Астрална проекција

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
А со литература нема многу да научиш .. Потребно е друго нешто .. ПОтребно е самото тело да сака а не да се форсираш бидејќи така само ќе се измориш , без ефект. :)
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Epa fala na sovet ama kako teloto samo ke saka ako jas ne go nateram ili ne eksperimentiram so nekoi rizicni raboti. Bez vezbi nema nikako da uspeam.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Се сложувам воглавно со Devil-King .
Но , астралната проекција МОЖЕ да ја направи секој . Потребно е само време и простор.
Лично неколку пати имам доживеано астрална проекција БЕЗ помош на некое друго сретство . Не е ништо чудно .
Инаку тоа што го користат верниците во Кабал и Будистите не е астрална проекција. Тоа е Телепатија а има разлика меѓу тие два поима .
Телепатијата всушност го користи мозокот како средство за да испраќа и прима податоци од друг мозок . Но на друго ниво, односно невидливо .

Астрална проекција го префрлува телото од една димензија во друга димензија но за разлика од сонот ,во реален меѓуплазматски простор во кој што некој кој успеале да ја усовршат можат и да прават просторни промени. Според некој во тој меѓуплазматски простор се наоѓаат спиритуалните остатоци од човекот- Духот.


Астралната проекција и нејзиното усовршување го користат вистинските практикувачи на „магија“ односно Wickans. Тие веруваат во религија наречена Wicka која брои голем број на обреди и еден од нив е астралната проекција со цел да стапат со „Божицата“ .

Не секој припадник на Wicca практикува Астрална Проекција и таа не е резервирана за било која религија. Астрална проекција не се употребува да се контактира со Божествата, него длабока медитација или транс. И не секој Wiccan употребува магија, религијата Wicca e побитна и респект кон Боговите. Астрална проекција никогаш, ама никогаш не била нити е дел од било кој Wiccan Ritual.


По мое мислење, секој човек е надарен со можност да го оствари ова. Како што објасни Devil-King, треба да се заборави на своето тело, треба упорно вежбање, треба да можеш да бидеш способен да го утишиш умот и треба да се научиш to let go. Било која емоција што ќе ја осетиш додека си на тоа астрално ниво, ќе те врати назад. Али, човек треба да биде и спремен за средби со negative thought forms што луѓето сами ги ствараат.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Охоо Шорт1 здраво, одамна те немало :)

Ти го практикуваш ова што го пиша?
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Epa tie ja praktikuvale bidejki imale golem duhoven mir. A kako mozeme nie da ja praktikuvame toa e prasanjeto.
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
36
Поени од реакции
0
NE ZNAM ZASO NE SUM AVANTURIST I NE BI SAKALA NESO VAKVO DA MI SE DESI
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Јас гледав на јутјубе 3 виеа за астрална проекција...
Пишете на јутјуб Astral Projection. How to Astral Travel. и ке ви даде...
Нешто тешко ми иде мене со клиповиве :toe:
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
За да постигнете духовен мир,треба со гуру да потонете во длабока медитација.Откако ќе го направите тоа и нема повеќе да бидете врзани со материјалните(земните) работи и на се ќе гледате објективно,ќе можете да практикувате и Астрална Проекција.Затоа што само една емоција за време на Астралната Проекција и душата може да ви залута на други нивоа-нпр.во светот на енергии,мртви,духови итн....
Астралната проекција и не е нешто посебно и ја користат луѓе за земни или материјални цели ....нпр... чекај ќе одам до кај оваа,се тушира.Ај баш да видам со кого е.Чекај ај до Америка,ваму-таму и ништо не сте направиле.


Но,со медитација се добива таканаречено Трето Око кое го имал Буда т.е. секој од нас го има,но потребно е да се развива и да се вежба.
Во свесна состојба со тоа око можете да гледате каде сакате нпр...други светови,цивилизации,Земјата,Времето....но најчесто тие што имаат Трето Око ако потпаднат под влијание на материјалното и го откријат Окото за земни цели,Бог им го одзема.

Само оние кои ќе најдат мир,и истиот ќе го задржат ќе можат да добијат Трето Око.
А за медитацијата,може да се искористи и за земни работи но тогаш свеста е повисока и на земните работи ќе се радуваш така како што се „радува“ некој што имал фиќо а добил мерцедес.Логично е да не се радуваш на фиќото.
А со Wicca не сум запознаен и не би сакал да ја коментирам.

