Анксиозност

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Тоа се личности со кои тешко наоѓам заедничка тема на разговор и претежно во нивно присуство ќутам, тие имаат многу различно размислување од моето, се работи за спротивен пол на мојот, да тоа се женски особи.
Е добро...јас имам многу личности за кои имам ниско мислење или неможам да свртам ни пет реда муабет. Јас па друго нешто сум забележал кај мене, ако сум еден на еден или најмногу тројца можам муабет да правам и ми е убаво. Ако сме повеќе од тројца станувам многу молчелив и не се истакнувам. Не дека нешто многу ми е страм...туку не сакам никогаш да се надзборувам или да ми го слуша некој муабетот. Ни сам незнам што е финтата некако ми е тешко и незнам што да зборувам во малку поголемо друштво. Но од друга па страна можам да зборувам пред стотици и илјадници луѓе без некоја голема трема. Така да може е исто и со тебе...сосема е нормално во некое друштво да молчиш. Јас многу често молчам во поголемо друштво и не ми е баш убаво...особено ако не е мој тип. Дури и во себе ги исмевам и пцујам и мислам дека се идиоти тие што зборуваат некои работи и некои луѓе. Може не ти одговараат тие...финтата е да се научи да се молчи и да не се иритираш од глупи муабети. Јас сум имал многу ситуации кога соговорниците трескање глупости и зборувале работи кои целосно не ме интересирале. Генерално сум имал средини кои не ми одговарале...и тие ме сметале за антисоцијален и забеган. Додека има многу луѓе со кои многу ми е пријатно и би зборувал многу. Нормално се трудам да ги бирам вторите колку што можам повеќе. Еве еден поглед на работите...
Ок е да си антисоцијален...често пати цената за седење во глупо друштво не вреди за бенефитот.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.926

Пази тоа што го збориш е обична интровертна активност. Ниту јас не можам да седам со друштва по секоја цена. Излагам со некого/некоја ако не е во мој спектар на интереси едноставно ја бришам од социјална интеракција. Не можам на 30+ да креирам некој друштвен круг во кој не се осеќам природно.
Ниту пак да се надвикувам со тројца од четворица на маса, знаејќи дека ниту еден од нив не е во право. Тоа го перцепирам како џабе потрошени зборови. Обично правам дискусии за конкретни теми и јасни ствари. Немам проблем да се истакнам пред група на луѓе, да зададам команди за работа, али немам вербални социјални вештини.
И тука е проблемот на нештата. Не си интересен за околина! Многу сум љубоморен на оние кој можат да тресат зелени да ги засмеваат другите, луѓе кои имаат 5000 фрази кои им идат во дек од секунда и ќе кажат нешто штосно... Тоа не го можам. Во состојба сум да ме руга некој и да не можам да му вратам затоа што незнам како. Се чуствувам глупо пред се, како да паѓам на некое ниско ниво. Во најмала мера за останатите си досаден.
 
Член од
3 септември 2020
Мислења
4
Поени од реакции
6
Тоа се личности со кои тешко наоѓам заедничка тема на разговор и претежно во нивно присуство ќутам, тие имаат многу различно размислување од моето, се работи за спротивен пол на мојот, да тоа се женски особи.
Првиот чекор е решен подефинирано ти е - имаш некаква социјална анксиозност околу жени. Тоа не е ништо страшно и нерешливо, пробај да се тераш повеќе да зборуваш со жени

За гледање очи вежбај најпрво во огледало, после можеш да гледаш некое видео пример некој ted talk или слично кај што зборува жена и терај се в очи да ја гледаш колку и да ти е ова смешно, добра пракса ќе ти е. Не мора да се фокусираш на зборувањето, не мора ни ted talk да е, нека е било какво видео кај што зборува жена и можеш да ја гледаш в очи.

Понатаму ќе продолжиш и со повеќе вежбање во живо, ќе се навикнеш, немој премногу да размислуваш или анализираш што да кажеш кога некоја жена зборува, ништо не мора да кажеш. Сите сакаме да сме слушнати, па опушти се ништо не мора да зборуваш или одговориш, само навикни се да можеш да ги слушаш и гледаш в очи кога зборуваат. Тие ќе се осетат добро и слушнати и без ти да го продолжиш муабетот.

