииииис некој :cuc:
Пребај по регистрите на службен весник, или во бесплатните изданија на службените весници. Има Закони, Одлуки, Правилници....

--- надополнето ---

Пребарај по регистрите на службен весник на сајтот нивен, има се.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
10
Поени од реакции
0
mi treba pomos,dobar advokat za imotno pravni odnosi a slucajot e vakov. tatko mi e sopstvenik na baraka, veke 18 godini vo nea zivee sestra mi so zet mi i vo taa zaednica tie ja renoviraat barakata vo tvrda gradba, sega se naogaat pred razvod no se uste zetot ne saka da se iseli od kukata i tuka nastanuva pekol, ne znaeme sto da pravime. zgora na se na strujomerot koj se vodi na ime na tatko mi zet mi vrsel krazba na struja koja nie moravme da ja prijavime vo evn. sega tatko mi saka da ja prepise kukata na mene no ne znaeme kako da go iselime zetot koj ne saka dobrovolno i mora da se odi sudski, policijata ne moze da pomogne iako tatko mi i zakonski sopstvenik. pomos
 
Член од
26 ноември 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
Ми треба закон за извршување со сите измени пречистен текст ( со најновите )
 
Член од
11 октомври 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ми треба некој што го разбира законот... дали може да бидам кривично гонет доколку ме приведе полиција за марихуана, а не пронашла при претрес дека поседувам но во мокрачата има THC?
многу е интересира доколку некој знае нека ми одговори... фала однапред :)))
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ми треба некој што го разбира законот... дали може да бидам кривично гонет доколку ме приведе полиција за марихуана, а не пронашла при претрес дека поседувам но во мокрачата има THC?
многу е интересира доколку некој знае нека ми одговори... фала однапред :)))
Не бре аман :) Да, може да те матљаат малце, али кривично гонење, не зезај :tv:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Ми треба некој што го разбира законот... дали може да бидам кривично гонет доколку ме приведе полиција за марихуана, а не пронашла при претрес дека поседувам но во мокрачата има THC?
многу е интересира доколку некој знае нека ми одговори... фала однапред :)))
Да може за дрогирање на јавно место провери си го новиот закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

--- надополнето ---

Има измени на законот, со што ставот 2 е избришан а како единствена казна е определена паричната казна.
Знам дека е еве години рокот според член 107, ама некој ми ка
а дека може да застари и за 90 дена, ама тоа не успеав никаде да го видам ни во Кривичниот законик, ниту пак во КПП.
Ме интересира дали е точна информацијата.
Да точна е предметот застарува за 3 месеци, доколку не биде поднесена кривична пријава во тој рок настапува застарување, провери си под рокови во ЗКП(Закон за Кривична постапка)
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Да може за дрогирање на јавно место провери си го новиот закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