Ако некој знае нешто повеќе,мило ќе ми биде да го запознаам и да разменам искуства.
Тоа е тоа.
Тоа е се.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Има во ШЕСТО СЕТИЛО, списанието, пишува за астрални проекции, и авторот на тоа списание (презимето му е на буквата А,да не го именуваме),раскажува за свои астралн искуства, ама нешто не го гледам по продавнициве многу, може се на одмор, ама во секој сучај побарајте ги постарите броеви и има многу интересни работи да се прочитаат. Јас обожавам вакви работи и ви ги препорачувам броевите на ШЕСТО СЕТИЛО. :smir:
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Јас не ви ги препорачувам броеите на шесто сетило,ниту димензиј Х,уствари се што излегува комерцијално.Тоа е исто како да сакате да најдете рецепт за Торта,и некој да извади списание и да напиши само ова- АБе тортата ја праиш и ја печиш на толку степени ама после има ваков вкус и таков јас вака ја јадам оној така.
Знали буквално нема ништо од она што треба да го знаете повеќето се комерцијални стории да привлечат внимание и профит правење.Ако ви треба случањо таква ствари ве занимаваат,ќе се обидете на друг начин.
Испитајте се самите себеси колку сте подготвени за таа цел.
Дали имате душевен мир и со семејството,или домот ви е во хармонија.
Дали некого мразите?
Дали кога некој ви е должник упорно се обидувате да го повратите долгот.(Али не во смисла на некој да ви борчи 1000 евра па ај биле ај не биле:),туку за некоја друга услуга на свое срце)
Дали сте религиозни?
Дали имате прочитано нешто повеќе од библијата? Коранот,За буда,Кабала и слично?
Дали сте суеверни?
Are u in love?

Откако ќе одговорите позитивно на некои од овие прашања и негативно на неколку други,вие веќе сте чекор напред и спремни сте да продолжите.
Набавете литература од Aliester Crowley,Дезмонд Дјун - во врска за јогата,и Раџа Јога од Svami Vivekananda. Astralna Projekcija од J.H Brenhan,за астрална проекција.

Читајте ваква литература ако стварно ве интересираат тие ствари.Вежбајте јога низ дома.Живејте во хармонија не ги мразете луѓето затоа што се луѓе,ами што психички не евоулирале во луѓе.
Значи за астрална проекција треба долга и голема подготовка додека не се научат сите техники.Не е значи тоа само плукни залепи.
Кога ќе почнете да тренирате јога,ќе постатенете на моменти ЕДНО СО УНИВЕРЗУМОТ,што самиот збор јога значи соедниување.
Соединување со универзумот е духовна скала погоре.
Се се држи на соединувањето,ипак човечкиот род опстојуа со соединување на мажот и жената.Кога сте заљубени се соединувате психички а кога се сексате се соединувате покрај психички , воедно и физички.
Преку сексот се дигаат астрални нивоа нагоре,и поголем духовен напредок има.Но не секс како обичен секс, да се ебеш со секој што ќе ти текне без никакво психичко соединување,туку заедно со психичко и физичко.
Затоа и од религијата е забранета проституција,денешната младина што го тера овој живот,лесно се впуштат во врска се сексат и мислат само на моменталната желба.
Алиестер Кроули рекол-Прави што ти е волја и нека биде цел закон.
Многу добро кажано.Љубовта е закон,љубов под волја.Кој го разбра ова?
Ретко кој. Не значи дека НЕ треба да се прави секоја моментална желба,што ја имаме,туку се она што ПРЕД ДА ГО НАПРАВИМА,ДОДЕКА ГО ПРАВИМЕ, И ОТКАКО ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ,ни дава задоволство,не исполнува со радост и се чуствуваме среќни и опуштени. Дури тогаш ќе ја забележите хармонијата од која сте одбегнувале заради овој лош опшествен живот.
Книгата на Законот вели: “Исто така, исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја!

