Работам во АРМ и скоро се запишав на Факс но копиљациве кои се одговорни не ми даваат ден слободен или колку следвит според законот .... за да одам да средам раб , за испит или било што ....
Дан можи некој да ми го најди законот за да знам со што да се бранам за да дојдам до тоа што ми треба
Покажи им закон за работни односи
Образование на работниците
Член 154
(1) Работникот има право и должност на постојано образование,
дошколување и оспособување во согласност со потребите на работниот
процес, со цел на одржување, односно унапредување на способноста за
работа на работното место, како и зачувување на работното место.
(2) Работодавачот е должен да им обезбеди образование, дошколување
и оспособување на работниците, ако тоа го бараат потребите на работниот
процес или, ако со образованието, дошколувањето или оспособувањето
може да се избегне откажувањето на договорот за вработување од лична
или деловна причина. Во согласност со потребите на образованието,
дошколувањето
или оспособувањето на работниците работодавачот има право работникот
да го упати на образование, дошколување или оспособување, а работникот има право и сам да се пријави.
(3) Траењето на образованието, дошколувањето и оспособувањето на
работниците, како и правата и обврските на договорните страни пред и по
завршувањето на образованието, дошколувањето и оспособувањето на
работниците се уредуваат со посебен договор или со колективен договор.
(4) Работникот и работничкиот претставник имаат право на синдикално
образование, согласно со колективен договор.
Право на платено отсуство од работа заради образование
Член 155
(1) Работникот кој се образува, дошколува или оспособува во
согласност со членот 154 на овој закон, како и работникот кој се образува,
дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено
отсуство од работа заради полагање на испити.
(2) Ако со колективниот договор, договорот за вработување или посебен
договор за образование правото од ставот (1) на овој член не е конкретно
определено, работникот има право на платено отсуство од работа за
деновите, кога првпат полага испити.