- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.787
- Поени од реакции
- 5.063
Е добро...јас имам многу личности за кои имам ниско мислење или неможам да свртам ни пет реда муабет. Јас па друго нешто сум забележал кај мене, ако сум еден на еден или најмногу тројца можам муабет да правам и ми е убаво. Ако сме повеќе од тројца станувам многу молчелив и не се истакнувам. Не дека нешто многу ми е страм...туку не сакам никогаш да се надзборувам или да ми го слуша некој муабетот. Ни сам незнам што е финтата некако ми е тешко и незнам што да зборувам во малку поголемо друштво. Но од друга па страна можам да зборувам пред стотици и илјадници луѓе без некоја голема трема. Така да може е исто и со тебе...сосема е нормално во некое друштво да молчиш. Јас многу често молчам во поголемо друштво и не ми е баш убаво...особено ако не е мој тип. Дури и во себе ги исмевам и пцујам и мислам дека се идиоти тие што зборуваат некои работи и некои луѓе. Може не ти одговараат тие...финтата е да се научи да се молчи и да не се иритираш од глупи муабети. Јас сум имал многу ситуации кога соговорниците трескање глупости и зборувале работи кои целосно не ме интересирале. Генерално сум имал средини кои не ми одговарале...и тие ме сметале за антисоцијален и забеган. Додека има многу луѓе со кои многу ми е пријатно и би зборувал многу. Нормално се трудам да ги бирам вторите колку што можам повеќе. Еве еден поглед на работите...Тоа се личности со кои тешко наоѓам заедничка тема на разговор и претежно во нивно присуство ќутам, тие имаат многу различно размислување од моето, се работи за спротивен пол на мојот, да тоа се женски особи.
Ок е да си антисоцијален...често пати цената за седење во глупо друштво не вреди за бенефитот.