Со тек на време понатаму ќе се ослободиш повеќе и ќе се опуштиш доволно и да даваш свои мислења и одговори на муабетите колку и да ти изгледаат сега незаеднички, но чекор по чекор без брзање. Најпрво навикни се да можеш да ги гледаш в очи и да ги слушаш без премногу да заглавуваш во своите мисли.
 
Член од
25 јуни 2017
Мислења
46
Поени од реакции
100
Здраво на сите. Имам едно стручно прашање до вас искуснисте околу психологија.

Од 2020 Јануари некаде почна да ми забегува погледот односно да ми шараат очите , пријателите па дури некои од роднините не можам да ги гледам директно во очи , го избегнувам контактот со очи со нив, и тие почнаа да ме приметуваат и се осеќаат многу напнатно кога се во моја близина, истото и јас тоа го чуствувам, одеднаш се случува кога разгоравам со некој од нив наеднаш да ја свртам главата во празен поглед, и тие самите се чудат зашто тоа го правам. Овој проблем го имам само со одредени личности и некако поубаво се чуствувам кога не се во моја близина. Секогаш кога треба да се видам со нив ми се јавува одбивност и барам изговори да не се сретнам. Чуствувам во последно време како и тие самите да чуствуваат дека не се добродојдени и дека не сакаат да бидат во моја близина. Ве молам за совет.

поздрав
Навика ти станала т.е. се работи за потсвестен тик или ниска самодоверба. Штом ти се случува со одредени личности, сигурно тие личности ги рангираш на повисоко ниво од тебе каде што темите кои ги зборуваат со тебе немаат никаква поврзаност, не можеш да се вклопиш во нив и ти е непријатен разговорот. Во суштина кој прв го трга погледот во една социјална интеракција значи дека е реактивен во однос на другиот. Особено интеракција со женски пол, каде што женското може да примети уште од самиот старт до каде се носиш со муабетот врз твојот "контакт со очите" и говор на тело. Во врска со темите на разговор, според моите искуства колку си излезен од главата (да не се преоптеретуваш што би кажал) толку подобро. Верувај дека што и да кажеш нема никаква врска, можеш да збориш и за ластовиците како летаат... се додека начинот на достава ти е среден и го кажуваш со пасија. Секако со пракса ова можеш да го подобриш само и со ништо друго.

Убаво кажа членот погоре, чаре за ова јебига никој не би знаел. Едино да почнеш со "праксирање" надвор. Пробај полека полека секое гледање или средба со пријателите / роднините (без разлика женско или машко друштво) да го пренасочиш во твојата свесност. Пример: сконцентрирај се следен пат кога зборуваш со нив да го дадеш својот максимум и да ги гледаш директно во очи, подолго отколку што си издржувал претходно. Преку редовно пробување и "пракса" треба стекнеш десензитизација и нема да ти е непријатно.

Истиов принцип важи и за темите на разговор.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Тоа се личности со кои тешко наоѓам заедничка тема на разговор и претежно во нивно присуство ќутам, тие имаат многу различно размислување од моето, се работи за спротивен пол на мојот, да тоа се женски особи.
Кажи си го своето мислење најопуштено.Шо може страшно да ти се деси?Сигурно нема да те размаваат со боксови ако имаш различно размислување!:DТвојот страв е неприфаќање од околината,особено жените.Најбитно е да се прифатиш самиот себе си.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Пази тоа што го збориш е обична интровертна активност. Ниту јас не можам да седам со друштва по секоја цена. Излагам со некого/некоја ако не е во мој спектар на интереси едноставно ја бришам од социјална интеракција. Не можам на 30+ да креирам некој друштвен круг во кој не се осеќам природно.
Ниту пак да се надвикувам со тројца од четворица на маса, знаејќи дека ниту еден од нив не е во право. Тоа го перцепирам како џабе потрошени зборови. Обично правам дискусии за конкретни теми и јасни ствари. Немам проблем да се истакнам пред група на луѓе, да зададам команди за работа, али немам вербални социјални вештини.
И тука е проблемот на нештата. Не си интересен за околина! Многу сум љубоморен на оние кој можат да тресат зелени да ги засмеваат другите, луѓе кои имаат 5000 фрази кои им идат во дек од секунда и ќе кажат нешто штосно... Тоа не го можам. Во состојба сум да ме руга некој и да не можам да му вратам затоа што незнам како. Се чуствувам глупо пред се, како да паѓам на некое ниско ниво. Во најмала мера за останатите си досаден.
Има проблем во денешното општество зошто се форсира социјален контакт и некои вештини кој се неприридни за некои личности. Ако некој не сака или не му е ок со некое друштво не му е ОК и тоа. Нема да биде со нив. Женски на пример. Не треба да му се создава притисок и да биде со нив да вежба итн тоа создава стрес. Ова во контекст со другите коментари. Немора сите да бидеме со секого и секогаш со многу луѓе и да разговараме со секого. Некои едноставно не се такави. Нема ништо лошо во тоа.
 