Овој налог зависи од ВАШАТА одлука. Можете вечно да бидете верен на вашиот избран партнер или да имате толку многу партнери, од кој било пол, колку што ви е волја. Општо погрешна е идејата дека Телемата го нагласува промискуитетот и “слободната љубов” како што беше сфатено од хипи-движењето. Го нагласува, но и не го нагласува. Изборот е ваш и на вашиот партнер или партнери. Една работа е тоа што го кажал Кроули како личност, а друго е она што го кажуваат Светите Книги на Телемата. Секој маж и жена имаат свои природни потреби во сексуалниот живот. Никој не треба да ги принидува да прифатат или да прават работи спротивни на тој избор. Почитувањето на изборот на другите луѓе е апсолутен принцип.
Вашиот партнер мора да се согласи со вашите желби, во спротивно ќе се судрите со нечија друга волја и веројатно тоа ќе ве одведе во неволја. Не постојат морални импликации во ова. Ако вашиот партнер сака да има 10 љубовници и вие се согласувате со тоа, зошто да не го направите тоа? Но, ако таа ве сака само вас, а вие сакате 10 љубовници, тогаш имате проблем. Одењето по 10 љубовници, веројатно ќе го натера вашиот партнер да ве напушти. Поради тоа вие морате да изберете. Правењето избор е превземање одговорност за вашиот живот, а превземањето одговорност е половина закон. Соодветен назив за втората половина е верност. Бидете сериозни во одлуките што сте ги донеле и следете ги верно и бидете искрени спрема себе и спрема вашата околина.
Поседувањето на неколку партнери во исто време може да ви донесе проблеми со навлегување на непознати и непожелни енергии во вашиот личен Магиски Круг, или пак препуштањето на еден партнер може да ви предизвика некој вид на фрустрации - особено ако не се сложувате на сексуално ниво. Тоа е секогаш избор. Извесно е дека љубовта и сексот можат да бидат раздвоени. Исто така е сигурно дека тие можат многу добро да си одговараат. Лично можам да ги раздвојам сексот и љубовта, кога не сум вљубен. Кога е човек заљубен, верноста станува клучен збор, како и формула за достигнување на повисоки врвови на сатисфакција.
Вие треба да ја изразите вашата сексуалност во согласнот со вашата Волја. Ако не е така, тогаш вршите насилство над самите себе или над нечија Волја. Ако планирате сексуален напад на згодната ќеркичка од соседите, подобро е да се подготвите за нејзиното татенце кој ќе ве чека со ловечка сачмарка или за неколку години затвор. Ако пак планирате сексуално да се поиграте со соседскиот јарец, причувајте се од неговите рогови! Овие необични примери се само како илустрација дека не треба да ја повредиме Волјата на било кое суштество, во спротивно можеме да очекуваме некој вид на казна. Многу идеи за сексуалното изразување потекнуваат од некоја форма на “перверзија”, некои од нив заслужуваат да бидат постојано анализирани, додека други мора да се изживеат во соодветната ролја или која било друга форма. Ако вашата лична перверзија е со намера да и наштети на друга личност, во тој случај имате проблем. Ако не се справите со тоа, тогаш вие или некој друг ќе биде вовлечен во неволја.
Како што е видливо од горенаведеното, овие импулси не се статични, туку постојано се менуваат. Во еден периодот од животот може да претпочитате повеќе љубовници, а кога ќе најдете соодветен партнер ќе се средите и ќе бидете само со неа - или обратно. Овде не постојат правила. Единствени правила што се применуваат се оние што ги создаваш за својот живот. Една работа не е полоша од друга, но најверојатно во определен момент постои само една која е најидеална за вас. Откријте ја и следете ја!
Сексуалното потиснување од кој било вид е корен на многу болести на човечкиот мозок. Храбро бидете она што сте! Осмелете се да ја задржите вашата сексуалност света! Не дозволувајте му на никого да се меша во вашите соништа и желби. Проживејте ги. Тоа е единствен начин да ги заштитите да не прераснат во опсесии, за чие отстранување ќе ви треба многу време и маки кога ќе зачекорите на Магиската Патека. Повторно се соочуваме со избор. Ако сакате да имате сексуален однос со ќерката од соседите, а вашата сопруга не се согласува со тоа, можете да изберете да останете подалеку од неа, инаку ќе ја изгубите сопругата, или пак можете да ја задоволите вашата желба, да ја излажете сопругата и да не и кажете ништо. Или едноставно можете да ја напуштите сопругата. Прашањето е што можете да издржите од сето ова. Единствен избор што не смеете да го направите е да се премислувате. Кога еднаш ќе одлучите, враќање назад нема.

Можеби ќе се запрашате што толку ја извртив темата на Јога,Секс, и Медитација, а не на Астралната проекција.
Не можете куќа да направите без темел. Не можете Астралнја проекција да направите без да имате претходно направено јога.
Се е поврзано, како Физиката Со Хемијата и Математака Со Уметноста и сл.
Сите науки се поврзани една со друга.Секоја наука е законот на природата.
Пред се ви посакувам Мир,Толеранција и Вистина.Поздрав до сите точки на триаголникот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Баш би сакал да ја доживеам. Многу малку знам за оваа метода, а она што го знам и тоа како ми е голицкаво..

Верувам дека некој од нас знае повеќе. Што се случува всушност и дали има некој во Македонија кој е засегнат со овој феномен.
Јас не би ти препорачал да експериметираш астрална проекција ако предходно не ги усовршип техниките на контрола, јас така на почетокот додека бев млад и неукусен, мојата астрална проекција една вечер замина в град, ми начука 2000 денари долг во еден кафиќ и гибаше едни чупиња на корзо па после имав мака да ги доведам во ред работите.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
за нео!!!

За да постигнете духовен мир,треба со гуру да потонете во длабока медитација.Откако ќе го направите тоа и нема повеќе да бидете врзани со материјалните(земните) работи и на се ќе гледате објективно,ќе можете да практикувате и Астрална Проекција.
Читајте ваква литература ако стварно ве интересираат тие ствари.Вежбајте јога низ дома.Живејте во хармонија не ги мразете луѓето затоа што се луѓе,ами што психички не евоулирале во луѓе.
Значи за астрална проекција треба долга и голема подготовка додека не се научат сите техники.Не е значи тоа само плукни залепи.
ти реков!!!!!!!

се извинувам ама морав

иначе девил кинг,дали ти си постигнал се ова?дали си имал астрални патувања?или можеби сеуште си почетник.

а лет 3,си имал едно астрално искуство.
луѓа ај објаснувајте што доживувате малце поопширно
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
иначе девил кинг,дали ти си постигнал се ова?дали си имал астрални патувања?или можеби сеуште си почетник.
Астрална проекција не, но визуелна да.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030

Kajgana Shop

На врв Bottom