Хехе.
Имам неколку пати ќотек јадено. Затоа што правев многу белји како малечка.
Кога имав 4 годинки го запалив седмоседот дома што го имавме, среќа ќошето само го уништив и на моите им успеа да направат двосед и тросед од тоа после.
Исто еднаш сум почнала да фрлам тенџериња, тави, лажици, ножеви, вилушки....низ прозор (од 5ти спрат). Среќа не сум утепала некој доле.
И еднаш сум сакала брат ми да го бутнам низ прозор, а еднаш сум почнала да го давам. (тоа кога имав 3-4 годинки сум била љубоморна на него изгледа зошто он помалечок беше).
Моите ме научиле бељаџика дека сум и имаа една прачка Мирко ја нарекоа, па сум ја осетила доста пати (повеќе печеше кога ќе ме плеснеа по раце или нозе со нејзе). Ама јас редовно ја криев и кршев и така имаше доста прачки Мирко 1, Мирко 2, Мирко 3...хехехе... ме тераа сама на Водно да си избирам...ама јас зш си знаев дека ако е потенка повеќе пече си избирав малце подебелка.