Пази не е форсирање тоа меѓутоа кога тогаш таквиот ментален склоп ќе ти претставува проблем на социјален и професионаелен план.
Не може 90% од популацијата да функционира како останатите 10%. Секогаш мнозинството е понаметливо во општеството и мора да играш спрема нивни правила.

Незнам еве ти пример:
На 31.12 ако дремиш сам пред компјутер онлајн на Кајгана Форумов наместо да си со некое друштво, фамилија, девојка, сопруга, семејство како повеќето. Какво чуство ќе имаш изградено? Дека тоа си ти тој што си и нема промена? Нека ме прифатат или нека одјебат? Па тие веќе те одјебале.
Или длабоко во себе ќе чуствуваш измешани чуства на омраза првин спрема себеси што не успеваш да се вклопиш а потоа и спрема околината што незнае да те прифати.
 
C

CoolIris

Гостин
Социјална фобија - ирационален страв од луѓе и социјални интеракции (страв од јавни настапи, авторитети, страв од посрамотување, јадење или пиење пред други луѓе). И сега, една таква ситуација (стравот) претставува стрес за организмот. И организмот активира одбранбени механизми со кои се брани: избегнува такви контакти, се повлекува во себе, избегнува контакт со очи...., а согласно на тоа се јавуваат и некои соматски (телесни) симптоми: палпитации (треперење на срце), тремор, напнатост на мускулатурата, мака во желудник, препотување, сува уста итн.

Како да се справите?
Јас обично препорачувам медитација или некој вид спорт, читање книги, слушање музика. Мора да работите сами на себе, на самодовербата и самопочитта. Секако, психотерапија, разговор со психолог или психијатар. И најважното, секојдневно соочување со стравот, бидејќи овие луѓе живеат по принципот " Бегам за да се спасам ", меѓутоа бегањето не е решение на проблемот, бидејќи животот со фобичната ситуација (стравот) продолжува и пак ве чека.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Пази не е форсирање тоа меѓутоа кога тогаш таквиот ментален склоп ќе ти претставува проблем на социјален и професионаелен план.
Не може 90% од популацијата да функционира како останатите 10%. Секогаш мнозинството е понаметливо во општеството и мора да играш спрема нивни правила.

Незнам еве ти пример:
На 31.12 ако дремиш сам пред компјутер онлајн на Кајгана Форумов наместо да си со некое друштво, фамилија, девојка, сопруга, семејство како повеќето. Какво чуство ќе имаш изградено? Дека тоа си ти тој што си и нема промена? Нека ме прифатат или нека одјебат? Па тие веќе те одјебале.
Или длабоко во себе ќе чуствуваш измешани чуства на омраза првин спрема себеси што не успеваш да се вклопиш а потоа и спрема околината што незнае да те прифати.
Попаметно е да се прифатат работите и да се работи на самиот себе да биде среќен како што е. Не е во ред некој да се форира да биде нешто што не е. Повеќе треба да се работи на покажување на среден прст на наметнатите неприродни норми од потклекување и себе мачење за да бидеш како што некој друг мисли дека треба да бидеш. Споредување со други е пат кој води кон несреќа и самоизмачување. Сосема е нормално ако несакаш да бидеш сам и за нова година ако несакаш гужви... Достоинствено е да ги отфлиш комплексите и да си бидеш во склад со своите емоции и преференци. Јас имам многу погледи и навики кој најголем дел од луѓето би ги сметале за чудни но ме прават среќен и смирен. Треба да се следи човекот сам себе и тоа што му доаѓа од внатре и да се прифати самиот себе... Не биди говедо во стадо. Ни среќен ќе бидеш ни ќе успееш во животот.
 
Член од
16 септември 2020
Мислења
25
Поени од реакции
6
Здраво. Имам 20 години. Добро прифатен од друштво , активно спортувам, живеам доста исполнет и здрав живот. Ми се јавува проблем некогаш да неможам да се истакнам во целост поради некој немир во мене. Ми се случувало и во средно нешто да знам а да не го кажам-поради некој немир,да испуштам шанси во спортот ,на испити ,со девојки поради некое срцебиење ,тремор ,немир. Знам да се справам со ситуацијата ,но знам и дека доста ме кочи да се истакнам максимум и да покажам нешто што знам или да направам нешто што сакам. Секогаш сум неодлучен ,се колебам ,во некои случаи и откажувам.Во принцип сум човек со некоја лажна самодоверба и успевам несигурноста да ја маскирам со храброст. Не дека не сум среќен од животот но тоа е појако од мене .Не ми смета самата состојба бидејќи тоа не се гледа од страна на другите едноставно знаж дека тоа е заслужно за многу неуспеси во мојот живот .Многу размисливам однапред и мислам тоа дека ми е проблемот.Ако на пример утре имам обврска јас неможам да спијам мирно и размислувам за истата.Дали е ова проблем,дали е анксиозност ,и дали има некое природно решение,лек сл. Поздрав :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Каков немир? Немир во смисла несигурност претпоставувам. Ок, прво многу песимистички гледаш кон себе. Едно време и јас имам страв од јавен настап, набрзо потоа сфатив дека луѓето не паметат така долго, а дел не ни обрнуваат ни внимание. Затоа нема зошто да се плашиш. Најди нешто што ќе те мотивира. Мене ме мотивира хуморот. Не е битно каков ден си имал, еден час смеење и забораваш на сѐ. Згора на се си млад. Не треба таа нарушена самодоверба да ти се манифестира на подоцнежниот живот.
Што ти креира немир? :)
 
Во суштина мене ме сметаат за личност со голема самодоверба.А уствари само јас знам дека не сум. Тоа е појако од мене и не ми се случува секогаш.А со тек на време научив да се справувам со тоа. Некое срцебиење кога зборам со некој пример ,сакам нешто да кажам а не го каживам или кажувам нешто сосема друго.Ако ме разбираш :) И ти благодарам за одговорот.
 
Имам пишано погоре за социјална фобија, прочитај.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Во суштина мене ме сметаат за личност со голема самодоверба.А уствари само јас знам дека не сум. Тоа е појако од мене и не ми се случува секогаш.А со тек на време научив да се справувам со тоа. Некое срцебиење кога зборам со некој пример ,сакам нешто да кажам а не го каживам или кажувам нешто сосема друго.Ако ме разбираш :) И ти благодарам за одговорот.
Мислев дека имаш ниска самодоверба. Дали има причина поради тоа? И како го манифестираш тоа? Нервоза, играње со коса, солзење на очи, избегнување поглед во очи или...? :)
Мораш да запаметиш дека луѓето најчесто го паметат првиот впечаток, и да, ако ги навредиш, дадеш комплимент....другото не го паметат долго. Има начини како да ти се зголеми самодовербата. Прво намали ја самокритичноста и престани да ги анализираш сите твои постапки. Мора да започне од тебе.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Здраво. Имам 20 години. Добро прифатен од друштво , активно спортувам, живеам доста исполнет и здрав живот. Ми се јавува проблем некогаш да неможам да се истакнам во целост поради некој немир во мене. Ми се случувало и во средно нешто да знам а да не го кажам-поради некој немир,да испуштам шанси во спортот ,на испити ,со девојки поради некое срцебиење ,тремор ,немир. Знам да се справам со ситуацијата ,но знам и дека доста ме кочи да се истакнам максимум и да покажам нешто што знам или да направам нешто што сакам. Секогаш сум неодлучен ,се колебам ,во некои случаи и откажувам.Во принцип сум човек со некоја лажна самодоверба и успевам несигурноста да ја маскирам со храброст. Не дека не сум среќен од животот но тоа е појако од мене .Не ми смета самата состојба бидејќи тоа не се гледа од страна на другите едноставно знаж дека тоа е заслужно за многу неуспеси во мојот живот .Многу размисливам однапред и мислам тоа дека ми е проблемот.Ако на пример утре имам обврска јас неможам да спијам мирно и размислувам за истата.Дали е ова проблем,дали е анксиозност ,и дали има некое природно решение,лек сл. Поздрав :)
Кликни ме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom