vlatkolik
~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
- Член од
- 17 мај 2007
- Мислења
- 2.647
- Поени од реакции
- 28
Првиот што го памтам мислам дека беше некаде прво или второ оделение,си седиме со „колегите“ од маало така во паркчето и се сеќавам правевме шлајка за џамлии да играме,имавме т.е сеуште има еден малку дефект у главата значи тогаш он беше некаде 8 оделение и додека ние така се оштриме да играме дојде со ногата ни ја еба шлајката ни ги собра џамлиите и си отиде...решивме да го јаде ама никој немаше муда да му направи нешто ем поголем ем дефект...и додека стоевме така го гледаме доаѓа пак,имав едно железо во рака се сеќавам држев и сакаше да ми го земе(во форма на Г буква железото)незнам како ми се опушти но му го здрвив у глава му го збрцав крвои прскаа на сите страни јебем га страв ме фати можеше да скине...е после тоа беа церемониите кога виде мајка ми сум јадел ќотек ко никој до сега може три дена,а и текнеше на жената што можело да се случи ќе дојдеше и ќе ме зашамараше неговите ден денес ме мрзат...овој ќотек мислам дека ќе го паматам секогаш...