--- надополнето ---


Да точна е предметот застарува за 3 месеци, доколку не биде поднесена кривична пријава во тој рок настапува застарување, провери си под рокови во ЗКП(Закон за Кривична постапка)
Aj те молам кажи ми кој член, бидејќи не успеав да најдам???:pipi:
ЕВе го делот за рокови
Глава VIII
РОКОВИ
Член 84
(1) Роковите предвидени со овој закон не можат да се продолжат, освен
кога законот изрично го дозволува тоа. Ако е во прашање рок што со овој
закон е определен заради заштита на правото на одбрана и на другите
процесни права на обвинетиот, тој рок може да се скрати ако тоа го бара
обвинетиот писмено или усно на записник пред судот.
(2) Кога изјавата е врзана за рок се смета дека е дадена во рокот ако пред
да истече рокот му е предадена на оној што е овластен да ја прими.
(3) Кога изјавата е упатена по пошта со препорачана пратка, по
електронска пошта или по телеграфски пат, денот на предавањето на
поштата се смета како ден на предавањето на оној до кого е упатена.
Предавањето на воена пошта во места каде што не постои редовна пошта
се смета како предавање на препорачана пратка на пошта.
(4) Обвинетиот кој се наоѓа во притвор може изјава што е врзана за рок да
даде и на записник кај судот што ја води постапката или да ја предаде на
управата на затворот, а лицето кое се наоѓа на издржување казна или се
наоѓа во некоја установа заради примена на мерка на безбедност или на
воспитна мерка може таквата изјава да и ја предаде на управата на
установата во која е сместено. Денот кога е составен таков записник,
односно кога изјавата í е предадена на управата на установата се смета
како ден на предавање до органот што е надлежен да ја прими.
(5) Ако поднесокот што е врзан за рок поради незнаење или очигледна
грешка на подносителот е предаден или упатен до ненадлежен суд пред
истекот на рокот, па до надлежниот суд ќе стигне по истекот на рокот, ќе
се земе дека е поднесен навреме.
Член 85
(1) Роковите се сметаат на часови, денови, месеци и години.
(2) Часот или денот кога е извршено доставувањето или соопштувањето,
односно во кој паѓа настанот од кога треба да се смета траењето на рокот,
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
25
не се засметува во рокот, туку за почеток на рокот се зема првиот нареден
час, односно ден. Во еден ден се сметаат 24 часа, а месецот се смета по
календарското време.
(3) Роковите определени по месеци односно по години се завршуваат со
истекот на оној ден на последниот месец, односно на годината што по
својот број му одговара на денот кога почнал рокот. Ако го нема тој ден во
последниот месец, рокот се завршува последниот ден на тој месец.
(4) Ако последниот ден на рокот паѓа на државен празник или во сабота
или во недела или во некој друг ден кога државниот орган не работел,
рокот истекнува со истекот на првиот нареден работен ден.
Член 86
(1) На обвинетиот кој од оправдани причини ќе го пропушти рокот за
изјавување жалба на пресуда или на решение за примена на мерки на
безбедност или на воспитна мерка или за одземање на имотна корист,
судот ќе му дозволи враќање во поранешната состојба заради изјавување
жалба ако во рок од осум дена по престанувањето на причината поради
која го пропуштил рокот поднесе молба за враќање во поранешната
состојба и ако истовремено со молбата предаде и жалба.
(2) По истекот на три месеци од денот на пропуштањето не може да се
бара враќање во поранешната состојба.
Член 87
(1) За враќање во поранешната состојба одлучува претседателот на
советот кој ја донел пресудата или решението кое се побива со жалбата.
(2) Против решението со кое се дозволува враќање во поранешната
состојба не е дозволена посебна жалба.
(3) Кога обвинетиот изјавил жалба на решението со кое не се дозволува
враќање во поранешната состојба, судот е должен оваа жалба заедно со
жалбата на пресудата или на решението за примена на мерка на
безбедност, или на воспитна мерка или за одземање на имотна корист,
како и со одговорот на жалбата и со сите списи да ја достави до
повисокиот суд на решавање.
Член 88
Молбата за враќање во поранешната состојба по правило не го задржува
извршувањето на пресудата односно на решението за примена на мерка на
безбедност или на воспитна мерка или за одземање на имотна корист, но
судот надлежен за решавање на молбата може да одлучи извршувањето да
се запре додека не се донесе одлука по молбата.



Инаку во Казнениот законик пишува 2 години. Како би се судирале овие два закони?
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Член 58
Поднесување предлог и приватна тужба

(1) За кривичните дела за кои се гони по предлог или по приватна тужба,
предлогот или тужбата се поднесуваат во рок од три месеци од денот кога лицето
овластено за поднесување на предлогот или приватна тужба узнало за
кривичното дело и за сторителот.

Ова е рокот за поднесување на тужбата а доколку веќе е поднесена тужба, роковите за кривично гонење се разликуваат од рокот за поднесување предлог или приватна тужба.
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Некој да ми помогне со закон од здравството...
конкретно - „права и обврски на здравствените установи и здравствените работници во болничката здравствена установа“ ??
Помош?
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Ми требаат законитз за употреба и поседување канабис.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Некој да ми помогне со закон од здравството...
конкретно - „права и обврски на здравствените установи и здравствените работници во болничката здравствена установа“ ??
Помош?
Најчесто ваквите работи се уредуваат со правилници и одлуки на здраствените установи, али може да погледнеш и во Законите од областа на здравствена заштита.

--- надополнето ---

Ми требаат законитз за употреба и поседување канабис.
Добро бе луѓе аман со смешкиве :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom