Јас не ви ги препорачувам броеите на шесто сетило,ниту димензиј Х,уствари се што излегува комерцијално.Тоа е исто како да сакате да најдете рецепт за Торта,и некој да извади списание и да напиши само ова- АБе тортата ја праиш и ја печиш на толку степени ама после има ваков вкус и таков јас вака ја јадам оној така.
Знали буквално нема ништо од она што треба да го знаете повеќето се комерцијални стории да привлечат внимание и профит правење.Ако ви треба случањо таква ствари ве занимаваат,ќе се обидете на друг начин.
Испитајте се самите себеси колку сте подготвени за таа цел.
Дали имате душевен мир и со семејството,или домот ви е во хармонија.
Дали некого мразите?
Дали кога некој ви е должник упорно се обидувате да го повратите долгот.(Али не во смисла на некој да ви борчи 1000 евра па ај биле ај не биле
,туку за некоја друга услуга на свое срце)
Дали сте религиозни?
Дали имате прочитано нешто повеќе од библијата? Коранот,За буда,Кабала и слично?
Дали сте суеверни?
Are u in love?
Откако ќе одговорите позитивно на некои од овие прашања и негативно на неколку други,вие веќе сте чекор напред и спремни сте да продолжите.
Набавете литература од Aliester Crowley,Дезмонд Дјун - во врска за јогата,и Раџа Јога од Svami Vivekananda. Astralna Projekcija од J.H Brenhan,за астрална проекција.
Читајте ваква литература ако стварно ве интересираат тие ствари.Вежбајте јога низ дома.Живејте во хармонија не ги мразете луѓето затоа што се луѓе,ами што психички не евоулирале во луѓе.
Значи за астрална проекција треба долга и голема подготовка додека не се научат сите техники.Не е значи тоа само плукни залепи.
Кога ќе почнете да тренирате јога,ќе постатенете на моменти ЕДНО СО УНИВЕРЗУМОТ,што самиот збор јога значи соедниување.
Соединување со универзумот е духовна скала погоре.
Се се држи на соединувањето,ипак човечкиот род опстојуа со соединување на мажот и жената.Кога сте заљубени се соединувате психички а кога се сексате се соединувате покрај психички , воедно и физички.
Преку сексот се дигаат астрални нивоа нагоре,и поголем духовен напредок има.Но не секс како обичен секс, да се ебеш со секој што ќе ти текне без никакво психичко соединување,туку заедно со психичко и физичко.
Затоа и од религијата е забранета проституција,денешната младина што го тера овој живот,лесно се впуштат во врска се сексат и мислат само на моменталната желба.
Алиестер Кроули рекол-Прави што ти е волја и нека биде цел закон.
Многу добро кажано.Љубовта е закон,љубов под волја.Кој го разбра ова?
Ретко кој. Не значи дека НЕ треба да се прави секоја моментална желба,што ја имаме,туку се она што ПРЕД ДА ГО НАПРАВИМА,ДОДЕКА ГО ПРАВИМЕ, И ОТКАКО ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ,ни дава задоволство,не исполнува со радост и се чуствуваме среќни и опуштени. Дури тогаш ќе ја забележите хармонијата од која сте одбегнувале заради овој лош опшествен живот.
Книгата на Законот вели: “Исто така, исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја!
Овој налог зависи од ВАШАТА одлука. Можете вечно да бидете верен на вашиот избран партнер или да имате толку многу партнери, од кој било пол, колку што ви е волја. Општо погрешна е идејата дека Телемата го нагласува промискуитетот и “слободната љубов” како што беше сфатено од хипи-движењето. Го нагласува, но и не го нагласува. Изборот е ваш и на вашиот партнер или партнери. Една работа е тоа што го кажал Кроули како личност, а друго е она што го кажуваат Светите Книги на Телемата. Секој маж и жена имаат свои природни потреби во сексуалниот живот. Никој не треба да ги принидува да прифатат или да прават работи спротивни на тој избор. Почитувањето на изборот на другите луѓе е апсолутен принцип.
Вашиот партнер мора да се согласи со вашите желби, во спротивно ќе се судрите со нечија друга волја и веројатно тоа ќе ве одведе во неволја. Не постојат морални импликации во ова. Ако вашиот партнер сака да има 10 љубовници и вие се согласувате со тоа, зошто да не го направите тоа? Но, ако таа ве сака само вас, а вие сакате 10 љубовници, тогаш имате проблем. Одењето по 10 љубовници, веројатно ќе го натера вашиот партнер да ве напушти. Поради тоа вие морате да изберете. Правењето избор е превземање одговорност за вашиот живот, а превземањето одговорност е половина закон. Соодветен назив за втората половина е верност. Бидете сериозни во одлуките што сте ги донеле и следете ги верно и бидете искрени спрема себе и спрема вашата околина.
Поседувањето на неколку партнери во исто време може да ви донесе проблеми со навлегување на непознати и непожелни енергии во вашиот личен Магиски Круг, или пак препуштањето на еден партнер може да ви предизвика некој вид на фрустрации - особено ако не се сложувате на сексуално ниво. Тоа е секогаш избор. Извесно е дека љубовта и сексот можат да бидат раздвоени. Исто така е сигурно дека тие можат многу добро да си одговараат. Лично можам да ги раздвојам сексот и љубовта, кога не сум вљубен. Кога е човек заљубен, верноста станува клучен збор, како и формула за достигнување на повисоки врвови на сатисфакција.
Вие треба да ја изразите вашата сексуалност во согласнот со вашата Волја. Ако не е така, тогаш вршите насилство над самите себе или над нечија Волја. Ако планирате сексуален напад на згодната ќеркичка од соседите, подобро е да се подготвите за нејзиното татенце кој ќе ве чека со ловечка сачмарка или за неколку години затвор. Ако пак планирате сексуално да се поиграте со соседскиот јарец, причувајте се од неговите рогови! Овие необични примери се само како илустрација дека не треба да ја повредиме Волјата на било кое суштество, во спротивно можеме да очекуваме некој вид на казна. Многу идеи за сексуалното изразување потекнуваат од некоја форма на “перверзија”, некои од нив заслужуваат да бидат постојано анализирани, додека други мора да се изживеат во соодветната ролја или која било друга форма. Ако вашата лична перверзија е со намера да и наштети на друга личност, во тој случај имате проблем. Ако не се справите со тоа, тогаш вие или некој друг ќе биде вовлечен во неволја.
Како што е видливо од горенаведеното, овие импулси не се статични, туку постојано се менуваат. Во еден периодот од животот може да претпочитате повеќе љубовници, а кога ќе најдете соодветен партнер ќе се средите и ќе бидете само со неа - или обратно. Овде не постојат правила. Единствени правила што се применуваат се оние што ги создаваш за својот живот. Една работа не е полоша од друга, но најверојатно во определен момент постои само една која е најидеална за вас. Откријте ја и следете ја!
Сексуалното потиснување од кој било вид е корен на многу болести на човечкиот мозок. Храбро бидете она што сте! Осмелете се да ја задржите вашата сексуалност света! Не дозволувајте му на никого да се меша во вашите соништа и желби. Проживејте ги. Тоа е единствен начин да ги заштитите да не прераснат во опсесии, за чие отстранување ќе ви треба многу време и маки кога ќе зачекорите на Магиската Патека. Повторно се соочуваме со избор. Ако сакате да имате сексуален однос со ќерката од соседите, а вашата сопруга не се согласува со тоа, можете да изберете да останете подалеку од неа, инаку ќе ја изгубите сопругата, или пак можете да ја задоволите вашата желба, да ја излажете сопругата и да не и кажете ништо. Или едноставно можете да ја напуштите сопругата. Прашањето е што можете да издржите од сето ова. Единствен избор што не смеете да го направите е да се премислувате. Кога еднаш ќе одлучите, враќање назад нема.
Можеби ќе се запрашате што толку ја извртив темата на Јога,Секс, и Медитација, а не на Астралната проекција.
Не можете куќа да направите без темел. Не можете Астралнја проекција да направите без да имате претходно направено јога.
Се е поврзано, како Физиката Со Хемијата и Математака Со Уметноста и сл.
Сите науки се поврзани една со друга.Секоја наука е законот на природата.
Пред се ви посакувам Мир,Толеранција и Вистина.Поздрав до сите точки на триаголникот.